concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
Колку ќе процени судијата, околу 25.000 до 40.000 денари,во зависност од калибарот на фирмата. Треба сметката да биде блокирана мин.3 месеци. Тогаш некој доверител , ако сака да ги плати парите спомнати понапред, покренува стечајна постапка. Или сопственикот плаќа и го прави тоа. Судијата одредува привремен стечаен управник. Тој анализира ситуација и побарување, хартии,сметки итн. на фирмата, повикува со оглас да се јават доверители итн. Дава Извештај до судијата. На основа на тоа, на рочиште каде се присутни сите заинтересирани судијата проценува дали ја ликвидира фирмата или покренува стечај. Најчесто ја ликвидира , ако е без имот и ако нема можност доверителите нешто да наплатат од имотот на фирмата. Ова не важи за трговец поединец...тој одговара со целиот свој имот...Колку е за ликвидација на фирма?
Ито така , ако сопственикот ги расчистил сите долгови и има чиста фирма самиот во Централен регистар ја затвара фирмата..Но не смее да лаже..после иде плачка. Затоа е најлесно..со 25.000 ја погребуваш фирмата...и авантурата да пробаш дали те бива како претприемач и деловен човек.....