Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Riccardo Montolivo
Midfielder
Milan Fiorentina Free Transfer
за безпари го лапнаа? :eek:
голема работа ако го зедоа..нам ни тројца како него не не вадат па и уште да се жалиме..ионака неспособна управа имаме ...не се секирајте го имаме Паласио мадерфакер
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.045
Поени од реакции
1.170
Сега се насочивме кон Џовинко.. Во трансферот ке биде вклучен и Кутињо :pipi:


Не знам што очекува Мотари со ваков однос кон клубот. Сезонава не спаси Милито се изнадава голови од полузезона па не испаднавме...
Повторно ке се бориме за опстанок? Или ке чекаме да ни се поклопат сите коцки...
Снајдер да не замине и да изигра сезона на ниво, Милито да изигра уште една добра сезона и покрај годините, Кутињо и Алварез да покажат дел од квалитетите, Гуарин да ги оправда 13 милиони платени за него....
Средината е добра само треба нов деструктивец.
Со Камбијасо пред ваква одбрана повторно ке имаме најмногу примени голови во лигата.
Стварно некој очекува Ранокиа-Хуан-Самуел да бидат одбрана на ниво?

Ако сакаме да бидеме конкурентни за скудето МОРА да се засили нападот и одбраната!
Без двајца класа играчи не можеме ни да се надеваме на успех.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
И тоа со понуда од 10 милиони евра сака да Морати да го земе Џовинко :pos:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Се сеќавате на Маскерано и на фамозните 6 милиони евра:pos::pos::pos::pos:..како за Тричковски да пуштија понуда..што е најсмешно ни него неможат за толку пари да го земат
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Примавера ќе игра полуфинале со Милан. Вчера тепале 2-0 со палермо, двата гола на M'baye, фудбалер кој е дојден во младинскиот тим на предлог на Мурињо. Ако има време некој нека преведе, има на официјалниот сајт.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
По весниците и на интерњуз има информации дека оваа година ќе се почнело со проект за нов стадион на Интер.
Изградбата ќе траела 4 години. Веројатно сте прочитале и вие.
Ако ова е вистина, тогаш огромно браво и благодарност за Морати. Затоа што градење на стадион е вистинско инвестирање во фудбалски клуб.
Јас, имам кажано и претходно, ако се изгради нов стадион, тогаш, сите глупости кои ги имаат направено овие години наназад од мене им се опростени. А би требало и од сите фанови. Па дури и во следните неколку години да бидат срање.

Е сеа, според тоа што е напишано (нормално статија е, може ништо да не е вистина), финансирањето ќе се врши преку инвеститиори од страна, што значи дека Морати самиот нема да ги дава парите, што е нормално со оглед дека неговата компанија не е баш ок. Сепак, да се најдат инвеститори, за таков голем проект не е лесно.
Тоа би значело дека тие што би инвестирале би имале некакви поволности од него. Тоа може да биде, именување на стадинот, што би го направило инвестрирањето нешто како големо спонзорство (најдобра опција, али тешко дека ќе биде така), да го имаат под концесија некој период, цел или некој дел од него. можда некои формули за делење на приходот од него, или дел од сопственоста и сл.

Како и да е, битно е да се има свој стадион, зошто во долг рок гледано се враќа како најдобра инвестиција, иако ако парите идат од страна, некое време нема да ги гледаме комплетните користи од него. Освен ако не се земе кредит, па така да се обезбедат поголем дел од парите.
Стадионот е реален имот на клубот и го прави самиот клуб многу постабилен и повреден. Што значи и потешко е за луѓе што менаџираат со него да забушаваат и да прават глупости, зошто има поголем притисок од страна, од потенцијални купувачи.
А и приходите ќе ни скокнат за 20-30 % после првата година. Арсенал за неколку години од Емирејтс ги зголеми приходите за 70-80 %.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Не заборавајте дека Англија и Италија не е исто,малку нелогична и глупава споредба правите.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Не заборавајте дека Англија и Италија не е исто,малку нелогична и глупава споредба правите.
Само што сакав да го кажам тоа :) Треба да се земат цените на билетите, просечната посетеност, бројот на натпреварите...

Пишував порано за стадионот, само знам дека не допишав, сега и не знам што ми беше муабетот, али не беше со странски инвеститор... Можда беше за тоа колку повеќе ќе ни се зголемат приходите, односно се збореше за сума од 50 милиони само како резултат на стадионот, што пак не беше остварлива...
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Знам, го видов тоа минатата недела. Само таму ништо конкретно не кажува, освен вообичаен press release, кој што може многу работи да значи и ништо да не значи.
Едно типче на форцаинтер тврди дека биле градежна компанија исклучиво, а според минималното гуглање кое го направив, така и изгледа.
Што значи дека, ако има соработка, најверојатно ќе биде тоа што они ќе го градат стадионот. Не верувам дека они и ќе го спонзорираат комплетно а и не сакам искрено, зошто скоро сите големи кинески корпорации се државни и ради тоа секогаш идат да исцицат што е можно повеќе и се многу остри за тоа ( со такви казни за корупција кој не би бил).

На оваа статија мислев (y)
http://www.fcinternews.it/?action=read&idnotizia=81822
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Само што сакав да го кажам тоа :) Треба да се земат цените на билетите, просечната посетеност, бројот на натпреварите...

Пишував порано за стадионот, само знам дека не допишав, сега и не знам што ми беше муабетот, али не беше со странски инвеститор... Можда беше за тоа колку повеќе ќе ни се зголемат приходите, односно се збореше за сума од 50 милиони само како резултат на стадионот, што пак не беше остварлива...
Со какви играчи се располага,какви се амбициите на клубот...се само дел од тоа што треба да се увиди.
Лесно е да се каже ќе скокнат приходите,ама е тешко остварливо.
Во Англија има многу неизвесно првенство каде што секоја втора недела се играат по најмалку три дерби утакмици во права смисла на зборот,има појаки клубови,има појаки играчи.
Што има во Италија ?
Ништо.

Сакам да ви кажам,никој не сака да го гледа Паласио,Кучка,Нагатомо како се тегават по терен,сакаат да гледаат вистински играчи и звезди,а не квази играчи.
Патем и тоа го заслужува Интер,ама Морати многу заеба во последниве три години,колку што го гураше напред,толку го гураше и назад клубот.
Затоа моментално е Интер онаму каде што е,да се задоволува со трансфери од типот на Паласио и да се ценка со еден посран Наполи околу еден играч.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom