Фан Клуб: Вардар

Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
Ама за да успееш да влезеш во групите треба миниму 3,4 милиони да се уложат па после да чекаме групи ,а за годинава само ако имаме среќа како Апоел што имаше годинава да стигне до 1/4 финале
многу е 1/4 финале доволно е групна фаза па макар и сите утакмици да ги изгубиме :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.701
Поени од реакции
6.087
многу е 1/4 финале доволно е групна фаза па макар и сите утакмици да ги изгубиме :)
Не се изјаснив убаво на нас ќе ни треба среќата на Апоел што стигна до 1/4 финале годинава ,за да ние сега влеземе во групите на лш:D
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
222
Поени од реакции
224
Гледам така ве пратам што пишувате коментари... Сонуваме нешто што во реалност е скоро невозможно, зборуваме некој добри странски играчи, македонски квалитетни и тако даље.. Па луѓе спуштете се малку на земја видете како стојат работите во реалниот свет, какви странски играчи не верувам никој да се нафати квалитетен странски играч да игра у Македонија у земја у која се игра аматерски фудбал,нема соблекувални,тушеви и сл, исто така и за македонските играчи кој играт во странство мислиш он ќе дојде у Македонија да се враќа у мизерија повторно, радо би играл он у странство макар тоа било и некој ниска лига(да не се лажеме тие ниски лиги споредено со нас имат много повеќе инфраструктура, и далеку подобри услови за напредок и развој на играчи) а самите знаеме дека играчи од Прва Лига сон им е да избегат од ова мизерија.. Така да играчи со проверен квалитет само на некоја игра! Може да си дозволиме играчи од мак лига кој немат понуда од странство.. А да земе играчи од странство може само ако најдеме некој кој се уште не знаат што ги чека во Македонија(тоа се некој играчи од типот на Огбонаа,поквалитетни нема да дојдат 99%) И кад видиш.. ќе ни остане тим со слаби играчи(странски пензионери кој немат други понуди, кој имале некакво минато а просперитет во иднина скоро нема, на кој народот во македонија ќе се пали, од типот на Огбона) И така момци ние со овие услови,"добри" играчи ќе идеме у плеј оф ЛШ... Огромен успех е ако пројдеме 2 коло!! Клубови од балканот типот на Загреб,Партизан,Звезда и сл кој секоја година прават ДРИМ ТИМ за наши услови, и пак не успеват да дојдат до Плеј оф.. а ние со крпен тим ќе идеме у фазата по групи :/ (Не го подценувам нашиот клуб Вардар,управата или сл едноставо фудбалот ни е мизерија ни треба неколку добри години да го поправиме тоа, со силен Вардар се надевам ќе ги покренеме и другите екипи да мислат малку и за иднината,а со тоа да вложуват во фудбалот) И да се надевам ќе не послужи среќа да го пројдеме 2коло сепак мора да имаме надеж и верба но не да правиме филмови дека ова година ќе ја освоиме ЛШ, па кога испаднеме после овој крив оној крив за неуспехот, успех е самото тоа што ќе играме ЛШ се друго е Полна Капа за нас.
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
82
Поени од реакции
62
Мачкање очи. Мислиме дека играме за нешто а нема врска. Цела источна европа е во служба на западот - за нивниот шампион да може да се нарече шампион на цела европа. Нивна лига, нивни судии. Зар не е симптоматично како тоа меѓу 24 тимови во групна фаза од ЛШ (или колку и да беа таму) во последниве 20 години да има само по 1-2 преставника годишно од овој дел на Европа? Пари? Колку сака пари нека има некој тим - може да состави ограничен тим, максимум 11 играчи на терен. Со други зборови, ти собери ги најдобрите 11 играчи од маало а јас ќе ги соберам следните 11 најдобри после нив - и затоа што фудбалот е игра, би требало комотно да можам да те победам барем во 30% од натпреварите. Сепак, западно европски тим ќе го победи источно европскиот во 99.9% од случаите. Судијата нормално ќе биде од Норвешка, Шведска, Италија, Англија. Тоа пошто и таа професија е преинтелектуална за некој Бугар, Романец, Словак. Они ќе судат предквалификациони кола, а на некоја збунета индивидуа од некоја причина можеби ќе му биде дозволено да суди и некој инцидентен натпревар од групната фаза. Друго све ќе биде пополнето од нивните. Кој го ебе Партизан ама ќе го дадам нивниот пример. Сите најголеми српски компании стојат за него, 20-тина на број. Со други зборови цела Србија на некој начи го држи. Доаѓа некој Шамрок Роверс и во два натпревари излегува како краен победник? Мене тоа не ми е баш логично. Тоа е исто како сега Вардар прилично лесно да помине тим како Бенфика на пример. Баш затоа што фудбалот е игра првенствено, би требало работи како талент, пари, услови, селекција, итн. да не се 100% добитна комбинација. Сепак се. Крајно разочарувачки и провидно.
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
265
Поени од реакции
202
Jaс убаво наведив на мојот предходен пост треба да се бараат млади теленти со слободен договор од Латино Амреика или од Африка од 18 до 22 год да им се понуди 3 год договор за 150 000 евра па да се направи солидна екипа па да се истурка со малку среќа до групи па да се продадат за дупло само така можи Вардар да си напрај пари.
А бидете сигурни ке се најдат такви што ке дојдат кога ке се заврши стадионот само трениг центар фали Вардар можи да се рамни со поголемите клубови од источна европа.
А парите од трансферите да се искористат да се најдат други.
А не само на Вардар туку на Македонија и треба Вардар да биде стабилен клуб.
Странски клубови ни крадат таленти за малку пари и забораваат на нив а ние имаме штета како држава. Ако е Вардар стабилен клуб талентите ако ништо повеќе останат до 20 год во првенство а ке се продадат за солиден трансфер.

Град Скопје да најди слободен простор па да се најдат акцинери да откупат акции од градот а парите да се искористат за изградба Мин 4 терени од кој еден покриен клубски простори со теретана и зграда за престој на.Клубот да си направи договор со средни училишта. Да обезбеди превоз за децата од интернат до школо и назад: да има добри тренери децата да тренираат секој ден по 1.5 сат
Секое едно дете од Македонија со талент да си го земи и да му пружи најдобри услови и да си прави играчи а тоа ке и поможи и на репрезантацијата.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.562
Поени од реакции
29.157
Поминаа 25 години од нашето постоење. За изданијата на навивачки план на спортските храмови ќе говорат материјалите фото и видео кои се и ќе бидат достапни уште повеќе. Јас сакам да направам еден осврт за сето тоа што го направивме ние како Комити Запад за Македонија, за својата татковина. Па потоа да се спореди дали некоја друга група го направила барем нешто налик тоа. Потоа да увидат сите кои се и зошто се Комити единствени брантиели на Македонската национална чест.
Комити сме, браниме национално име, има висока национална чест, истрајсност, гордост, сила, ЕДЕН ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ !!!

Да резимираме некој работи:
  • Се започна (официјално) на 4ти Јуни 1987ма. На мечот Вардар-Црвена Звезда кој го доби Вардар со 3:1 се појави транспарентот Комити. Оттогаш до ден денес Вардар не остана без поддршка, Македонија не остана без свои храбри синови. Во цел овој период минавме низ секакви ситуации, многу подеми и многу падови. Многу радости, но и многу јадови. Имаше моменти кога бевме горди на себе, имаше моменти кога се срамевме од себе. Но секогаш знаевме кој сме, секогаш знаевме што сме и за кого сме !
  • Западната трибина е местото каде за првпат гласно беа извикувани идеите за Самостојна и Независна Македонија.
Низ годините општо познато е дека покрај непрекинатото бодрење на нашата светост ФК Вардар бевме бранителе на својот народ, на својата Мајка Македонија. На многу пати за жал поради Македонските ПОЛИТИЧАРИ-ПРЕДАВНИЦИ наместо да сме наградени бевме линчувани и клеветени од своите „Македонци“. Ќе потсетам на некој моменти кои Комити ги направија, а за истите речиси секогаш беа кривично гонети.
  • . Неколкумина членови на Комити ранети во конфликтот во 2001 год. Истите тие сега се маргинализирани од самата држава и на работ на животна егзистенција !
  • Јохан Тарчуловски е добро познато дека беше водач на Комити. ,Осуден на 12 год. затвор во Хаг. Ниеден осуден албанец за геноцид во истиот конфликт ! Однесен во ХАГ затоа што ја бранеше Македонија бидејќи беше нападната, затоа што ги бранеше нашите Македонци, нашите домови, нашите деца... единицата со која раководеше Јохан беше составена од тогашни актуелни и екс Комити. Без размислување доброволно се пријавија за да ја бранат Македонија.
  • - Комити Запад ги мотивираа своите членови да се пријавуваат како доброволци во конфликтот 2001ва година.
  • Комити Запад застанаа позади студентскиот протест и штрајкот со глад пред собранието, поради обидот за двојазничност, се сеќавате 1997 - "Нејќам 3, нејќам 2, 1 јазик сакам.
  • - Комити Запад го прекинаа основачкото собрание на бугарофилското здружение "Радко", здружение кое отворено се залагаше за припојување на Македонија кон Бугарија, и за непостоење на Македонски народ и јазик.
  • 2006 г. Комити го оспорија чествувањето на Мара Бунева во Скопје, од страна на националистичките бугарски партии и нивниот претседател красимир каракачанов. Партија која го негира постоењето на Македонскиот народ и ја слави Мара Бунева како врховистички и големо бугарски идеалист, а не Македонка;
  • 8 уапсени и кривично гонети "Комити" за инцидентот во Нерези кои беше инициран од група Албанци кои откако провоцираа први потоа изигруваа и невини жртви, а уште потрагично и наводно невини жени и деца. Ниеден приведен албанец иако на мостот О.Н. се шетаа со ножеви,секири и слично пред ТВ камери.
  • Ф.К. Милано - Ф.К. Вардар - инцидент по кој 17 членови на "Комити" се приведени и задржани 10 - на саати во п.с. Ниеден приведен и уапсен албанец !
  • . Инцидентот на "Кале",каде што видовме како се ослободуваат Албанци во присуство на заменик министерот за МВР,а сега кривични пријави и за страната која што не беше вооружена, која што беше драстично помалубројна и која не беше иницијатор на инцидентот.
  • На велики четврток, 13ти Април 2012та... масакрирани Македонски деца и еден возрасен човек без никаква причина од страна на Албанците. Вест која ги повреди срцата на сите вистински Македонци. Неколку дена подоцна, Комити излегуваат на протест да го искажат својот револт и да побараат од институциите расветлување на случајот. За жал не се наиде на масовност од другите „НАВИВАЧКИ ГРУПИ“ во Македонија, освен некој поединци. Имаше 14 кривични пријави за учесниците во демонстрациите, во главно членови на Комити. Подоцна Албанците излегоа 10,000 на контра протести... направија 10 пати поголема штета... 0 пријави за нив.
На крај Комити Запад се во многу поголема мера наследници на Комитите односно борците за слобода од Отоманското ропство, одколку здруженијата и политичките партии кои носат предзнак ВМРО со револуционерната организација !!!

Некои не нарекуваат квази патриоти, лажни патриоти, сакаат да ја искористат нашата наивна и искрена љубов кон татковината за мрачни цели, ситни, партиски и други интереси, некој на наш грб да остане на позиција или друг да дојде...
ЗАТОА, ПАМЕТ ВО ГЛАВА...Немаме ние што да докажуваме...Историјата ќе ги казни тие што можат и мораат, но не реагираат, ние кои кога е потребно делуваме, ќе живееме вечно без оглед на последиците, затоа што недејствувањето во чест на татковината е исто толку грев колку и дејствувањето против неа...
Болните политички игри не знаат за граници, не знаат за морал нити етички вредности...Уништувајќи не нас, се уништува ВАРДАР, уништувајќи го ВАРДАР, Македонија! Ние сме нераздвојни целини, едно без друго не иде.
КОМИТИ - ВАРДАР - МАКЕДОНИЈА!
НЕ МОЖЕ ДА СЕ УНИШТИ НЕШТО ШТО НЕ УМИРА!!!

(преземено од комити форум)
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.095
Поени од реакции
74.900
Сите само шпекулираат, не е точно ни дека сме им понудиле непшто на Маневски и Тодоровски. Само ги исконтактиерале но ништо посериозно...

Покрај овие двајца фудбалери, „металурзите“ се во преговори за ангажман и на фудбалерите на Работнички, на кои им завршија договорите со клубот, Баже Тодоровски и Борче Маневски. Но, според информациите од клубот за нив во преден план е продолжување на кариерите во странство.
Нека видат малце од Металург како се работи. Пелистер фактички ко втор нивни тим го направија, сите млади фудбалери им ги лапаат, а сега истото го прават со младите фудбалери на Охрид...
Нашиве многу слабо се заангажирани во тој поглед...
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.976
Поени од реакции
15.298
не се летајте бе. во групи ќе сме влагале :tapp: Годинава ни треба многу среќа за да поминеме 2 коло, а не па за групи.
Ја многу сум задоволен шо го зимаме Горгиев. Следни три желби ми се Ацо Стојков, Стефан Ристевски и Гуровски :D
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 19:41 ---
не се летајте бе. во групи ќе сме влагале :tapp: Годинава ни треба многу среќа за да поминеме 2 коло, а не па за групи.
Ја многу сум задоволен шо го зимаме Горгиев. Следни три желби ми се Ацо Стојков, Стефан Ристевски и Гуровски :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Ѓуровски, Мирко И., Горгиев и Ацо Стојков и ќе бидеме добри. Исто и Владе Лазаревски може да се донесе за бек.

Очаен ни е нападот без Лико и Гроздановски, мора да се признае, со Петров и Цикарски црно ни се пишува во Европа, а и во домашно исто така...

Сепак, како до сега работеше управата, мислам дека добро ќе поминеме, само не знам уште зашто го пуштаат Лико.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Сите само шпекулираат, не е точно ни дека сме им понудиле непшто на Маневски и Тодоровски. Само ги исконтактиерале но ништо посериозно...
Со Тодоровски се договорени личните услови, веќе ги пишав кои се тука, може да го предомисли само евентуална понуда од Кина. Неделава ќе се знае.
Ѓуровски, Мирко И., Горгиев и Ацо Стојков и ќе бидеме добри. Исто и Владе Лазаревски може да се донесе за бек.

Очаен ни е нападот без Лико и Гроздановски, мора да се признае, со Петров и Цикарски црно ни се пишува во Европа, а и во домашно исто така...

Сепак, како до сега работеше управата, мислам дека добро ќе поминеме, само не знам уште зашто го пуштаат Лико.
Стојков го исконтактирале, ама засега не е заинтересиран за враќање во Македонија. Очекувано за мене. Едноставно тешко може да привлечеме играчи што настапуваат на страна во ваква Лига, без разлика на амбициите на клубот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom