- Член од
- 19 февруари 2009
- Мислења
- 1.379
- Поени од реакции
- 1.968
Абе има вистина во тоа,ама има и причини зошто е тоа така.Kaj повеќето млади луѓе има огромен креативен потенцијал, но воспитанието и менталитетот на пасивна индивидуа која не треба да влезе дури ни во најмал бизнис ризик и чија задача е да дојде до некоја диплома, а потоа да чека друг да ја вработи, е нешто што е ограничувачки елемент не само кај луѓето, туку и за целото општество.
Ај Грујо на страна,еве Бранко или Угриновски да ја кажал изјавата..нели е така?
Убаво размисли,не е битен тој што го кажал ова.
Ако сака премиерот да го поттикне претприемачкиот дух нека ја направи работата во државна администрација неатрактивна,нека ги олабави стегите од стопаството,нека им каже на пулените негови да не изиграваат биро за вработување и под итно да прекинат со тоа списоците за вработување кои ги доставуваат и во приватни фирми,не само во државни.
Има и многу други работи кои би можел да ги направи ама за тие да имаат ефект мора да се почне со горенаведеното,без тоа што и да прави нема да има ефект.
И за крај мора да сватат дека колку повеќе политиката/власта се меша во стопанството,толку полошо а трендот оди во нагорна линија.