По весниците и на интерњуз има информации дека оваа година ќе се почнело со проект за нов стадион на Интер.
Изградбата ќе траела 4 години. Веројатно сте прочитале и вие.
Ако ова е вистина, тогаш огромно браво и благодарност за Морати. Затоа што градење на стадион е вистинско инвестирање во фудбалски клуб.
Јас, имам кажано и претходно, ако се изгради нов стадион, тогаш, сите глупости кои ги имаат направено овие години наназад од мене им се опростени. А би требало и од сите фанови. Па дури и во следните неколку години да бидат срање.
Е сеа, според тоа што е напишано (нормално статија е, може ништо да не е вистина), финансирањето ќе се врши преку инвеститиори од страна, што значи дека Морати самиот нема да ги дава парите, што е нормално со оглед дека неговата компанија не е баш ок. Сепак, да се најдат инвеститори, за таков голем проект не е лесно.
Тоа би значело дека тие што би инвестирале би имале некакви поволности од него. Тоа може да биде, именување на стадинот, што би го направило инвестрирањето нешто како големо спонзорство (најдобра опција, али тешко дека ќе биде така), да го имаат под концесија некој период, цел или некој дел од него. можда некои формули за делење на приходот од него, или дел од сопственоста и сл.
Како и да е, битно е да се има свој стадион, зошто во долг рок гледано се враќа како најдобра инвестиција, иако ако парите идат од страна, некое време нема да ги гледаме комплетните користи од него. Освен ако не се земе кредит, па така да се обезбедат поголем дел од парите.
Стадионот е реален имот на клубот и го прави самиот клуб многу постабилен и повреден. Што значи и потешко е за луѓе што менаџираат со него да забушаваат и да прават глупости, зошто има поголем притисок од страна, од потенцијални купувачи.
А и приходите ќе ни скокнат за 20-30 % после првата година. Арсенал за неколку години од Емирејтс ги зголеми приходите за 70-80 %.