И ја се зачудев зошто носеше капа, мада претпоставив дека е од суеверие. Спортистите се најсуеверни луѓе
Елем, да ги анализираме малце утакмициве.
Шпанија-Италија, интересна утакмица и кој било да победеше немаше да биде незаслужено, али на крај ипак заврши 1-1, можда и најреално. Дел Боске малце изненади што почна без шпиц, али очигледно дека сакаше преку посед да дојде до шанса. На почетокот не му успеа баш, поради цврстата одбрана на жабарите, пред се Де Роси кој царуваше назад, али еднаш испадна од игра и одма следеше казната. После тоа ги поврзаа конците и кога влезе Торес одма воспоставија контрола на теренот.
Исто и жабариве одиграа солидно. Не ги гледав многу низ квалификацииве, али она што го видов денеска беше право освежување. Не играа класично катанаџо, туку пробуваа низ брза размена на пасови да стигнат до гол и успеаја неколку пати. Очекувам подобри партии од нив.
Ирска-Хрватска исто добра утакмица и заслужена победа на Хрватите. Ова што го форсира Трапатони е едино што може да одиграат Ирциве. Немаат ниеден техничар, па не им преостанува ништо друго освен рокај напред, па што биде нека биде, а да не зборам дека се најголеми месари на првенствово. Ако не можеш да му земеш топка на противникот удри го. Ич не го сакам овој фудбал.
Од друга страна, очекувано Хрватска доминираше и заслужено победи. Имаат одлични техничари, напаѓачите се прави ѕверки, доминантни у воздух јаки у дуел и добро „баратаат“ со топка. Једино ги јебе одбраната, многу им е несигурна. Срна ја држеше денеска, мада еден играч против Италија/Шпанија нема да биде доволен.
Ќе биде интересно наредната со Италија. Како што читав, Италија ниеднаш ја нема победено Хрватска на големите натпреварувања.
Се на се, интересна група во која 3 репрезентации имаат одлични шанси за пласман понатаму