Фан Клуб: Вардар

Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
25 години од првата титула на Вардар: Судот најде неуставност во одлуките на ФСЈ и ги помилува казнетите (5)
ЈУН13:
Македонската фудбалска гордост на 14 јули 1987 година и официјално под условите кои неполна година претходно ги воведе Фудбалскиот сојуз на Југославија (ФСЈ) стана шампион на СФРЈ за првпат во својата историја. Во трката со Хајдук, казнетите Партизан, Динамо, Ц.,Звезда, Вележ, по „Шајберовото коло“ во сезоната претходно, вардарци први ја минаа целта. На теренот беа најдобри, но титулата заврши во судските лавиринти. Таму црвено-црниот трофеј се заглави.


Четири дена пред официјалното завршување на шампионатот 1986/87, Основниот суд на здружениот труд во Белград донесе одлука да се поништат одлуките на претседателството на ФСЈ, што значеше враќање на одземените бодови за казнетите тимови во еден од најголемите скандали со лажирани мечеви.
„Претседателството на ФСЈ со одлуките на 20 јуни 1986 односно 30 јуни 1986 година со кои се воведени вонредните мерки (казни од по шест бода за местачите-н.з.) се спротивни на одредбите на самоуправниот договор за здружување во Фудбалскиот сојуз на Југославија и на одредбите на Статутот на ФСЈ. Затоа се донесува одлука за враќање на бодовите на екипите“, стои во одлуката на основниот суд на тужбата на во случајот оштетениот, а потоа наградениот Партизан.
Нормално по итна постапка е вложена жалба до Судот на здружениот труд за одлуката на основниот суд. Потписници на жалбата се ФСЈ и Вардар, кој на 8 јули 1987 година, три недели пред донесувањето на конечната одлука се откажува од жалбената постапка. Шансите дека првичната одлука ќе се смени беа премали, без оглед што и од сегашна перспектива, фактите беа на страната на Вардар и ФСЈ.
„ФСЈ укажува дека основниот суд одлучувал за спор кој не е во негова надлежност, затоа што спорните мерки на претседателството се мерки со кои се регулира натпреварувањето пропишано со актите на сојузот“, стои меѓу другото во жалбата на ФСЈ.
Правните лавиринти ќе ја заплеткаат сезоната во која на фудбалскиот терен најдобри беа Панчев, Најдоски, Канатларовски, Јаневски, Савевски и другите. Јасно беше дека тој што наместил или се обидел да намести е виновен и се соочува со казни. Во случајот повеќе од половина лига беше вмешана во скандалот и одземањето на бодови како дисциплинска мерка беше пионерски, но и храбар потег, особено што три од четирите најголеми југословенски имиња беа вмешани во него.
Сепак, судот во одлуките на претседателството на ФСЈ најде неуставност, а тоа го потврди и Уставниот суд на Југославија, кој по барање на Основниот суд на здружениот суд ги толкуваше вонредните мерки на ФСЈ и неговото претседателство.
Така тие беа протолкувани како „спротивни на уставот“: „Таквите мерки немаат уставноправност и можна е злоупотреба на положбата“, одговорил Уставниот суд на 13 март 1987 година, пред основниот белградски суд да ја донесе одлуката.
Според толкувањата во аферата „Шајберово коло“ била потребна арбитража. Судот немал одговор со какви мерки треба да се послужи ФСЈ кога веќе спорните мечеви се појавуваат на фудбалските терени и дека дискреционо право е на највисоката фудбалска инстанца да преземе соодветни мерки за да ги дисциплинира престапниците.
„Сузбивањето на негативните појави мора да се врши во склад со важечките самоуправни општи акти. Ако решенијата во тие акти се покажале како неефикасни и недоволни, тогаш треба да се вршат нивни дополнувања, кои може да ги вршат надлежните органи во согласност со самоуправните акти. Наведените мерки и поединечните одлуки не биле во согласност со актите“, стоел во одговорот на Судот на здружениот труд.
На 29 јули, судскиот совет на чело со претседателот Благоје Марјановиќ и членовите Јованка Вукајловиќ и Хајрудин Хамдовиќ ја донеле одлуката со која се потврдува дека треба да се понишат одлуките на ФСЈ од 20 јуни и 30 јуни 1986 година и да им се вратат одземените бодови на казнетите клубови. Административно Партизан станува шампион, затоа што со шесте бода додадени ќе собере 43, пет повеќе од Вардар. Пред црвено-црните ќе се најде и Вележ, Црвена звезда и Риека.
„На Вардар му недостигаше име од големата четворка (Ц. звезда, Динамо, Партизан, Хајдук – н.з.), па засекогаш да биде на врвот на југословенската прва лига и финалист во југословенскиот куп“, ќе каже своевремено најхаризматичниот југословенски и хрватски стратег, Мирослав Ќиро Блажевиќ.
Зборовите на популарниот Ќиро во случајов најдобро ја отсликаа ситуацијата во сезоната. Да беше Вардар казнет, како што беше Партизан, тешко оти ќе ги добиеше бодовите. Во тој случај одлуките на ФСЈ ќе беа уставни и во склад со актите.

Партизан беше преголемо име, имаше голем политички апарат зад себе и беше фудбалски моќник. Победи за да ја задржи круната и во претходната сезона, кога смешно се одвиваа случувањата во комплетното коло за распределба на трофеи, европски места, опстанок.
Сепак, белграѓани загубија во трката за Европа. Таму Вардар беше признаен за првак и ја доби дозволата за настап во Купот на европските шампиони. Целата судска постапка се одолжи, и кога веќе судот му наложи на ФСЈ до конечната постапка да не го крои редоследот на табелата, Вардар како шампионски трофеј го доби правото за настап во КЕШ.
Вардар на 16 септември и две недели подоцна се сретна со Порто, кој беше актуелен европски шампион. Двата меча ги загуби со по 0-3 од континенталниот владетел.






извор: Алманах на Фудбалски сојуз на Југославија
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Мартинс и Раул , а втроиот нигериец некој младински репрезентативец :pos:
На што позиции се овие? Не ми отвора линкот нешо..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.095
Поени од реакции
74.901
На што позиции се овие? Не ми отвора линкот нешо..
Се заебаваат, каков Мартинс каков Раул :D
Според Македонски Спорт наводно сме биле заинтересирани за еден Шпанец и двајца Нигеријци кои ќе се приклучеле на припремите во Златибор...
Али мислам дека ќе остане само на шпекулации...
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.289
Поени од реакции
8.481
Да не си го врати Илчо Вашингтон... :D, не е нигериец али циган е :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Се заебаваат, каков Мартинс каков Раул :D
Според Македонски Спорт наводно сме биле заинтересирани за еден Шпанец и двајца Нигеријци кои ќе се приклучеле на припремите во Златибор...
Али мислам дека ќе остане само на шпекулации...
Не бе сфатив дека Мартинс и Раул се заебанција :Р али не ми го отвораше линкот а мислев дека позициите им се напишани во прилогот :D

Нека соберат некое циганче од плажа некоја во Бразил, сигурно нема баш најнеталентираното да го донесат :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.095
Поени од реакции
74.901
Не бе сфатив дека Мартинс и Раул се заебанција :Р али не ми го отвораше линкот а мислев дека позициите им се напишани во прилогот :D
Не бре какви позиции, нити имиња има нити позиции :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.095
Поени од реакции
74.901
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=8995
Романските медиуми најавуваат дека Филип Ивановски ќе биде ново засилување на Рапид Букурешт за сума од 100.000 евра, но фудбалерот е во Скопје и демантира дека воопшто разговарал со романскиот клуб. Време е за летниот трансфер пазар, па ваквите информации се нормални, а се плод на менаџерски обиди да отворат место за своите фудбалери. Филип Ивановски за ЕКИПА демантира дека воопшто имал контакти со Рапид Букурешт, а далеку од тоа дека трансферот е во завршна фаза.


„Во Скопје сум, нема ништо од Рапид Букурешт, искрено, првпат слушам. Немало досега никакви контакти, да имаше, сигурно ќе знаев, ха, ха...Очекувам трансфер во западноевропска земја и досега не сум бил контактиран од романскиот клуб. Има и неколку други понуди за да заминам на подалечни дестинации, но, искрено, ја очекувам вистинската понуда“, вели Филип Ивановски.


Тој најверојатно ќе си замине од Вардар ова лето, има слободни документи, а би останал само во некоја крајна солуција, доколку не се појави добра можност за трансфер. Сепак, како што вели, и сега има квалитетни понуди на негова адреса.


„Не би сакал да давам лажна надеж, тоа не е фер ниту кон навивачите, ниту кон раководството. Вардар треба да направи силен тим што ќе се натпреварува во квалификациите за Лигата на шампионите. Дали би останал? Па, Вардар е дефинитивно првата опција доколку не заминам во странство. Но, тоа е мојата цел и приоритетот во претстојниот преоден рок“, истакнува голгетерот на „црвено-црните“.


Филип Ивановски постигна 24 голови во изминатиот македонски шампионат, а со оглед дека се работи за соседна земја, тоа многу добро го знаат во редовите на Левски. Можеби токму бугарскиот клуб ќе биде неговата следна дестинација, иако засега нема ништо конкретно. Но, кулоарите секогаш знаат повеќе...


Што се однесува до Вардар, засега Драган Георгиев е првата ластовичка, се очекува во наредните денови епилогот и за Баже Тодоровски и за Борче Маневски, а допрва треба пристигнат неколку странски фудбалери кои ќе бидат на проба во наредниот период, пред се за да се пополни навалната линија. Во меѓувреме, раководството треба да ги докомплетира разговорите со сите фудбалери на кои им истекоа договорите, како Захов, Бојовиќ, Петров, за тие да останат во „црвено-црното“ јато. Првиот собир е закажан на 14 јуни, а во овие два дена фудбалерите ќе ги минат задолжителните лекарски прегледи.


По се изгледа ќе купиме некои странски засилувања само ако противникот кој ќе го добиеме би можеле да го поминеме...
Донекаде ја сваќам одлуката, пошто залудно би било да се даваат многу пари а да добиеме противник од типот на Базел или Партизан кои реално нема шанси да ги поминеме...
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.289
Поени од реакции
8.481
И више кога се потпишува играч минимален договор нека му биде две години. Жално е да ти отиде најдобриот играч а ти да не видиш општета за него
 

Kajgana Shop

На врв Bottom