Зборете што сакате ама ние имаме најдобар пристап со трансферите. За сите сме заинтересирани и со сите преговараме, иако добро знаеме дека неможеме да го купиме играчот. Битно е да одиш и да се видиш со луѓето. To mingle.
Бранка е изгледа многу комуникативен, и нејќе да биде оставен на страна кога сите други менаџери се шетаат, разговараат меѓу себе, се дружат. Тогаш носењето шешири би го изгубило значењето.
Ги знаете луѓето што влагаат во бутик и го пробуваат цел бутик и на крај после два саата во него се спремаат да си одат и прашуваат, а до колку работите?
Незнам што се малтретираат уопште, по жешково.
- Нормален ден во канцелариите на Интер-
Бранка: Има ли некој добар играч на пазарот за позиција лево крило?
Рандом асистент: Има. Играч X на пример, него го следат и Милан.
Бранка: Која цена е одприлика?
Рандом асистент: Околу 12 милиони.
Бранка: Колку имаме ние за трошење?
Рандом асистент: 5 милиони.
Бранка: Можно е да ја спуштат цената?
Рандом асистент: Не.
Бранка: Можно е ние да дадеме повеќе пари?
Рандом асистент: Не.
Бранка: Епа ајде тогаш да преговараме за него во следните 3 месеци или додека некој не го купи, без некоја особена причина.