Како и што претпоставував, третата година му е врзана за определен број на настапи, што значи дека сигурно ќе го исполни условот. Интер е сепак ова. Сеа ќе имаме уште повеќе Станковци, што секогаш ќе сакаат да играат, што ќе коментираат на секое вадење, што ќе пробуваат на секој начин, дури и преку други играчи, да го стават тренерот под притисок да играат и што ако не му иде ќе бидат првите што притискаат да го исфрлат. Сигурен сум дека и дел од платата му е врзан со број на настапи.
Значи, ај да ја разгледаме логиката на договоров. Оние што го оправдуваат ова (иако не ми е јасно како), викаат дека Киву бил земен за резерва и дека е подобро да го имаш него отколку некој од другите со кои не поврзуваа. Ај да ги разгледаме и двете точки.
Колкава е разликата во квалитет меѓу него и другиве? Нека ви текне на кариерата на Киву во Интер и неговиот придонес до сега. Типот е скоро редовно повреден на преку една утакмица, и тоа од кога дојде овде од Рома. После, постојано беше игран на лев бек иако не е бек, затоа што има 30 години и уште незнае да се позиционира правилно. Лета како будала, остава простор позади него, ја извлекува одбранбената линија, што мора да му ги покрива грешките. Трето, не играл на позиција централен дефанзивец мноооооооооогу долго време. А и кога играл најчесто е толку катастофа што на никој не му текнува да го игра пак. Играше пред една сезона како централен на двете најважни натпревари во таа сезона, и во двата натпревари примивме вкупно осум гола за кој барем половината беа предизивикани од негови грешки во позиционирање. Истото го правеше и во Рома кога играше како централен. Значи разлика помеѓу него и некои друго со кои не поврзуваа, како Силвестре, Андлеоли, скоро и да нема.
Ај сеа втората работа. Како може тип што е земен за резерва да има поголема плата од тип што supposedly ќе ни биде стартер. Мислам на Ранокија. А во исто време ќе зема отприлика колку и Самуел. Ако е земен за резерва на толкава плата, тогаш Бранка е идиот. Ако не е земен за резерва, туку стартер тогаш повторно се враќаме на точка еден и останува прашањето со што од тоа што го одиграл во Интер до сеа, заслужува доверба во тоа да биде носител на одбрана, што уште повеќе ќе треба да го понесе товарот во играта од порано.
Дефинитивно, најдебилската работа е тоа што му се понудени 3 години договор. Типот има 31 година има освоено се што може да освои во Интер (за што многу малку беше заслужен) а ние го врзавме да игра за нас до 34 години. Затоа, што никој нормален нема да му ја даде оваа плата од овде и плус да плата и обештетување на договорот. Што значи без разлика како игра, он е тука во следните 3 години. Дури и да игра една сезона многу добро, ако другите две е срање, тоа го прави договорот од економска страна многу глупав. Плус што кога ќе му истече договорот, он ефективно ќе се пензионира.
Проблемот е што скрос истото ова се прави континуирано неколку години, и секогаш искача лошо за нас. Кој од играчите што добија ваков договор играа подобро од порано кај нас? Кој? Лусио, Маикон, Станкович, Цезар? Или барем на исто ниво. Не ми е јасно како неможат да научат. И секогаш за овие глупости, еден дебил е секогаш тој што ги дава овие договори.
Неможеш да тврдиш дека одиш со стратегија за градње на нов помлад тим затоа што немаш пари да го изградиш брзо, и да викаш, дека тоа ќе се праело постепено, а од друга страна да даваш договори на стари исти играчи и си поставуваш цел дека ќе освоиш се во следната сезона.
Како сељацине што крадат жмигавци по мало за да купат ајфон на старо. Ако не ти држи гзот за да бидеш на врвот во моментот, дефинирај со ги приоритетите.
Понуди му плата од 1.5 милиони за продужување по една година договор и чекај нека одговори. И не отстапувај. Ако нејќе нека тера во Галатасарај. Он има повеќе да изгуби одколку ние. Фудбалерите секогаш си имаат нивен интерес и ако се водиш по него ќе наебеш.