Евро 2012 - група Ц (Шпанија и Италија во 1/4 финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две репрезентации ќе продолжат во втора фаза?


  • Вкупно гласачи
    230
Билиќ рокерот е легенда ако си замине ќе биде штета за репрезентацијава колку само имаат плукано по него Хрватите така беше и 2008 на евро, и им ја затна муцката. Иако и ова е резултат одличен очекувам и со фаворитите голема борба има квалитет.
 
Нема „ако“, си оди сигурно после ЕП. Мислам дека некаде во Русија ќе биде тренер.
 
Локомотив Москва..........милионски договор,огромен буџет на располагање.Мада не верувам дека ќе трае многу таму.
 
И ја се зачудев зошто носеше капа, мада претпоставив дека е од суеверие. Спортистите се најсуеверни луѓе:D

Елем, да ги анализираме малце утакмициве.

Шпанија-Италија, интересна утакмица и кој било да победеше немаше да биде незаслужено, али на крај ипак заврши 1-1, можда и најреално. Дел Боске малце изненади што почна без шпиц, али очигледно дека сакаше преку посед да дојде до шанса. На почетокот не му успеа баш, поради цврстата одбрана на жабарите, пред се Де Роси кој царуваше назад, али еднаш испадна од игра и одма следеше казната. После тоа ги поврзаа конците и кога влезе Торес одма воспоставија контрола на теренот.
Исто и жабариве одиграа солидно. Не ги гледав многу низ квалификацииве, али она што го видов денеска беше право освежување. Не играа класично катанаџо, туку пробуваа низ брза размена на пасови да стигнат до гол и успеаја неколку пати. Очекувам подобри партии од нив.

Ирска-Хрватска исто добра утакмица и заслужена победа на Хрватите. Ова што го форсира Трапатони е едино што може да одиграат Ирциве. Немаат ниеден техничар, па не им преостанува ништо друго освен рокај напред, па што биде нека биде, а да не зборам дека се најголеми месари на првенствово. Ако не можеш да му земеш топка на противникот удри го. Ич не го сакам овој фудбал.
Од друга страна, очекувано Хрватска доминираше и заслужено победи. Имаат одлични техничари, напаѓачите се прави ѕверки, доминантни у воздух јаки у дуел и добро „баратаат“ со топка. Једино ги јебе одбраната, многу им е несигурна. Срна ја држеше денеска, мада еден играч против Италија/Шпанија нема да биде доволен.
Ќе биде интересно наредната со Италија. Како што читав, Италија ниеднаш ја нема победено Хрватска на големите натпреварувања.

Се на се, интересна група во која 3 репрезентации имаат одлични шанси за пласман понатаму:)
 
Ќе биде интересно наредната со Италија. Како што читав, Италија ниеднаш ја нема победено Хрватска на големите натпреварувања.
Не само на големите натпреварувања.....никогаш ја немаат тепано. 3 порази мислам дека имаат и едно нерешено ако не се лажам.:D
Али традициите се тука за да се рушат.И Хрватска со Ирска имаше негативен скор,па ете што се случи.
Не се ослонувам на тоа премногу......
 
Браво за Хрватска, убав ќеЈф ми направија. Не подпаднаа под притисок на првата утакмица, која всушност им беше и пресудна за остатокот од Првенството. Кикс против ирците, во ваква група, ќе значеше одма крај.

Манџо-Јелавич ѕверски тандем (y). Марио жилаво и машки одигра, но и прими многу удари. На 20 мин. пред крај го пцуев Билич што не го вади веќе, можеа да го уништат копачиве ирски. Едвај ја чекам утакмицата со жабарите за да им го видам меч апот против кучињата Киелини и Де Роси, живи ќе се јадат.
 
Хрватска-Ирска беше тапа натпревар
Хрватите цел натпревар се гледаше дека ќе победат а не играа нешто посбено добро
Ирците цел натпревар изгледаа како 3то класна екипа а не играа ептен лошо
 
ja заеба судијата, чист пенал за Ирцине не досуди, ќе глеавме поинтересен натпревар до крајот
 
2e22bm1.jpg
599853_4008790256150_494557905_n.jpg
:rolleyes:
 
Браво Италија !!! :vozbud::vozbud:
Добар резултат, нерешено беше најреално бидејќи и двете репрезентации имаја по неколку добри шанси...
Балотели :facepalm: незнам шо чекаше толку време ???
Ди Натале докажа дека е класа над сите напаѓачи од Италија !!! (y)
Незнам само кој к*р Прандели го чуваше на клупа :tapp:


На другиот меч заслужена победа на Хрватска !!! БРАВО !!! (y)
 
А што е со Де Роси бе,зашо ја крие тетоважата,носи долг ракав само на едната рака,да не мисли дека работи у државна институција.:)

имаше мал хируршки зафат на раката десетина дена пред европското да почне, па можеби затоа носи долг ракав .. а кога сме кај тетоважите еве една интересна на Де Роси која ја има на ногата :)
1zbxw6o.jpg



за мечот Шпанија-Италија слободно можам да кажам дека беше најинтересен од сите до сега на европското .. ви кажав јас да не ја потценувате Италија ;)

на браќата хрвати да им ја честитам победата :)
 
Јаки се хрватска играчите све во јаки првенста им играат па оваа утакмица со Ирска може да се каже и дека беше сосема очекувано дека ќе победат.
 
Ќе дојде и тој ден кога Манџукич ќе игра во дресот на Баерн Минхен и Боби мкд ќе го закачи на аватар поради тоа што за Гомез моментално е меси во секој можен фудбалски аспект
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom