Фан Клуб: Вардар

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Има нешо ново околу јубилејот бе ? Ќе го прославиме ли годинава.... :/
Иначе у Спорт читав, Ивановски 99% си иде од Вардар, најверојатно и Тони Вељановски ќе не напушти и покрај тоа што му бил понуден нов договор..... Штета, ептен добра работа вршеше сезонава пред да се повреди.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.095
Поени од реакции
74.901
Ќе игра за Пелистер годинава изгледа :)

За Фичо како што кажав одамнба се знае дека немаше шанси да го задржиме...
Максимум што може да извадиме е да ни биде отстапен за Евро мечевиве...
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
За Фичо се надевам дека ќе остане барем за европскиве мечеви и колку што знам он изјави дека нема да бара трансфер туку дека ќе прифати само понуда од некој клуб од западните земји ако не ќе остане во Вардар ,е сега е прашање какви понуди има он на маса ако има од тие држави понуда некоја гарантг ќе ја прифати
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
25 години од првата титула на Вардар: Југославија се тресеше од македонската репрезентација во црвено-црно (1)


Македонската фудбалска гордост Вардар ужива во шампионските денови по освоената шеста круна во независна Македонија, во годината кога слави 65 години од своето постоење, но вардарци во првата половина од јуни пред 25 години ја покорија Југославија, ја освоија шампионската титула, која подоцна неправедно и политички мотивирано им ја одзедоа од Белград.


Темпо објави и постер за шампионската генерација на Вардар 1986/87
Пред 25 години, на денешен ден (7 јуни 1987), македонската фудбалска гордост Вардар исчекори кон заслужената прва шампионска титула во тогашната СФРЈ, која неколку месеци подоцна незаслужено им беше одземена и доделена кај белградски Партизан. Вардар со 2-0 ја победи Риека во претпоследното коло, а една недела потоа и се круниса за шампион. Но по месец и пол белградскиот суд реши да им ја одземе титулата од црвено-црните, откако ги поништи одлуките на тогашниот Фудбалски сојуз на Југославија, клубовите да стартуваат со минус шест бода во сезоната.
Светскиот фудбал не памети кога виновникот е награден, како во случајот со одземената круна со судска одлука на белградскиот суд, иако Вардар со настапот и титулата го обезбеди местото во елитата – Купот на европските шампиони. Признанието за титулата сепак стигна од УЕФА, Вардар учествуваше во Купот на европските шампиони, како доволна награда за еден од најсветлите моменти во историјата на црвено-црните.
Вардаровата шампионска круна беше показател за политичката неправда што повторно се случи на спортски план, и тоа 40-на години откако претходникот на клубот, Македонија, загуби добиена титула под фашистичката окупација од Бугарија, тематика што е обработена и во долгоочекуваниот филм „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. Вардаровиот брод беше и остана симбол на македонскиот непокор.
Но титулата на Вардар практично беше круна на идејата што пред неполни 65 години го конструира македонскиот бренд, Победа и Македонија да се фузираат во Вардар за да „победува Македонија“. Тимот што го предводеше Андон Дончевски во таа сезона 1986/86 со еден куп ѕвезди, шест години подоцна беше костурот на идната независна македонска фудбалска репрезентација, предводена од ѕвезди како Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски… Сите тие заедно направија тим од кој стравуваше цела Југославија, а дека Вардар беше најдобар потврдува и податокот дека „големата четворка“ (Ц. звезда, Партизан, Динамо Загреб и Хајдук) имаа негативен биланс со вардарци во сезоната.
Величествените вардарци што ја покорија Југославија и обезбедија меч за паметење против тогашниот европски првак Порто во КЕШ ги водеше Андон Дончевски, а составот беше преполн од фудбалски ведети.
Вака изгледаше македонската репрезентација во црвено-црно (во загради се бројот на мечевите и постигнатите голови):
ГОЛМАНИ – Момчило Грошев (13 меча), Љупчо Лазаров (22), Слободан Мутибариќ
ОДБРАНА – Вујадин Станојковиќ (29-0), Венцислав Симоновски (29-0), Драган Канатларовски (28-5), Чедомир Јаневски (31-4), Илија Најдовски (30-0), Јовко Бизимовски (2-0), Бобан Бабунски (19-0), Николчо Филипов (5-0), Љупчо Марковски (3-0)
СРЕДЕН РЕД – Тони Савевски (33-1), Никола Аврамовски (24-0), Тони Анастасовски (8-0), Милко Симовски (1-0), Мирко Петров (30-6), Благоја Тодоровски (12-0), Зоран Трајчевски (13-1), Гоце Димовски (7-0), Томче Трајановски (3-0), Ајро Суби (3-0), Слободан Горачинов (10-2).
НАПАД – Дарко Панчев (32-18), Јовче Џипунов (27-2), Васил Рингов (4-1), Горан Стојановиќ (11-0)

