МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно не се лоши коментаториве на МТВ, спрема К5 ова е стварно многу подобро. Се на се добри преноси, гостите се досадни како и обично ама тоа не е ништо ново, и така тој дел од преносот никој не го гледа.
Што сакаш да зборат гостите?
Ете денеска ги коментираа спорните одлуки на судиите. Не ќе измислуват топла вода, кога секаде тоа се збори.
 
Што сакаш да зборат гостите?
Ете денеска ги коментираа спорните одлуки на судиите. Не ќе измислуват топла вода, кога секаде тоа се збори.

Знам де, секаде е така, затоа и викам тој дел не ни мора да се гледа, не го кажувам како некоја голема замерка.
 
Неможам а да не ги испофалам МТВ за денес, секоја чест :cuc: Од ракометот, формула 1, до европското :cuc: Одлично коментирање, одлично студио, одличен пренос :cuc:, за разлика од анал5. Секоја чест, на прав пат сте :cuc:
 
Сликата не е до Т-Хоум до прва е лоша им е репродукцијата за ХД, Т-Хоум нема никаква врска тие само го примаат и го препраќаат сигналот. Тоа не значи дека е лоша сликата колку што до вчера не емитуваа дигиталка преку предавател.

А инаку за проектов ЕП, Олимпијадата што следи, емисиите и посебно за останатите спортски преноси, секоја чест пријатно не изненадија сите ако продолжат вака, Сител и Канал 5 можат да почнат да си ја продаваат опремата не за друго туку верувајте дека не сакате да следите вакви настани на таква телевизија со досадни од вчера станати стручни коментатори, бедни емисии плус катастрофална програма.
 
MTВ се што можеше зеде од спорт ,Канал 5 остана без спортска програма,Сите само со ракометот и кошарката :) јас би сакал и тие да ги земат од Сител па МТВ ќе биде спортска програма :)
 
Чудно е како преку ноќ од комунистички студија и графика се префрлија на ептен модерни. :D Или имало драстична смена на луѓе таму, или ги научиле тие што работат да работат како што треба. :D

Како и да е, доста позитивен впечаток за цел проект ЕП 2012, браво.
Сменет им е извршниот директор, тоа ќе да е.
 
Квалифакцискиот турнир во Венецуела кој ќе го пренесува?
Нека го земат и тоа МТВ дека коментаторот на Сител не го можам уште едно првенство.
 
На Сител ќе одат квалификациите.

И се е тоа дел од една иста приказна,од исто место идат парите и за сител и за мтв и за канал 5,само радиодифузија конечно малку повеќе "права" им даде на мтв,мада нив за квалитетна програма треба да им е доволен данокот што го плаќаме кон нив,сегде е така кај нас од што сме утепани во поглед на квалитетен избор на тв секоја мала промена на подобро ни изгледа ко чудо.

Далку сме уште,најблиску што ни се за споредба хрватите што телевизиите и програмата им се квалитетни како за Америка да се работи,а не па подалеку да споредиме во Европа.
 
Патем кажано до сега одлично ги спремаат емисиите за Е.П. од МТВ браво.
 
Хаха си гледаш и се чудиш со спортскава програма :D
 
Не ти треба. Гледај обичниот канал, и така сликата не им е HD.
ХД им е само не им е баш како што треба,се приметува подобра од обичната освен топката што трепери.Би требало да го средат и тоа.
 
ХД им е само не им е баш како што треба,се приметува подобра од обичната освен топката што трепери.Би требало да го средат и тоа.

HD им е каналот, се познава по логото, но зошто „фудбалот“ не е таков чисто ме интересира.

А нема проблем воопшто со тоа дали даваат HD или обичен сигнал. Добра е сликата и обично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom