Германија 2006та останува најдоброто организирано првенство.
Се со согласувам со мислењето на
Io Sono Interista , Треба да се размисли другпат дали е ОК од сигурносен аспект да се организира првенство во држави за кои се знае дека имаат многу активна Ултрас сцена. Но очигледно не размилсуваат, кога се знае дека ќе има СП во Русија.
Мене искрено ми е криво за ваквата слика за Полска, која неколку морони ја прават, а им дава шанса на морони како BBC да прават пропаганда против цела една држава и еден народ. Полска е супер место.
Мора да се гледа од историски аспект за да се сфати аверзијата на Пољаците кон Русија. Најзезнато во Полска е да си Германец или Русин. За Германец од очигледни причини, но кога Црвената армија го "ослободувала" истокот вршела страшни масакри и Сталин повторно ги ставил во функција логорите на Нацистите. За наредните 20тина зад железната завеса, и руски тенкови во варшава и да не зборуваме.
Значи не дека е ова оправдување, но е некакво резонирање на страшната омраза која Пољаците ја чувствуваат кон Русија