Панчев во акција на дуел со Партизан во Белград
„За секој тренер голема чест, гордост и задоволство е да води екипа што ги постигнала своите најголеми успеси од своето постоење. Ете, можеби нескромно звучи, но јас припаѓам меѓу тие стручњаци што на Вардар му го донесоа најголемиот успех. Меѓутоа успехот на клубот е во тимската работа. Најдов вистински спортисти, борци на теренот. Нашата тактика беше позната: колективна игра, работа и дисциплина. Кај нас немаше ѕвезда, сите беа ѕвезди, сите блескаа. Тренер сум на екипа што не признава величини, што нема комплекс, а има желба за успех. Иако тимски сите се заслужни, мора да се истакне петорката Панчев, Савевски, Канатларовски, Најдовски и Јаневски, кои дадоа посебен тон и беа носители на играта. За мене е незаборавен дел од животот што сум актер на двојниот триумф, како играш во 1961 го освоив Купот, а во 1987 година го водев клубот во КЕШ против Порто“, ќе каже легендарниот Дончо национале во Вардаровата монографија „Четири децении ФК Вардар“.
МКД.МК во следните денови ќе ви го претстави патот на вардарци почнувајќи од Шајберовото коло и воведот во шампионскиот пат во сезоната, па сè до судската одлука со која титулата му е доделена на Партизан, еден од главните местачи во претходната сезона.
Пред десет години, Вардаровите легенди самостојно организираа меч по повод 15 години од шампионската круна против комбинираниот ју-тим од првата и втората лига, кој се одигра пред преполно гледалиште на Градскиот стадион во Скопје. Тогаш последен пат се враќаа сеќавањата за една од најдобрите Вардарови генерации на сите времиња.
Никола Богојевски
(Утре: Шајберовото коло – вовед во Вардаровиот пат кон ѕвездите)
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Па браво за мкд.мк. Да не им текне случајно вакво нешто на fkvardar.mk :ROFLMAO: Нека учат од клубот како треба да се уредува веб сајт. Иначе ова е само прв дел од 5те што се планирани во фељтонот посветен на 25 годишнината од првата титула за ФК Вардар, освоена во СФРЈ.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.562
Поени од реакции
29.157
Навивачката група Комити Запад, започнува наградна игра која ќе вклучува изработка на навивачки дизајни.
Имено сите заинтересирани може да дизајнираат лого, маица, шал, капче, да направат позадина, постер, кои би биле во складност со навивачките принципи или пак ги содржат симболите на Вардар или Комити.
Истите треба да ни ги испратите на нашиот емал komitizapad@komiti.org во прикладен формат(слика, фотошоп, корел, илустратор или пдф). Сите добри дизајни ќе бидат земени во предвид и за нив ќе се гласа. Наградата за секој навивач е најпрво што неговиот побединички дизајн ќе се изработи, и ќе се искористи од групата, а исто така и следниве награди ќе бидат доделени:

1. Членска Карта, маица(шампиони)+ маица која ќе се изработи наскоро, а ќе биде изненадување !!
2. Пакет списанија и маица
3. Пакет списанија и налепници(нови+стари)

Сите заинтересирани испраќајте ни ги вашите дизајни до 25јуни !!
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Филип Ивановски бил нуден за 100.000 евра на странски екипи во зимскиот преоден рок, зашто некој мисли дека би имало шанси сега да се задржи, кога веќе е слободен играч.
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
што направивте со Иван Митров од Брегалница Штип и Александар Темелков од Силекс ??
--- надополнето: 8 јуни 2012 во 16:13 ---
што направивте со Иван Митров од Брегалница Штип и Александар Темелков од Силекс ??
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
25 години од првата титула на Вардар: црвено-црните до есенската круна стигнаа без пораз од големата четворка (3)
Откако Југославија беше засрамена со бескрупулозното местење на последното коло во сезоната 1985/86, популарно познато како Шајберово, претседателот на Фудбалскиот сојуз на тогашна СФРЈ, Славко Шајбер, и претседателството на сојузот на 30 јуни 1986 година ги верификуваа одлуките за поништување на тоа коло и казнување на сите што учествуваа во матните игри со по шест бода во следниот шампионат.

Македонската гордост Вардар беше малцинство во игрите, не го намести својот меч во Приштина (заврши 0-0 и при преигрувањето), па во новата сезона, која почна на 10 август 1986 година, влезе од нула, за разлика од ривалите, кои тргнаа со минусно салдо. Но воведот на црвено-црната македонска репрезентација предводена од најмладиот најдобар стрелец во сезоната 1983/84, Дарко Панчев, како и плејадата одлични играчи како Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Тони Савевски не ветуваше дека сезоната ќе мине во црвено-црната боја.
Мирко Петров на дуелот со Осиек на Градски
Вардар шампионатот го отвори со гостување во Сараево, кај Жељезничар, еден од главните инволвирани клубови во Шајберовото коло. На стартот, убедливи 3-0 за сараевските сини на „Грбавица“. Поразот на стартот не ја урна атмосферата во тимот.
Следуваа две врзани победи со Осиек и Приштина, пред дуелот со најтрофејниот југословенски тим Црвена звезда на Градски во Скопје. На 31 август, Чедомир Јаневски во 61. минута од пенал ги собори црвено-белите и стави до знаење дека Вардар со трите победи во низа, има капацитет за највисок дострел.
Вардарци ќе имаа уште поубедлив старт, но финишот на мечевите на гостувањата во Никшиќ и Суботица им одзедоа драгоцени бодови, во кој Сутјеска и Спартак се спасуваа од порази. По триумфот над Раднички со 2-0 во 7. коло, вардарци гостуваа на „Пољуд“ во Сплит кај Хајдук. Против вториот великан од „големата четворка“ овојпат однесоа голем бод со ремито 0-0.
Вардар по тие осум кола имаше скор за шампион, дури и без казните на ривалите. Собра 11 бода, толку имаше и Партизан и Будуќност, а само Динамо Загреб беше подобар. „Модрите“ имаа 14, но требаше и во вториот дел од есенската полуетапа да се сретнат со вардарци.
Момент од мечот Партизан-Вардар
На половина од есенскиот дел, дојде и првата криза, со двата врзани порази во Скопје од Вележ со 0-3 и од Сараево со 1-0 на гости. На победничката патека Вардар се врати со триумфот против Динамо Винковци со 2-0 во Скопје, таман навреме пред гостувањето кај белградски Партизан.
На 2 ноември 1986, на „ЈНА“, Вардар играше како по ноти. За дваесет минути имаше водство од 2-0 со головите на Мирко Петров и Дарко Панчев. Немаше веќе дилеми дека пред црвено-црните е историска шанса за титула, особено поради казните за гигантите, кои секојпат имаа дополнителен „ветер во грб“. Партизан во второто полувреме спасуваше реми, преку Среќко Катанец во првиот дел од второто полувреме и преку македонската легенда Милко Ѓуровски на 15-на минути пред крајот. Трет меч од 12-те, и тоа на гости, Вардар пропушта шанса за победа.
Панчев таа есен постигна осум гола
Во следните пет меча, Вардар ќе победи само двапати, уште двапати ќе ремизира. Во последното коло во Скопје го дочека Динамо Загреб, кој играше неверојатно во првата фаза од полуетапата. Јовче Џипунов и Слободан Горачинов ќе им земат мера на „модрите“ за Вардар да собере 20 бода. Пет повеќе од нив има Партизан, но минус шесте казна, вкупно 19. Будуќност и Вележ, на терен собраа по 23 бода, но и тие казнети, завршија зад Вардар, со по 17. Хајдук, кој немаше минусно салдо, собра 16, Динамо (-6) стигна до 15 бода…
Скопските херои без пораз во дуелот со големата четворка стигнаа до врвот и потврдија дека генерацијата има капацитет за да го оствари сонот за шампионска титула. Панчев очекувано со осум гола беше прв стрелец на тимот, Петров даде пет, Јаневски три, Горачинов два, Рингов и Џипунов по еден. Вкупно 20 во есенскиот дел.
ПАТОТ ДО ТИТУЛАТА – РЕЗУЛТАТИ ВО СЕЗОНА 86/87 (ЕСЕНСКИ ДЕЛ)

