Значи јас ако сум добар човек но не верувам во постоењето на Господ идам во пеколот засекогаш.
А Грешник што силувал убивал ограбувал од кој стигне иде во пеколот само додека не се исчисти од гревовите.
Тоа ми е некако многу апсурдно а и тоа што никогаш ке нема докази ке нема поради фактот што да беше толку мангуп ке се појавеше одма.
Kaко и да е интересно размислување имаш околу некој ствари
Пријателе, не е баш така како ти мислиш, бидејќи и грешникот ќе плати, и тоа дебело ако не се покае за направените гревови пред да умре, иако верувал во Бога.
Човек кој верува дека постои Бога ама не се клања, не пости, не дава пари за сиромашните и и ред други работи тогаш тој умира како неверник и иде право во Пекол.
Силувањето, прељуба, убивање, самоубиството се едни од најголемите гревови во Ислам, а колку што знам и во Христијанството е исто. Затоа за нив следи голема казна.
И не е баш апсурдно. Мислам дека дадов пример порано за тоа. Иначе да било како што сакаш ти да биде, тогаш тоа не би било религија. Основно е да се запознае Бога, да се верувава и да се прими како Еден и Единствен Семоќен авторитет.
Но вера во Бога без дела не е вера. Затоа во Ислам не се смета за верник тој што само верува дека постои Бог, а делата му се за никаде.
Бога од тој што верува во Него бара докази.Е кои се тие докази?!
Еве ти неколку наредби од Пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир и Неговата милост над него):
Се колнам во Бога,
дека не верува (трипати го спомнал) тој од кого неговиот сосед не е сигурен од неговите лоши работи (соседот пати од него). (Мухаммед а.с.)
Не верувал никој се додека не го посакува за неговиот брат тоа што го посакува за себе. (Хадис, Мухаммед с.а.в.с)
Најсакано дело кај Бога е да го чуваш јазикот.
Верникот треба во секој момент да се ангажира со добри дела и со исполнување на Божјите заповеди. А што учи Бога освен тоа што е најдобро за човекот.
Поздрав пријателе
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 10:28 ---
Не се знае од што почнало и во никој случај не е случајно но тоа не е никако поврзано со некаква интелигентна сила, што и да подразбираш под тој поим.
Имаш некаква евиденција (по некоја чудна случајност некој научник да се бавел со вакви комедии) која потврдува дека универзумот е дизајниран?
Од друга страна, да ја негираш еволуцијата како процес кој ги опфаќа сите природни феномени, би било во најмала рака смешно.
Која еволувиција?! Па нели тоа е сеуште теорија, уште не е докажано.
Мене не ми беше потребно да го студирам небото. Доволно ми беше да се свртам кон себеси и видов дека навистина постои Бога.
Навистина Ние со наша сила го
конструиравме универзумот и
Ние постојано го прошируваме.
(Даријат, 47)
Пред 1400 години Бога ни објавува дека Универзумот се шири постојано, научниците сега го откриле тоа. Ѕвезди експлодираат,со нивната сила Универзумот се проширува, и тоа постојано.
Поздрав