Помош: Барам еден филм!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
„серијата која ги освои сите телевизиски награди и ја надмина популарноста на Волшебничките“ :)

Уствари откажана е после 2 сезони и има само една номинација за награда :facepalm::гомце:
 
Само нели ќе биде чудно кога ќе ја прекинат серијава после 3 недели давање оти ќе нема повеќе нови епизоди?
Ама како и да е конечно нетурско-индиско срање, се мрдаме од мртва точка.
 
милион пати го даваа на тв пред 10-15 години.
женска со плава коса сабајле оди на работа со колата , и ќе прибере еден колега , еден црнец скејтер и уште еден лик , па ќе и се расипат кочниците . Ќе мора да вози по автопат дур не и снема гориво . Името на филмот како беше ?
 
Филмов го знам отрпилика.. гледан ми е многу одамна..

Еден тип со кола го прибира на еден здробен тип кој го обедува да одат да играат покер кај едни богаташи.. Им тргнува од почеток ама после губат и за да им се одлжат треба да градат ѕид.. Единиот го убиваат или нешто слично а тој другиот избега и на крајот прави сообраќајка за да го убие на тој еден што живееше во куќичката додека го правеа ѕидот.. :D

EDIT: Невермајндд, го најдов.
 
Го даваа на кино кај нас кога бев мал цртан филм беше али долгометражен најверојатно јапански.

Со град под опсада,големи диви свињи и еден елен што го бркаа да го уловат дека мислеа дава бесмртност.Многу добро направен.
 
Повели..

Princess Mononoke
 
Порано на МТВ1 даваа цртана серија, со едно девојче кое имаше куче. Во секоја епизода беа во различна авантура, пример во пирамида, или имаше вулкан кој еруптира итн., ама на крај секогаш испаѓаше дека девојчево ги сонувала тие авантури.
 
Филмов го имаат давано на МТВ1 или Сител многу пати. Се работи за еден Big Foot, што ќе го пронајдат едно семејство, и ќе го чуваат како дел од семејството. Се што ќе му покажеа, тој многу брзо научуваше, и потоа почна да игра кошарка за еден училишен тим. Толку ми текнува, ако некој го знае нека пише. Мислам дека беше преведуван како Големиот. :)
 
http://www.imdb.com/title/tt0134316/
 
Значит го барам најглупиот,најужасниот,најлошиот филм во историјата на филмови! Го даваја вчера на наша тв.Уствари не ни сфатив шо е работава зш не го гледав туку онака само некој сцени ко ќе се опулев кон телевизорон.Имаше нешто ко човек/чудовиште шо изгледа јадеше нешто кучиња и такви животинки.Па полицијата појде да го барат во шумата и најдоја една оооооогромна жена!Значит не беше жена туку чудовиште само со стомак голема колку цела штала!Уствари та изгледа ги имаше јадено тие животинките и тие ја раскинаја од внатре после:place:И беше со една позната глумица плава и постар филм.
 
Барам еден цртан, на МТВ 1 го имаат давано повеќе пати. Беше со повеќе животни, мачка, куче и уште некои животни кои знаеја да свират мислам на некои инструменти, се собираат и тргаат во градот бидејќи беа малтретирани од своите газдите. Нешто имаше во името мислам Бремен (градот ако не се викаше така).

ЕДИТ: Го пронајдов. Los 4 musicos de Bremen се викал. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom