Одлично, Се тече според планот.Shto vi e be alooo?
Mene mi e dozvolen hejt ne na vam, ne na Io, ne na Bene, ne na Syn... shto mi ostanuva mene togash?
Jas se soglasuvam i imam celosna doverba vo branka, strama i morati. <3
Белким ќе се смилува Парма ќе го земе...Глумиме експерти, си играме менаџер а го заборавивме Марига!?
Кај е дечково што работи? Или како нашиот талент Славковски го смени занаетот
Нека му е среќен роденденот на Снајдер, да си дочека уште многу трофеи со Интер и со неговата репрезентација. Денес полни 28 години, да беше Јувенташ 30 ќе полнеше.
Го губиш Мајкон а го добиваш Коларов, генерално мислев, не како директна замена.Значи повторно: Коларов не е замена за Маикон. За Маикон има замена - Џонатан. Јас пишав генерално како може да се среди одбраната. Значи не сум за продажба на Маикон, пишав само како може да искомбинираат без да трошат пари и се да биде ок.
Значи еве, тоа што викаш исто не е лошо само има еден мал проблем, младичот прави 39, до кога ќе вози со исто темпо не знам. Подобро е за мене да игра пред Нагатомо, ама факт е дека лани помлади играчи го претрчуваа. Треба да сватиме дека ако сакаме преродба, Занети од следнава година треба да биде за ротација.
Јас најмногу сакам да искешираат 12 милиони за Коларов без да го дадат Маикон. Самуел е фикс, а Хуан го пишав онака, ќе има припреми па кој ќе се избори за место нека игра, дали тој или Ранокиа. И десно би го имале Маикон. Значи, 4 стопери кои веќе ги имаме, два пара бекови + Занети, а за сето ова треба само 12 милиони + плата за Коларов. И ќе имаме 2 месеци да ја уиграме таа одбрана. Ова здрава логика го налага да се направи.
Наместо тоа, Бранка лоџик: продај го Маикон. Играј со Нагатомо и Џонатан како главни решенија. Купи го Андреоли и уште еден бот, да се најдат. Продај го Ранокиа...
Знам дека звучам арогантно, ама повеќе разбирам од него, башка тоа и не е некој успех.
Тргни ја на страна глупава логика твоја.Викаш Мусачио и Запата се лесни за зимање и ефтини се, што е така. Е ако се лесни за зимање и ефтини, зошто ни еден поголем клуб не е заинтересиран за нив? Зашто не се доволно добри, кратко и јасно. Не сите млади играчи со добри оценки на ФМ се стварно добри и во риал лајф.
Добро е што Киву остана, како централен. Боље него ќе го гледам него Андреоли, Ачерби, Мусачио и сл. Д-класа играчи. А стварно добри играчи Интер не е способен да донесе моментално, за жал.
Ама затоа другата сезона бесплатно ќе си отиде. Ај да напишам збор два за Мајкон. Сите знаеме како изигра Мајкон 09/10 сезоната (прејако) како и другите играчи од екипата, а оттогаш наваму е невидено дрво. Тргнува по десна страна и на натпревар дали има 2-3 центар шутеви (и тоа е многу), а останатото е приказна. Исто така Мајкон никога нема да се врати во формата што ја играше под водство на Мурињо освен ако Мурињо не се врати кај нас па затоа фино лепо нека оди во Реал Мадрид, а они нас нека ни дадат 10 милиони + Ласана Диара. Диара во средина е ЅВЕР (читај со големи букви), а со тие 10 милиони евра да се инвестираат во Дебуши. Сум го гледал во Лил, а и во француска репрезентација и дечкото е доста добар, ќе го гледаме и на ЕП сега. Друга работа која е дискутабилна, Мусачио, Силвестре, Исла.. Епа вака, Мусачио е еден од моите омилени дефанзивци затоа што е млад и перпективен и доста искусен за негови години. Силвестре е докажанн во Серија А и се наоѓа во најдобрите години за еден дефанзивец (27 години) и досега има доста искуство, а може да се земе со 5-6 милиони евра + Вивиано (тие 50% од Интер). Исла, дечкото пред да се повреди беше солиден и он е по офанзивен од Мајкон, а послаб во одбрана. Де Јонг доколку дојде нема да се бунам, баш би бил задоволен. Коларов него сакам за лев бек.крило. Сега нешто и за Дестро, Нилмар, Лукас. Дестро стварно оваа сезона не го пратев, ама кога беше во примавера го следев и беше истакнат неговиот талент. Нилмар е човекот што ни е потребен (може не Нилмар, ама играч како него сигурно), брз, способен да избега на противнички играч и да даде гол како што е навистина потребно. Лукас многу му се засвиѓа затоа што е млад и со топката е едноставно магионичар и реално вреди од 10 до 15 милиони евра затоа што не е докажан во Европа, а и сега пред некој ден кога играа пријателска ме разочара, па уште кога и претседателот на Сао Паоло кажа дека Лукас вреди 80 милиони евра, а има и толкава клаузула и бил на исто ниво како Нејмар, стварно ме насмеа. Прашање до претседателот на Сао Паоло, дали стварно си го гледал Нејмар оваа сезона, или го споредува со Нејмар од пред 5 години, со моменталниот Лукас. И да, голманска позиција. Несакам да биде продаден Цезар ама доколку одлучат го сакам Вивиано или Барди на таа позиција.Тешко Исла во Интер, скоро секаде се пишува дека е мн блиску до Јувентус.
Јас несакам да се продаде Мајкон, многу јако изиграа на десна страна Мајкон и пред него Џонатан 2цата скоро сличен профил на играчи (Мајкон х10 подобар )