ЈСП - случки, прашања, дискусии

Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Лани ова време имав сообраќајка у автобус ( у која имав ненормално многу среќа можев да погинам ), сега пак....
Двокатен 41 плесна еден таксист у Кисела вода на семафорите.. Ко шо бев задремал незнам како носот не си го пукнав од седиштето пред мене... После па у 4а за малце пак ќе бапневме таксист :pos:
Затоа позади се напраи колона до драчево :) 4ката 100 метри 15 минути ги возеше:facepalm:

Иначе една случка да кажам што воопшто не ме нервираше напротив ми беше многу интересна,у вторникот идам со 9ка од државна,внатре фул пензионери,надвор врне истура и ништо не се гледа низ прозорите,колку што знам ја 9ката за на југодрво поминува од кај што идат 24 и 16,незнам зошто шоферот тргна преку рампа да иде,абе коа фатија да паничат овие коа почнаа да скокаат леле кај сме што сме :pos:
После тоа си идам накај дома со 41 ама беше од старите и скоро сите седишта беа наводенети,ја си исчистив едно и си седнав,а пензионериве пошто се тепаат кој да седне не гледаат кај седнуваат,за 5 станици 5 души се напраија :гомце:,и што е најсмешно никој не си кажуваа да не седнуваат пошто е водено :pos: Изглеа се местеа меѓу себе:) а ја така си гледам низ прозор и се праам на тошо:D
 
А

Анноун

Гостин
Еден другар се возел во фул двокатна пред малце по партизанска , и 10 минути стоеле во место , влегло полиција во автобусот , и не давале на никој да излезе.

Работата било што некој на втори спрат се возел со змија во раката :facepalm:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Еден другар се возел во фул двокатна пред малце по партизанска , и 10 минути стоеле во место , влегло полиција во автобусот , и не давале на никој да излезе.

Работата било што некој на втори спрат се возел со змија во раката :facepalm:
:pos:

Уште со тигар да се качи некој. Затопли времево, искочи сонцето и одма се озрачи народов.
 
O

Orion.

Качи се во приградскиве линии да видиш што се дешава. Се збори дека некој видел коза на задња само уште е спорно дали е мит или вистина:pos:
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Работата било што некој на втори спрат се возел со змија во раката :facepalm:
Аиии :facepalm:
Замисли така си седиш у автобус и седнуе до тебе некој со змија у рака:confused:
Ко шо иам језа од змии или низ прозор ќе рипам или ќе се здрвам у место, па дур не се симне тој не искачам од автобус :pos:
Ненормален народ, и шо се десило после од коа дошле џандарите ?
 
Па кога влегле му кажале на шоферот никој да не пушта да излезе . А тоа беше околу 4.10 часот , жешко беше ептен и пун бил автобусот. и 10 минути биле на втори спрат , ваљда се расправале со овој со змијава . По 10 минити излегле џандариве заедно со идиотов од автобусот , и автобусот си продолжил . Се гледало дека е идиот по однесувањето типот. Свашта :facepalm:
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682

Да сум била во тој автобус ќе го тужев за доживеан стрес и загрозување на мојата безбедност :sneaky:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Аиии :facepalm:
Замисли така си седиш у автобус и седнуе до тебе некој со змија у рака:confused:
Ко шо иам језа од змии или низ прозор ќе рипам или ќе се здрвам у место, па дур не се симне тој не искачам од автобус :pos:
Ненормален народ, и шо се десило после од коа дошле џандарите ?
И замисли онака змијата те оближува со јазикот :D
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Да сум била во тој автобус ќе го тужев за доживеан стрес и загрозување на мојата безбедност :sneaky:
Ја да бев ќе го убедував да ми ја даде змијата! :pos:Срцки се змиите бе, што сте толку потресени од нив, 10 дена чував змија и после сакав да ја пренесам во автобус од Струга до Велес ама не ми дадоа :( :cool:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ја да бев ќе го убедував да ми ја даде змијата! :pos:Срцки се змиите бе, што сте толку потресени од нив, 10 дена чував змија и после сакав да ја пренесам во автобус од Струга до Велес ама не ми дадоа :( :cool:
Чудно. Јас пума транспортирав у меѓуградски од Скопје до Охрид и назад :rolleyes:
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
700
Поени од реакции
157
Качи се во приградскиве линии да видиш што се дешава. Се збори дека некој видел коза на задња само уште е спорно дали е мит или вистина:pos:
Работава со козава е и те како точна. Леле у 61 се возев еден ден накај 1:30-2 глеам позади старец седна со коза. Кога почна козата мееее, некој се смее некој се чуди.Бог да чува
 
Ја сум слушнал за 68:)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Иначе една случка да кажам што воопшто не ме нервираше напротив ми беше многу интересна,у вторникот идам со 9ка од државна,внатре фул пензионери,надвор врне истура и ништо не се гледа низ прозорите,колку што знам ја 9ката за на југодрво поминува од кај што идат 24 и 16,незнам зошто шоферот тргна преку рампа да иде,абе коа фатија да паничат овие коа почнаа да скокаат леле кај сме што сме :pos:
Толку знаат, едно две-три недели 9-ка веќе не оди од кај подвожњак, туку оди од горе од позади Рамстор па од кај Рампа :icon_mrgr:

Најсмешно е кога поради икс причини автобусот оди по некој друг пат и сите ги фаќа паника да не случајно го утнале автобусот :pos:
Јас па уште потрагична утака направив пред две недели :D
Одам накај парк и негде кај Градска, си викам ај да фатам автобус до Партизанска за да скратам малку од одењето :icon_mrgr:
Чекав што и да дојде од 5-ка, 15-ка, 22-ка, 7-ца, 4-ка, 24-ка, и ете ти идат 7 и 7Б.
И гледам во 7-ца имаше голема гужва, па си викам ај ќе идам со 7Б. Се мислев дека и таа иде по Партизанска :eek:
Идеме до семафорот до ЈБТ и тука имаше гужва, па ми се чинеше дека ради тоа автобусов не оди по десна лента за да сврти накај Партизанска. Кога гледам мајсторов ја зацепа право :pos:
Ваков бев
:pos:
Одма станав и не застана никаде до полседната станица ПОЗАДИ ЦВЕТЕН ПАЗАР ВО КАПИШТЕЦ :tapp:
И место 20 минути до парк, одев 40...
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Јас па уште потрагична утака направив пред две недели :D
Одам накај парк и негде кај Градска, си викам ај да фатам автобус до Партизанска за да скратам малку од одењето :icon_mrgr:
Чекав што и да дојде од 3-ка, 5-ка, 15-ка, 22-ка, 7-ца, 4-ка, 24-ка, и ете ти идат 7 и 7Б.
...
А со 3ка па сигурно ќе си отишол до Партизанска :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom