Пресметување на потрошувачка на електрични уреди (струја и пари), тарифи на струја

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Локација
The World, The Universe
Како се пресметува потрошувачката на електричен уред ? Кои се единиците мерки со кои се работи во Македонија ? Како се пресметува колку струја троши еден уред ? Како се пресетува колку кошта струјата која ја потрошил уредот ? Кои се тарифите за евтина и скапа струја ?
Се извинувам ако прашањата се премногу едноставни или глупави, почетник сум и сакам да научам нешто повеќе околу струјата со цел да заштедувам и пресметувам потрошувачка. Доколку темата не е на место, ги молам администраторите да преземат неопходни мерки. Поздрав и благодарам однапред !
 
Евтината и скапа струја, се индивидуални тарифи кои ги нуди дистрибутерот на струја. Во некои држави можеш да бираш кој пакет би го зел - од повеќе различни дистрибутери со различни тарифи и цени. Нешто слично како понудите од мобилните оператори. Сам си темпираш во кој дел од денот/ноќта најмногу трошиш, и се адаптираш на тоа.
Во Македонија ти е монопол. Немаш опции, една е.
Потрошувачката на апаратот можеш грубо да е мериш со калкулација врз основа на читачот за потрошена струја. Некаде во инсталацијата, кај осигурачите највероватно.. мора да имаш таков апарат.
Ако сакаш индивидуално да мериш, тогаш ти треба посебна опрема, која мери колку ВАТИ троши уредот (уклучен или исклучен). Се става прво ватметарот во штек, а врз него се конектира уредот. Потоа е лесно.. Времетраењето * цената на потрошен ват/мегават.. итн итн...
Не е тешко, само зависи дали ова сакаш да го изведиш професионално, или се работи за домашна (груба) пресметка.
 
не можеш сам да пресметуваш потрошувачка зашто на апаратите не секогаш е впишана реалната потрошувачка, наиме, треба да биде означена максималната но и реална потрошувачка во WAT-и, - снага.е сега да речеме дека еден ЛЦД-тв троши 200 вати реално, назад на капакот ќе пишува 160, во тоа биди сигурен-маркетиншки трик, и навистина, доколку го намалиш светлото и тонот, тој навистина ќе троши помалку од реалната потрошувачка, да не набројувам, но со сите апарати е такво означувањето.некогаш пак, кога се бара навистина снага, да речеме грејач од 2Kwatt-и, ако ги приклучиш мерните инструменти ќе забележиш дека тој троши да речеме 1.7:)
најмеродавно, но и најскапо е ставањето на монофазна еден, или на трофазна 3 мерни инструменти во сандачето пред "саатот" и правиш сопствена контрола колку трошиш, или, уште поскапа варијанта е да изнакупиш мини броила, ги има во продажба и на секој еден потрошувач во куќата да ставиш па така да знаеш:) , пример, го ставаш тоа мини броило во шуко утикачот во ѕид па во него кабелот од ТВ-то:)
 
Колку ќе ти пишат дека си потрошил...толку е.Неможеш никако да се жалиш ниту да бараш премерување што автоматски нивните броила се “најточни“
Единствено да ставиш колектори за топла вода, струја, ветерница... па така да заштедиш нешто.
Иначе пресметката за потрошена енергија е многу лесна.
Ако имаш потрошувач од 1 КW (1000 W) и работи еден час тогаш ќе потроши еден киловат час енергија.Ако имаш светилка од 20 W тогаш ќе треба да свети 50 часа за да потрош 1 киловат час....
Иначе евтина тарифа на струја имаш од 14 до 16 часот и од 22 до 06 или 08 беше...и недела имаш цел ден ефтина за да загрееш бољер :):):):)
 
Колку ќе ти пишат дека си потрошил...толку е.Неможеш никако да се жалиш ниту да бараш премерување што автоматски нивните броила се “најточни“
Не е така....
Република Македонија е демократска Правна држава...
Постои Биро за метрологија, Совет за метрологија, Државен пазарен инспекторат и Закон за метрологија и низа правилници кои ја регулираат оваа материја.
Електричните броила подлежат на периодични контроли. Може да се бара и вонредна контрола на броилото.
Ако се сомневаш во точноста на мерењето, најнапред треба да се обратиш до Државниот пазарен инспекторат
 
Иначе евтина тарифа на струја имаш од 14 до 16 часот и од 22 до 06 или 08 беше...и недела имаш цел ден ефтина за да загрееш бољер :):):):)

Сите нови броила поставени од ЕВН Македонија, имаат вграден вклопен часовник и нема техничка можност за светилка која покажува скапа/евтина тарифа. Значи, за сите нови броила поставени од ЕВН Македонија, терминот за евтина струја е следниот: секој работен ден од 13:00 до 16:00 и од 22:00 до 07:00 наутро. За сабота, важи исто како и за секој работен ден односно од 13:00 до 16:00 и од 22:00-сабота има ефтина струја до 07:00-понеделник. Во недела, цел ден има евтина тарифа.


1kWh
скапа тарифа: 3,8 денари
евтина тарифа: 1.9 денари
 
Мали измени од 1 август 2012:
Евтина струја: секој работен ден од 22:00 до 07:00 наутро, а за викендите од 22:00 (сабота) до 07:00 (понеделник).
 
Мали измени од 1 август 2012:
Евтина струја: секој работен ден од 22:00 до 07:00 наутро, а за викендите од 22:00 (сабота) до 07:00 (понеделник).
ова уште важи или во заблуда сум дека ноќе бојлеров ми работи на ефтина струја и во недела цел ден можам да си готвам на ефтина?
 
Луѓе може ли некој да ми каже колку струја (колку киловати дневно/месечно) трошите вие ако спаѓате во просечно македонско семејство...да речеме два фрижидери (обичен и за длабоко), телевизор, компјутер, перална, бојлер, пегла, електричен шпорет, 3-4-5 сијалици кои работат по некои 2-3 саати и 1-2 сијалици кои работат по 4-5 саати, и неколку ситни апарати како полнач за мобилен, исправувач за БУМ и сл.
Дали е можно една стара бабичка на село со набројаниве апарати да троши по цирка нешто повеќе од 10 кв/дневно ?? Напоменувам дека нема апарати за греење на струја, многу често дури и преку летото се готви на шпорет на дрва (секако се користи и електричниот шпорет), нема проточно кујнско бојлерче, пеглење и бојлер во купатило за еден човек се користат релативно малку, на една или две недели можеби ќе се вклучи и машината за перење...а сепак сметката не паѓа под 1.600-1.700 денари месечно што доаѓа околу или нешто над 20% од месечните примања/пензијата. Како за еден човек..висока сметка иако и ги сменив сите сијалици со штедливи, планирам да и ставам и систем за топла вода ама некако сметката никако да се намали..
 
за мај наводно сме потрошили 511,10 KWh, сметката е 2586 денари
Ова ни е најмала потрошувачка, Во сите други месеци е повеќе
Одговорот за @wwxxwwyy e - кај нас струјата е поскапа одколку во САД. Значи користи ги сите начини за штедење. Спомна сончев колектор за топла вода и ЛЕД светилки. Уште замени ги старите телевизори со ЛЕД телевизор, стар компјутер со лаптоп и тн.Секаде барај начин на заштеда
 
за мај наводно сме потрошили 511,10 KWh, сметката е 2586 денари
Ова ни е најмала потрошувачка, Во сите други месеци е повеќе
Одговорот за @wwxxwwyy e - кај нас струјата е поскапа одколку во САД. Значи користи ги сите начини за штедење. Спомна сончев колектор за топла вода и ЛЕД светилки. Уште замени ги старите телевизори со ЛЕД телевизор, стар компјутер со лаптоп и тн.Секаде барај начин на заштеда
јас мислам дека ТВто троши помалку отколку шпорет или фрижидер. подобро е нов економичен шпорет од телевизор или не?
 
Не е така....
Република Македонија е демократска Правна држава...
Постои Биро за метрологија, Совет за метрологија, Државен пазарен инспекторат и Закон за метрологија и низа правилници кои ја регулираат оваа материја.
Електричните броила подлежат на периодични контроли. Може да се бара и вонредна контрола на броилото.
Ако се сомневаш во точноста на мерењето, најнапред треба да се обратиш до Државниот пазарен инспекторат
За малку ќе си помислив дека сите овие што ги наброја постојат стварно во оваа држава.
 
За малку ќе си помислив дека сите овие што ги наброја постојат стварно во оваа држава.
Постојат....
Но кај нас е се подлежно влијанија од „ политичките опции “
Има и нешто друго - има луѓе кои „ се знаат “ и кои се многу „ паметни “
Таквите мислат дека на секој радијатор може да се постави „ калориметар “ и ќе се знае колку тој радијатор потрошил топлина.
И како да им објасниш дека тоа не е можно и дека таков уред не постои. Тие не ни знаат што е тоа топлина, ниту знаат како се мери. Не знаат ништо но се „ паметни “
 
Последно уредено:
Најлесно е да си најдеш некој (тариран) проверен дека е точен електромер и да го ставиш после овој на монополистот.Гледаш што покажуват во даден момент, потоа гледаш след недела. Вадиш старите числа од новите соодветно на секој електромер.Ако во полуичените числа нема разлика значи и монополистичкиот мери точно. Ако има сигнализираш да си го ремонтират (ако е нивен) ако е твој ти го носиш на ремонт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom