Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
На пример, Св. Јован Дамаскин, во неговата книга „Точно толкување на православната вера„.
Тие толкувања се веродостојни, без сомнение,. оти тие толкувања се прифатени од Црквата и се дел од црковниот катихезис/учење.
[
Како да бидам сигурен дека она што Дамаскин го пишувал пред 1400 години не е негова измишљотина или само претпоставки?
И дека оние кои ги прифатиле неговите толкувања само подпаднале под негово влијание оти можи Дамаскин бил пофакман од нив, а овие како по припрости?
Ми преостанува само слепо да си верувам, м?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како да бидам сигурен дека она што Дамаскин го пишувал пред 1400 години не е негова измишљотина или само претпоставки?
Дамаскин живеел во 7-от и 8-от век, а не пред 1400 г.
Дамаскин не пишувал „измишљотина„ ниту претпоставки, оти Дамаскин редовно се повикува на Светите Оци прд неговото време.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Дамаскин живеел во 7-от и 8-от век, а не пред 1400 г.
Дамаскин не пишувал „измишљотина„ ниту претпоставки, оти Дамаскин редовно се повикува на Светите Оци прд неговото време.
Кои се тие свети отци од пред негово време?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И дека оние кои ги прифатиле неговите толкувања само подпаднале под негово влијание оти можи Дамаскин бил пофакман од нив, а овие како по припрости?
Ај кажи ми, како Ти лично, успеваш да не потпаднеш под нечие и некое влијание?
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 12:47 ---
Ми преостанува само слепо да си верувам, м?
Не, Ти преостанува да одбереш: можеш да веруваш и верата лично да ја провериш, а можеш и да не веруваш....

Како и да е, тоа е Твој избор.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Ај кажи ми, како Ти лично, успеваш да не потпаднеш под нечие и некое влијание?
Немој да бидеш неодговарач на поставени прашања. Одговори ми убаво како што убаво те прашав. Благодарам.
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 12:49 ---
Не, Ти преостанува да одбереш: можеш да веруваш и верата лично да ја провериш, а можеш и да не веруваш.....
Како лично се проверува верата?
 
Член од
13 јуни 2012
Мислења
172
Поени од реакции
26
Дамаскин живеел во 7-от и 8-от век, а не пред 1400 г.
Дамаскин не пишувал „измишљотина„ ниту претпоставки, оти Дамаскин редовно се повикува на Светите Оци прд неговото време.
covece, lugjeto nemozat preku lugje da dojdat do gospod i do tocni podatoci za nego.
covekot ima um koj e sposoben da pravi samo greski i samo da pretpostavi. i sekoj ima razlicni mislenja za bog.
nego na covekot mu treba kniga koja nema avtor koja e direktno od gospod, so fakti! jasno ti e sto sakam da kazam?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кои се тие свети отци од пред негово време?
Ги има бааги на број: Августин, Јован Златоуст, Григориј Ниски, Василиј Велики, Климент Александриски и др.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Ги има бааги на број: Августин, Јован Златоуст, Григориј Ниски, Василиј Велики, Климент Александриски и др.
Од кај им е идејата на гореспоменатите дека бог пред да ја створи земјава, луѓето, животинките и др. се самоозненцувал (или како и да беше) ?
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 12:54 ---
covece, lugjeto nemozat preku lugje da dojdat do gospod i do tocni podatoci za nego.
covekot ima um koj e sposoben da pravi samo greski i samo da pretpostavi. i sekoj ima razlicni mislenja za bog.
nego na covekot mu treba kniga koja nema avtor koja e direktno od gospod, so fakti! jasno ti e sto sakam da kazam?
Која е таа книга без автор која е директно од господ?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Немој да бидеш неодговарач на поставени прашања. Одговори ми убаво како што убаво те прашав. Благодарам.
Во Црквата, учењето се формира заеднички/соборно, а не по нечие приватно/лично наоѓање или мислење.

Така, ако некој поединец во Црквата, се впушти во произволно толкување на учењето од Црквата или учи нешто по својот ум, тогаш Црквата/заедницата, се јавува како колективен коректор на таквото искривено учење. На поединците, кои учат погрешно и поинаку од она кое го учи Црквата, им се дава временски рок за покајание, по што следи или нивно анатемисување или нивно отпуштање од Црквата и прогласување за еретици.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
covece, lugjeto nemozat preku lugje da dojdat do gospod i do tocni podatoci za nego.
covekot ima um koj e sposoben da pravi samo greski i samo da pretpostavi. i sekoj ima razlicni mislenja za bog.
nego na covekot mu treba kniga koja nema avtor koja e direktno od gospod, so fakti! jasno ti e sto sakam da kazam?
А има таква?
Колку знам нема, не постои.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Како лично се проверува верата?
Со отворање на духовните очи и преку личниот и непосреден духовен опит.
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 12:57 ---
Од кај им е идејата на гореспоменатите дека бог пред да ја створи земјава, луѓето, животинките и др. се самоозненцувал (или како и да беше) ?
Не се работи за никаква или нечија идеја, туку се работи за поединци, кои се достојни и на кои Бог лично им се јавува, заради нивното достоинство.
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 12:57 ---
nego na covekot mu treba kniga koja nema avtor koja e direktno od gospod, so fakti! jasno ti e sto sakam da kazam?
Не ми е јасно, дај биди попрецизен...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Електрониката и нејзината минијатуризација, даваат можности за произведување на технички „направии„, со кои лесно може да се контролира секоја човекова единка. За да се постигне широк ефект за еден таков потфат, најбитно е на луѓето да им се накалеми свест за наводната потреба од поедноставување на живеењето, така што, како што тековно и може да се види, „сивата еминенција„, која владее со Светов, не‘ удебува дека парите не мораме да ги носиме со себе, оти можеме да плаќаме безготовински, преку кредитни картички. Денес, постојат картички за се‘ и сешто, почнувајќи од биометриски пасоши, лични карти, возачки дозволи, платежни картички, ваучери за „мобиљки„ или интернер-врска и сл.

Финтата е во тоа, да сите овие начини на идентификација и плаќање, се поедностават до ниво‘ од една единствена картичка за секојдневна и секаква употреба, но и таа ќе биде само преодна фаза кон она што следи: а тоа е чипувањето на секој граѓанин на Светов, оти само така ќе можеме да купуваме и/или продаваме. Кој нема да го прифати чипувањето, ќе биде отпадник од општеството и ќе биде надвор од државниот/општествениот систем. Оправдувњаето за чипувањето е „логично„: кој го има чипот всаден под кожата, не ќе може да го изгуби, како што тоа би можело да се случи со универзалната картичка и наводно, никој не ќе може да злоупотреби туѓ чип.

А сето тоа, во согласност со Откроевнието Јованово, во 13.16-17.

Чипивањето, по некое мое сеќавање, започнато е уште 1996 г. се разбира, наивно, со чипување на куќните миленичиња, а од 2000-та, постојат и поединци и нивни фамилии, со име и презиме, кои свесно го прифаќаат чипување, убедени во неговата корисност.
Мики за првиот дел се согласувам со тебе дека се тоа воведува висок степен на контрола но не се согласувам на точката од која гледаш на тоа. Имено луѓето сеуште не се доволно ментално еволуирани за да сватат дека демократијата и слободата не значи отсуство на одговорност према општеството туку уште поголема одговорност. Значи во овие услови мора да постои некаков вида назаштита на самото општество.

Чипувањето нема да се деси никогаш и нема потреба да се плашиш барем не у форма како што го иманш напишано.. Или ако сакаш поинаку ние сме чипувани од самото наше раѓање преку нашата ДНК и преку нашите отисоци. Се што е во моментов потребно е да се развие технологијата до тој степенда може да прави моментална ДНК анализа (нешто како што е опишано во (Star Trek).
А за миленичињата е точно но тоа го прават претежно мрзливите сопственици кои сакаат да го пушатат животното самото да се шета и после само да го најдат.
--- надополнето: 14 јуни 2012 во 14:23 ---
Не, Ти преостанува да одбереш: можеш да веруваш и верата лично да ја провериш, а можеш и да не веруваш....

Како и да е, тоа е Твој избор.

Овој дел ми звучи премногу Кинески те може да се генерализира до бесконечност.
Или поточно ми звучи како оваа кинеска поговорка: Учителот може само да ја отвори вратата а дали ке влезеш останува на тебе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom