Не зборам на празно, ако на тоа мислеше. Читав дали постојат нус појави, и дознав дека и тоа како ги има. Воопшто не се препорачува за луѓе што се занимаваат со (било каков) спорт. Аргументи од медицински анализи.
USP Labs тврди дека го добива од билки, преку сушење на биомасата, па дестилација, дрн дрн, како есенцијално гераниум масло, но субсеквентни анализи од други групи покажуваат дека таквата хемиска форма се добива единствено преку синтетички пат во лабораторија.
Батали конкуренција, мене ме интересираат вистински тестови врз здравјето, и консеквентни ефекти. Со други зборови (од горенапишаното), нема ништо природно во таа состојка. Единствено се продава како таква. Фурачка реклама.
Мене не ме интересира дали е ефективен или не, ако има сериозни последици по здравје. Или ќе побарам друг продукт кој нема такви нус појави, или едноставно ќе терам како шшто сум терал до сега.
А премногу негативно ја отсликуваат целата работа околу 1,3 dimethylamylaminе разни портали за нутриција, здравје и медицина.