1. коло (10 август 1986) Жељезничар – Вардар 3-0 (Михајловиќ 21 п., Шкоро 81, Матковиќ 86)
2. коло (17 август 1986) Вардар – Осиек 1-0 (Рингов 12.)
3. коло (24 август 1986) Приштина – Вардар 1-3 (Панчев 28, 30, Петров 81 – Шаља 89 п.)
4. коло (31 август 1986) Вардар – Ц.Звезда 1-0 (1-0 Јаневски 61 п.)
5. коло (7 септември 1986) Сутјеска – Вардар 2-2 (Дризиќ 25, 90 – Панчев 71, 72)
6. коло (14 септември 1986) Спартак – Вардар 1-1 (Ковачевиќ 88 – Панчев 10)
7. коло (21 септември 1986) Вардар – Раднички 2-0 (Панчев 36, Петров 60)
8. коло (28 септември 1986) Хајдук – Вардар 0-0
9. коло (5 октомври 1986) Вардар – Вележ 0-3 (Туце 31, Карабег 48, Кајтаз 71)
10. коло (12 октомври 1986) Сараево – Вардар 1-0 (Вукиќевиќ 8 )
11. коло (19 октомври 1986) Вардар – Динамо В. 2-0 (Петров 21, Јаневски 45)
12. коло (2 ноември 1986) Партизан – Вардар 2-2 (Петров 12, Панчев 21 – Катанец 57, М. Ѓуровски 73.)
13. коло (16 ноември 1986) Вардар – Будуќност 0-0
14. коло (23 ноември 1986) Слобода – Вардар 1-1 (Крајишник 54 – Панчев 65)
15. коло (30 ноември 1986) Вардар – Челик 2-0 (Петров 33, Горачинов 43)
16. коло (7 декември 1986) Риека – Вардар 3-1 (Јанковиќ 12 п., Матрљан 40, Вујичиќ 68 – Јаневски 21 п.)
17. коло (14 декември 1986) Вардар – Динамо З. 2-0 (Џипунов 40, Горачинов 77)
Никола Богојевски
(Утре: Победата над Хајдук и историскиот пресврт со Сараево клуч за круната)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.095
Поени од реакции
74.901
Филип Ивановски дефинитивно си оди од Вардар!
"И покрај нашата понуда за продолжување на договорот, сепак, желбата на Ивановски е повторно да се врати на интернационалната сцена со оглед на неколку квалитетни понуди кои ги има", вели извршниот директор Горан Митев
Новиот македонски шампион своите настапи во квалификациите за Лигата на шампионите, но и следната натпреварувачка 2012/2013 сезона ќе ги дочека без капитенот и најдобар фудбалер во македонското првенство, Филип Ивановски.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ај да ја заживееме малце темава во овој мртов период со една стара фотографија. На сликава е уште една урбана скопска легенда, Васе Матевски - Лондза, сопственик на истоимениот бутик, воедно и голем навивач на Вардар. Постарите добро го паметат, имаше знаме Вардар Лондза (се гледа на сликата), неретко закачено и на западна, а на помладите им преостанува да ја продолжат приказната за скопската авангарда.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
25 години од првата титула на Вардар: Победата над Хајдук и историскиот пресврт со Сараево клуч за круната (4)

Откако есента 1986 година, Вардар стигна до врвот, црвено-црните го очекуваше потешкиот дел од задачата на патот кон круната – да го одбранат тоа место. Одамна важи правилото дека полесно се искачува до тронот, отколку да се одбрани истиот од нападите на противникот. Вардар пред себе имаше голем предизвик и на крајот успеа да се задржи таму од каде што започна во февруари.


Вардар против Партизан пред преполн Градски
Ако првиот дел од сезоната тргна со пораз, а продолжи со фантастична серија од седум меча без пораз, пролетниот дел беше спротивна приказна во почетокот. Вардар му се одмазди на Жељезничар за поразот во првото коло, но во следните три дури двапати загуби, во Осиек и во Белград од Црвена звезда (0-1). Победена беше само Приштина. Поради ова, веќе во почетокот белградски Партизан успеа да ги стигне вардарци, а Хајдук дури и да го преземе водството.
Сепак, Вардар веќе еднаш покажа карактер по кризен период, во пролетниот дел, па во следните четири меча стигна да направи удобна предност и тоа четири бода пред Хајдук, а дури шест пред Партизан. Во тие четири дуели, црвено-црните победија трипати, меѓу нив и еден од клучните мечеви против сплитски Хајдук.
На 12 април 1987 година, најдобриот стрелец Дарко Панчев постигна гол за победа во 62 минута, па по Ц. звезда и Динамо, Хајдук беше третиот великан што загуби од вардарци. Само Партизан имаше дотогаш позитивно реми во кое се спасуваше.
„Тоа беше еден од клучните моменти во сезоната. Дуелот со Хајдук, кој го добивме со 1-0. Заедно со пресвртот со Сараево, според мене тоа беше на некој начин решавачко за нашата титула. Хајдук беше конкурент, особено што не беше казнет“, се присетува Дарко Панчев, македонската „кобра“.
По победата над Хајдук, следуваше гостување во Мостар, во кое Вардар загуби, па неизвесноста остана во лигата. На Градски следното коло, на 19 април, гостуваше Сараево, и првото полувреме не навестуваше ништо добро за македонскиот клуб. Како вардарци предвреме да почнаа да се радуваат, па Сараево, кое се бореше за опстанок, пред сè и поради негативните бодови, на полувреме водеше со 2-0. Но Вардар успеа да се избори за еден од најголемите, ако не и најголем пресврт во историјата на македонскиот фудбал. Стигна до победа со 3-2. Првите стрелци на тимот таа есен, Панчев и Петров, по десет минути во второто полувреме го вратија мечот во егал, а Тони Савевски пет минути пред крајот го круниса пресвртот за триумф.
„Тоа беше меч за кој кажав дека можеби е еден од клучните. Сараево имаше извонреден и незгоден тим, а ние на полувреме губевме со 2-0: Би додал во целата таа сезона како клуч е и одличната серија во есенскиот дел (седум меча без пораз-н.з.) и четирите одлични гостувања“, додава Панчев.
Откако загубија во Винковци, на Градски дојде еден од главните ривали, белградски Партизан, меч што ќе остане запишан како рекорден по приходите од продадените влезници. Пред преполно гледалиште во Скопје на 10 мај 1987, двата тима одиграа ново реми, овојпат 0-0, со по неколку шанси и по еден поништен гол. Вардар со седум од осумте меча против најтрофејните, имаше само еден пораз. Доволен доказ за шампионските амбиции.
Пет кола пред крајот Вардар и Хајдук беа во егал, Партизан доцнеше шест бода, Вележ сè уште беше во игра. Вардарци во завршните пет меча, загубија дури трипати, но ги добија двата домашни меча. По 31 коло, на четири до крајот, разликата беше само еден плус во однос на Хајдук, два од Вележ, три од Партизан откако Јовче Џипунов погоди за победа против Слобода Тузла. Веќе во следното коло, Вардар и Хајдук повторно беа во егал.
