ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа што го доживеав во саботата го надминува секој вторник и петок со пензионерите заедно. Се качувам кај Бисер во двокатна 5-ка. Кај Банките, карши Веро, се качува една плава тетка и еден средновечен дебел маж. Типов се качува на спрат и седнува одма позади мене. После него се качува теткава и му вика: „Ајде сега да ми го вратиш новчаникот инаку ќе те пријавам во полиција“. Беше толку смирена што ме збуни што уствари се случува. Типот целиот се вознемири и вика: „Земи го ма, не ми треба...“ и го фрла на земја. Типква го зима и вика дека ќе го пријави во полиција. Како што се симнува по скали, типов се затрча по неа и вика: „Кого ќе пријавуваш ма ти во полиција?“. Во истиот миг изрипа еден маж, а по некое време се симнав и јас. Се крена галама доле, мажов го фати за рака лоповот и го притисна блиску до шоферот. На автобуската карши Југо Дрво, глупиот шофер не почека да биде викната полиција туку ја отвори вратата. Во гужвата како се качуваа и излегуваа луѓе, лоповов успеа да се извлече од човекот кој го држеше и јас, како што стоев на врата, во обид да го задржам внатре ги побутнав и притиснав сите за да создадам штит. Ама, успеа да се протне и излезе. Илегов јас и типот што го држеше. Лоповов цел во паника се оддалечи малку и не знам како успеа да извади џебно ноже заканувајќи ни се да не се приближуваме. Албанките што беа во тој дел од автобуската се разбегаа... Јас тука мислам дека се изгубив веќе... Типов се сврте и почна да трча мутаво низ тревата кон уличките што се позади автобуската.
Никој друг во автобус не се потруди да направи нешто. Само една теткица на спрат промрче дека „во вакви моменти ние треба да бидем солидарни со госпоѓата [плавата] и да го спречиме крадецот“ и при тоа не мрдна ниту со мало прсте. Се прашувам што ќе беше ако човекот продолжеше да го држи крадецот во автобус. Можеше таму да го извади ножот и да повреди некого... Во полиција сигурно не е пријавено. Но сепак има камери во двокатните автобуси. Типот седеше на третото седиште, веднаш до скалите, што најубаво се гледа на камерата...
После, кога се качив во 67-ца цело време се припазував како луд некој да не проба да ме ограби...
 
Но сепак има камери во двокатните автобуси. Типот седеше на третото седиште, веднаш до скалите, што најубаво се гледа на камерата...
.

И што дека има камери кога се само стрим. Талентите незнаеле што нарачуваат излеа.
 
dvokaten-e1339014649278.jpg
 
270917_443255505698138_1810750297_n.jpg


А мене еднаш ме караа оти сокче со цевче сум внесол. :pos:
 
Во вакви случаи дали возачот има некоја одговорност? Дали му се запира од плата?
 
А што барал од тука автобусов????
 
Аууу нејќам да бидам на местото на тој што седел напред. :pos: Ама и улицава е лошо напраена, нема ни ивичњаци.
 
А што барал од тука автобусов????
Протести за потсетување на годишнината од убиството на Мартин Нешковски.

Во вакви случаи дали возачот има некоја одговорност? Дали му се запира од плата?
Возилото е осигурано, така да би требало тука да е чисто.АМА, од ЈСП веќе го осудија возачот за невнимателно возење.ОК, до негде е возачот делумно одговорен за неизбегнување на ваква препрека, ама можда друг автобус идел од другата страна или по Х причини невозможно било избегнување.За служба за истражување такви работи сигурно во ЈСП не ни помислиле, ама во МВР постојат.А никој не презел одговорност:

1.За пренасочувањето од овде и неприлагодливоста на двокатен автобус
2.Необезбедениот *хотел на патот*, ни знак ни ништо

Префрлањето на вина на возачот, не е исклучување од вина на другите учесници во оваа глупост.

Слична ситуација и во Охрид, џамијата е влезена во патот.Или па патот во џамијата, со оглед дека џамијата е културен споменик.Проектантите малку се занесле...
krst.dzamija.jpg
gj.jpg
 
Протести за потсетување на годишнината од убиството на Мартин Нешковски.


Возилото е осигурано, така да би требало тука да е чисто.АМА, од ЈСП веќе го осудија возачот за невнимателно возење.ОК, до негде е возачот делумно одговорен за неизбегнување на ваква препрека, ама можда друг автобус идел од другата страна или по Х причини невозможно било избегнување.За служба за истражување такви работи сигурно во ЈСП не ни помислиле, ама во МВР постојат.А никој не презел одговорност:

1.За пренасочувањето од овде и неприлагодливоста на двокатен автобус
2.Необезбедениот *хотел на патот*, ни знак ни ништо

Префрлањето на вина на возачот, не е исклучување од вина на другите учесници во оваа глупост.

Таа улица е еднонасочна, така да слободно можел во другата лента да вози.
 
Таа улица е еднонасочна, така да слободно можел во другата лента да вози.
Можда некој го престигнувал.Aко не бил двоспратен воопшто и немало да гледаме вакви глупости...ама помина таа работа (n)
*Пред некое време во Охрид возач ја откорна рампата на АС, па осигурувањето си презеде...
 
од маџари до влае можно ли е со 2 автобуси?
кои, каде, што, како? не би сметало и пешки одење од 15тина минути.
 
од маџари до влае можно ли е со 2 автобуси?
кои, каде, што, како? не би сметало и пешки одење од 15тина минути.
Со 50-ка до рекорд и после од рекорд со 4-ка до Влае. Би требало да идат и други градски автобуси натака ама не сум запознаен. Исто така имаш комбинација и со селски ама не ти препорачувам така. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom