bungee
Jedi Master
- Член од
- 2 декември 2005
- Мислења
- 75
- Поени од реакции
- 67
Па така е де, само во стиловите кои го наброја може да си градиме ти и јас, а не влада на една држава, и тоа затоа што некој од нив мислел како тебе дека барокот е супер да се гради во 21 век.Не ми е јасно како можи да правите споредба на архитектонски стилови и технологија, кога се сосема различни работи?!
Нормално дека технологијата е се’ поразвиена и се стремиме да користиме што може понова, за да ни се олесни повеќе секојдневието. Ама кога правиш куќа, или зграда, стилот во која ќе ја изградиш, или пак реновираш, си е прашање на вкус и желба. Некој сака стакло и челик, друг класицизам, трет барок, четврт готика итн... Ама тоа не значи дека при градење или реновирање на истата нема да ги примениш најсовремените материјали за градба и изолација.
Со парното е сосема друг муабет. Мада не знам и тоа колку е правилно.
Кај нас проблемот е што има монопол во снабдувањето со топлотна енергија и како и кај секој монопол, се дери ненормално (потсети се со телефонијата како беше порано). Затоа има многумина што не сакаат да плаќаат по една плата месечно само за парно. Во странство и да е така како што викаш, ем што не ги дерат по една просечна плата за греење, ем стандард имаат далеку повисок и не е како кај нас монополски.
Поздрав