На 7 јуни во Скопје гостуваше Риека, а тимот од Истра им беше голем должник на вардарци. Риека го победи Вардар со 3-1 во есенскиот дел, па победата на вардарци можеше да значи и титула ако се поклопат резултатите. Вардар преку Јаневски и Панчев се избори за триумф од 2-0, а на рака им одеше ремито на Партизан во Сараево, а особено поразот на Хајдук во Сплит од Слобода Тузла со голот на Тошиќ во 78. минута. Црвено-црните веќе да беа пред целта.
Последното коло на 14 јуни донесе и нервоза, затоа што основниот белградски суд на 10 јуни наложи ФСЈ да не презема никакви чекори додека не донесе одлука по тужбите на клубовите за одземените бодови, Судот на здружениот труд во Белград. Но првенството продолжи да се игра. Хајдук доживеа уште еден пораз, сега во Зеница од Челик, и практично со тоа Вардар остана недостижен, затоа што Партизан и Вележ не можеа да го достигнат црвено-црниот брод, откако во претходното коло ги загубија шансите. Вардар сезоната ја заврши со пораз во Загреб, иако поведе. Динамо славеше со 4-1.
„Од оваа перспектива, можам да кажам дека титулата е рамна и изненадувачка како таа на Челси во Лигата на шампионите. Тоа беше титула во една суперсилна конкуренција во неверојатно силна лига како југословенската. Никој не очекуваше дека Вардар ќе биде првак. Дури и иако имаше клубови што беа казнети, како Партизан, Динамо, Звезда, за нив тие минус шест бода не беа проблем за да ги стигнат. Плус тука беше еден Хајдук што не беше казнет, Вележ беше секогаш силен. Сите тие имаа шанси, но Вардар успеа на терен да се избори за титулата“, додава Панчев.
Никола Богојевски
(Утре: Судот најде неуставност во одлуките на ФСЈ и ги помилува казнетите)
ПАТОТ ДО ТИТУЛАТА – РЕЗУЛТАТИ ВО СЕЗОНА 86/87 (ПРОЛЕТЕН ДЕЛ)
18. коло (22 февруари 1987) Вардар – Жељезничар 2-1 (Петров 11, Канатларовски 60 – Милановиќ 27)
19. коло (1 март 1987) Осиек – Вардар 1-0 (Шукер 57)
20. коло (8 март 1987) Вардар – Приштина 2-0 (Канатларовски 40, Панчев 70)
21. коло (15 март 1987) Ц. Звезда – Вардар 1-0 (Стојковиќ 9 п.)
22. коло (22 март 1987) Вардар – Сутјеска 4-2 (Канатларовски 19, 44, Панчев 30, 79 – Вуковиќ 3 п., Бајчета 82)
23. коло (29 март 1987) Вардар – Спартак 2-1 (Панчев 10, 44 – Кунтиќ 14)
24. коло (5 април 1987) Раднички – Вардар 0-0
25. коло (12 април 1987) Вардар – Хајдук 1-0 (Панчев 62)
26. коло (15 април 1987) Вележ – Вардар 2-0 (Калајџиќ 32 п., Главовиќ 88)
27. коло (19 април 1987) Вардар – Сараево 3-2 (Панчев 50, Петров 55, Савевски 85 – Јаковљевиќ 7, 41)
28. коло (3 мај 1987) Динамо В. – Вардар 2-1 (Урошевиќ 8, Штимац 39 – Канатларовски 75)
29. коло (10 мај 1987) Вардар – Партизан 0-0
30. коло (17 мај 1987) Будуќност – Вардар 3-0 (Јановиќ 24, 75, Савиќевиќ 47)
31. коло (24 мај 1987) Вардар – Слобода 1-0 (Џупунов 34)
32. коло (31 мај 1987) Челик – Вардар 3-1 (Несторовиќ 13, Хаџилагиќ 33 п., Вешовиќ 81 – Панчев 6)
33. коло (7 јуни 1987) Вардар – Риека 2-0 (Јаневски 31 п., Панчев 65)
34. коло (14 јуни 1987) Динамо З. – Вардар 4-1 (Малбаша 31, 69, 87, Цвјетковиќ 33 – Панчев 5).
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
Од утре ги чекаме засилувањата :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom