Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024

  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
во што е подобар дестро од пацини или лонго ?
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
во што е подобар дестро од пацини или лонго ?
Се надевам се зезаш :D

Инаку,заинтересирани сме за сите јаки и докажани играчи,ама се потпишува на две години со Киву,кој што е киксер невиден,а ние само ќе се интересираме за тие другите играчи кој што може да ја променат екипата на подобро.
Прати го во Турска бе нека си ебе мајката.
Со 50 милиони евра може да се склопи тип топ тимче од играчите за кој Интер е “заинтересиран“.
 
Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
Се надевам се зезаш :D

Инаку,заинтересирани сме за сите јаки и докажани играчи,ама се потпишува на две години со Киву,кој што е киксер невиден,а ние само ќе се интересираме за тие другите играчи кој што може да ја променат екипата на подобро.
Прати го во Турска бе нека си ебе мајката.
Со 50 милиони евра може да се склопи тип топ тимче од играчите за кој Интер е “заинтересиран“.
не сериозно во што е подобар од пацини ... јас уште верувам во пацо. мислиш дестро ќе биде поарен ако позади него играат занети деки и камби ? и да повеќе би сака лонго да добие шанса отколку дестро.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
не сериозно во што е подобар од пацини ... јас уште верувам во пацо. мислиш дестро ќе биде поарен ако позади него играат занети деки и камби ? и да повеќе би сака лонго да добие шанса отколку дестро.
Во врска со Занети,Деки Камби до некаде си во право,ама и тоа не е единствената причина.
Не е во форма воопшто,сам пред гол промашува,дриблингот му е нула,финишингот му е 0,000.
Ако не е форма,стај го и Меси позади него,исти кар ќе биде.
Дестро последнава сезона даде 12 гола и ниеден од пенал ( :icon_lol: ),а Лонго уште од лани си е играчиште,треба да добие шанса.
Овие последниве двајца знаат да играат со топка,да ја водат,да поминуваат играчи,да се откриваат во даден момент,а Пацо ништо од тоа не знае.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.960
Поени од реакции
45.175
не сериозно во што е подобар од пацини ... јас уште верувам во пацо. мислиш дестро ќе биде поарен ако позади него играат занети деки и камби ? и да повеќе би сака лонго да добие шанса отколку дестро.
Пацини никад нема да успее во Интер, ваков профил на фудбалер ако некаде не треба да игра тоа е Интер, изброј број на кросеви во тек на еден меч и колку него го хранат со топки јасно ќе ти е. Пацини бара офанзивен фудбал, апла офанзивен, тоа Интер никад нема да може да му го понуди и затоа викам наместо да оди во тим ко Фиорентина пример, или Наполи, нека оди во Англија каде минимум 15 гола по сезона ќе има, а ако отиде во тим ко Јунајтед, над 20 не му бегаат.

Што се однесува до Дестро, он е апла различен профил на фудбалер кој може да покрие 2 позиции напред, значи нема да се гуши пример со Милито ко што тоа е случај кога напред играат Милито и Пацини, а позади нив 8 дефанзивци,
 
D

draft

Гостин
Philippe очигледно не се согласуваме за Коларов ама добро, важно се разбравме. Иначе Занети изјави пред неколку месеци дека ако клубот го побара тоа од него, ќе се повлече. Така да не мислам дека ќе биде проблем од него ако не го започнува секој натпревар. Но дури и да биде прв избор и понатаму, не можеме да се потпреме на 39 годишен играч, сезоната е долга и не се знае што се може да биде.

Муабетот е дека се потребни некои 12 милиони и никакви филозофии, за да ја средиме одбраната, а ние кутри ни толку немаме. Па кога ќе удриме на на-ти-го-дај-ми-го има да направиме таков хаос што Страмачиони нема да знае од кај да почне да ги крпи работите...
Нормално дека ако клубот го побара тоа од него ќе се повлече, ама не верувам дека клубот би го побарал тоа од него, тешко е, тоа сакав да кажам. А и Занети ни бил, ни ќе биде главниот проблем на Интер. Може да изигра уште една сезона "стариот". Пиша дека минатата сезона помлади играчи го претрчувале.. па не би рекол помлади него многу брзи играчи. И тоа не се случуваше често. Секој бек бил претрчуван, нема некој совршен. А и на неколку натпревари од минатата сезона, главен хајлајт беше некој спринт на Занети од гол на гол, уште е брз.

И не се потпираме само на него, ги имаме и Мајкон, Џонатан, Нагатомо и Куву за не дај Боже како странични бекови. Доволни се. Не се потребни 12 милиони за уште еден страничен бек. Немаме ни одвише пари, со тие пари треба да се средат покритични позиции како нападот. Е ако Мајкон си оди, со парите што ќе ги земеме од него треба само да купиме достојна замена за него и тоа е тоа.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
А кога дојде таа полусезона добро играше со Ето :icon_lol: и доста голови даде.
 
Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Ај бидете искрени малку, што направи Мајкон последниве 2 сезони за нас со што заслужи да достане?
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Како и што претпоставував, третата година му е врзана за определен број на настапи, што значи дека сигурно ќе го исполни условот. Интер е сепак ова. Сеа ќе имаме уште повеќе Станковци, што секогаш ќе сакаат да играат, што ќе коментираат на секое вадење, што ќе пробуваат на секој начин, дури и преку други играчи, да го стават тренерот под притисок да играат и што ако не му иде ќе бидат првите што притискаат да го исфрлат. Сигурен сум дека и дел од платата му е врзан со број на настапи.

Значи, ај да ја разгледаме логиката на договоров. Оние што го оправдуваат ова (иако не ми е јасно како), викаат дека Киву бил земен за резерва и дека е подобро да го имаш него отколку некој од другите со кои не поврзуваа. Ај да ги разгледаме и двете точки.

Колкава е разликата во квалитет меѓу него и другиве? Нека ви текне на кариерата на Киву во Интер и неговиот придонес до сега. Типот е скоро редовно повреден на преку една утакмица, и тоа од кога дојде овде од Рома. После, постојано беше игран на лев бек иако не е бек, затоа што има 30 години и уште незнае да се позиционира правилно. Лета како будала, остава простор позади него, ја извлекува одбранбената линија, што мора да му ги покрива грешките. Трето, не играл на позиција централен дефанзивец мноооооооооогу долго време. А и кога играл најчесто е толку катастофа што на никој не му текнува да го игра пак. Играше пред една сезона како централен на двете најважни натпревари во таа сезона, и во двата натпревари примивме вкупно осум гола за кој барем половината беа предизивикани од негови грешки во позиционирање. Истото го правеше и во Рома кога играше како централен. Значи разлика помеѓу него и некои друго со кои не поврзуваа, како Силвестре, Андлеоли, скоро и да нема.

Ај сеа втората работа. Како може тип што е земен за резерва да има поголема плата од тип што supposedly ќе ни биде стартер. Мислам на Ранокија. А во исто време ќе зема отприлика колку и Самуел. Ако е земен за резерва на толкава плата, тогаш Бранка е идиот. Ако не е земен за резерва, туку стартер тогаш повторно се враќаме на точка еден и останува прашањето со што од тоа што го одиграл во Интер до сеа, заслужува доверба во тоа да биде носител на одбрана, што уште повеќе ќе треба да го понесе товарот во играта од порано.

Дефинитивно, најдебилската работа е тоа што му се понудени 3 години договор. Типот има 31 година има освоено се што може да освои во Интер (за што многу малку беше заслужен) а ние го врзавме да игра за нас до 34 години. Затоа, што никој нормален нема да му ја даде оваа плата од овде и плус да плата и обештетување на договорот. Што значи без разлика како игра, он е тука во следните 3 години. Дури и да игра една сезона многу добро, ако другите две е срање, тоа го прави договорот од економска страна многу глупав. Плус што кога ќе му истече договорот, он ефективно ќе се пензионира.

Проблемот е што скрос истото ова се прави континуирано неколку години, и секогаш искача лошо за нас. Кој од играчите што добија ваков договор играа подобро од порано кај нас? Кој? Лусио, Маикон, Станкович, Цезар? Или барем на исто ниво. Не ми е јасно како неможат да научат. И секогаш за овие глупости, еден дебил е секогаш тој што ги дава овие договори.
Неможеш да тврдиш дека одиш со стратегија за градње на нов помлад тим затоа што немаш пари да го изградиш брзо, и да викаш, дека тоа ќе се праело постепено, а од друга страна да даваш договори на стари исти играчи и си поставуваш цел дека ќе освоиш се во следната сезона.
Како сељацине што крадат жмигавци по мало за да купат ајфон на старо. Ако не ти држи гзот за да бидеш на врвот во моментот, дефинирај со ги приоритетите.
Понуди му плата од 1.5 милиони за продужување по една година договор и чекај нека одговори. И не отстапувај. Ако нејќе нека тера во Галатасарај. Он има повеќе да изгуби одколку ние. Фудбалерите секогаш си имаат нивен интерес и ако се водиш по него ќе наебеш.
 
D

draft

Гостин
Ако не му го продолжеа договорот на Киву, ќе си отидеше за без пари. И ќе требаше да купуваме резервен бек, да речеме Андреоли, 3 милиони. Плус 2 милиони за 2 годишни плати, 5 милиони.
Киву го продолжи договорот за 2 години (третата НЕ е сигурна) со плата од 2.5 милиони.

Значи за да го имаме Андреоли на две години, ќе треба да потрошиме 5 милиони. Истото е и со Киву.
А кога треба да се бира меѓу нив двајца, изборот е очигледен.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Ако не му го продолжеа договорот на Киву, ќе си отидеше за без пари. И ќе требаше да купуваме резервен бек, да речеме Андреоли, 3 милиони. Плус 2 милиони за 2 годишни плати, 5 милиони.
Киву го продолжи договорот за 2 години (третата НЕ е сигурна) со плата од 2.5 милиони.

Значи за да го имаме Андреоли на две години, ќе треба да потрошиме 5 милиони. Истото е и со Киву.
А кога треба да се бира меѓу нив двајца, изборот е очигледен.
Со таква игра во последниве две години на Киву,подобро и без пари да си отиде отколку договор да му се продужи.
Викаш резервен бек ?
Киву и да игра резервен ќе игра најлошо што може,пошо подобро од тоа и не знае да одигра.
Хуан,Мусачо,Ранокија,ете и Силвестре и тип топ сме на бековските позиции.
Од страна Дебуши и Сисоко,пошо за нив Интер бил сериозно заинтересиран.
Дај го Мајкон на Реал,овие нека спакуваат 10 милиони плус Диара.
Земи класа средишен играч што ќе ја држи средината уз Диара,земи го Дестро или дај му шанса на Лонго и ете го тимот.
 
Па со оглед на тоа дека ги имаме Самуел, Ранокија и Хуан, Киву би требало да биде играч за не дај Боже, ретко да игра. И не ми е јасно зошто ти сакаш Мусачио да биде на местото на Киву? Зошто млад талент да скапува на клупа?
Глеаш што се деси со Ранокија, од најперспективен млад дефанзивец во Италија, стана бот. А зошто? Зашто играше еднаш во три месеца.
Не ни треба уште еден млад играч, имаме веќе двајца во Ранокија и Хуан. Нема место за уште еден. Ни треба некој неперспективен бот за да седи на клупа, за не дај Боже. Според мене, Киву е океј.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Па со оглед на тоа дека ги имаме Самуел, Ранокија и Хуан, Киву би требало да биде играч за не дај Боже, ретко да игра. И не ми е јасно зошто ти сакаш Мусачио да биде на местото на Киву? Зошто млад талент да скапува на клупа?
Глеаш што се деси со Ранокија, од најперспективен млад дефанзивец во Италија, стана бот. А зошто? Зашто играше еднаш во три месеца.
Не ни треба уште еден млад играч, имаме веќе двајца во Ранокија и Хуан. Нема место за уште еден. Ни треба некој неперспективен бот за да седи на клупа, за не дај Боже. Според мене, Киву е океј.
Самуел веќе треба да станува back up играч или како што викаш ти играч за не дај боже.Киву не е потребен во Интер од секоја можна гледна точка.
Ранокија е стакленко,затоа треба Мусачо да се доведе.Со Ранокија може да бидат топови дефанзива,ама под услов да не се мачи со повреди и психички да биде стабилен Ранокија.Хуан треба да добива шанса,ама не веднаш прв состав,може да “изгори“.
E затоа треба Мусачо да се доведе,звер играч е тоа,веројатно го немаш гледано,ама со Ранокија подложен на повреди и Хуан кој што нема одиграно ниту една минута за Интер,а требаше да одигра може 3-4 утакмици од кога седна Страма на клупа,и тоа како добро ќе дојде Мусачо.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.960
Поени од реакции
45.175
Ај бидете искрени малку, што направи Мајкон последниве 2 сезони за нас со што заслужи да достане?
A Снајдер ? Ако одиме по оваа логика ...
Таа статистика што он ја има во цела сезона Чави пример ја прави за пола месец.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom