Зошто да верувам во Бог/Алах

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Па сите верници треба да знаат дека вербата во Бога не е само да веруваш дека Тој постои. Обожавањето на Бога се реализира преку практикување на заповедите кои Тој ни ги дал преку Неговите пророци. А се знае дека све што доаѓа од Бога е за наше добро и не учи и не упатува кон добри дела.

Зошто некој би создал креација и би и наредил на таа креација да го обожава креаторот?
 
Јас не верувам дека Бог го создал светот,туку мислам природата,бидејќи не верувам во чуда и во приказни.
Како што го кажуваат исус и како што имам читано за него бил навистина храбар и добар ЧОВЕК.и навистина тој тоа што го направил го прави голем.Одам во црква,за да му оддадам почит за неговите добри дела што ги направил,и што го промениле светот.Никој до сега нема видено,и мислам дека ова така и ќе остани.Зошто не речат дека денес постојат ангели и такви глупости,бидејќи нема простор од технологијава што е денес,а во постаро време тоа било поинаку,нешто некој да измамел и тоа од генерација до генерација се правела се поголема и поголема мистерија демек нешто надприродно !
Па тоа од поколенија до поколенија се менувало и го направиле како светец.
Ова е мое мислење мислам деа нема причина за лутење.Никој не видел и нема да види,Сепак добрите дела се кажуваат. :)
еее тоа е тој срав...Ако навистина постои бог зошто во овој свет се не цути не се прават добри работи зошто има војни,криминал,педофилија и еден куп многу работи ! зошто имаме срадања,затоа што тој така нареди.па луѓе во кој век сме !
Човекот уште од неговиот почеток барал лек за бесмртност,тоа го имаме уште од првите записи.Значи според мене вербата е тешење или тежнеење кон животот,бидејќи на никој не му се умира бе !,и ајде после овој живот има друг живот.во тоа верувале,но за жал ништо нема,тоа е тажната реалност,според мене.
НИКОЈ НЕ ВИДЕЛ,не знаеме ни од каде доаѓаме ни каде одиме !
 
Еднаш некој рекол Бог не умира дента коа ќе пресдтанеме да веруваме во неговото постоење. Напротив ние сме тие кои умираме оној ден кога нашиот живот престанува да биде осветлен од постојаниот сјај на зачуденоста која секојдневно се обновува , а чиј извор е непомислив.
Вербата е чудна работа.
Еве еден пример, ако некој ве праша може ли овој конец да издржи 80кг. ќе речете неможе,океј ајде да го обесиме твојот најдобар пријател? Е тука се раѓа сомнеж.
Еден човек не верувал дека постои живот по смртта, но откако неговата жена умрела веќе не бил толку сигурен.
Најголеме трагедија е што мислиме дека знаеме.
Ајде вака една амналогија, да прашаме зошто се верува во Бог е исто како да прашаш зошто веруваш дека мајка ти те родила.
ПС поздрав и без многу карање
A што мора Бог да биде поврзан со било која денешна, па и идна религија?
Бог е лично искуство, ни една библија ни било која книга не може да ти помогне на тоа поле.
 
Зошто некој би создал креација и би и наредил на таа креација да го обожава креаторот?

Не ги создадов џиновите (демоните) и луѓето за ништо друго освен за да Ме обожаваат (Коран, Заријат, 56)

Навистина помина еден временски период кога човекот не беше ни создаден ни спомнат.

Ние го создадовме човекот од една капка вода за да го ставиме во искушение и му дадовме слух и вид.
Ние го упативме во вистински пат и тој ќе биде или благодарен или неблагодарен!

(Коран, Инсан, 1-3)

Создавањето на небото и земјата е поголемо од создавањето на човекот, но повеќето од луѓето не го разбират тоа! (Коран, Гафир, 57)

Така да ти не го разбираш тоа!

поздрав
 
Замисли си една работа, човекот, џиновите и уште пар работи стварно ги создал некој......арно ама не е креаторот на универзумот(ако воопшто има). И еве сега цела планета р'мба за него...........дали би продолжил ти да си му верен(роб, како што ви е ќејф да речете) на тој креатор(на луѓето како живи битија)?
 
Јас сум роб на Богот кој е прв без почеток и последен без крај. Семоќен, креатор на све што се гледа и не се гледа. Креатор на све што постоело, постои и ќе постои. Еден и единствен Бог.
--- надополнето: 3 јуни 2012 во 22:10 ---
Јас не верувам дека Бог го создал светот,туку мислам природата,бидејќи не верувам во чуда и во приказни.
Како што го кажуваат исус и како што имам читано за него бил навистина храбар и добар ЧОВЕК.и навистина тој тоа што го направил го прави голем.Одам во црква,за да му оддадам почит за неговите добри дела што ги направил,и што го промениле светот.Никој до сега нема видено,и мислам дека ова така и ќе остани.Зошто не речат дека денес постојат ангели и такви глупости,бидејќи нема простор од технологијава што е денес,а во постаро време тоа било поинаку,нешто некој да измамел и тоа од генерација до генерација се правела се поголема и поголема мистерија демек нешто надприродно !
Па тоа од поколенија до поколенија се менувало и го направиле како светец.
Ова е мое мислење мислам деа нема причина за лутење.Никој не видел и нема да види,Сепак добрите дела се кажуваат. :)
еее тоа е тој срав...Ако навистина постои бог зошто во овој свет се не цути не се прават добри работи зошто има војни,криминал,педофилија и еден куп многу работи ! зошто имаме срадања,затоа што тој така нареди.па луѓе во кој век сме !
Човекот уште од неговиот почеток барал лек за бесмртност,тоа го имаме уште од првите записи.Значи според мене вербата е тешење или тежнеење кон животот,бидејќи на никој не му се умира бе !,и ајде после овој живот има друг живот.во тоа верувале,но за жал ништо нема,тоа е тажната реалност,според мене.
НИКОЈ НЕ ВИДЕЛ,не знаеме ни од каде доаѓаме ни каде одиме !

Добро бе, ајде те молам кажи ми кој ги не создал? Кој го создал овој перфектен свет, универзум? Замисли, све спонтано било. Од еден Биг Бенг излегува Универзум па продолжува со ГЛУПО суштество кое е во состојба да направи АЈФОН.

Мора некој да го измислил сето ова.
Само свртетесе кон себеси и ќе ги најдете најголемите знаци дека сепак постои КРЕАТОРОТ
 
Само за информација

Алах е арапско име за Бога. Тоа е истиот Бог за кој ти како христијанин веруваш, односно Тој е отецот, и истотака е истиот Бог кој веруваат и евреите, Јахве односно Елоах.

Трите монотеистички вери кои потекнуваат од пророкот Аврам (нека е Божјиот мир и милоста над него)

Сваќаш, Алах = Елоах = Бога

А тоа е твој проблем како веруваш во Бога.

ПС - Не заборавај дека во тие икони не е Бога, туку слики од смртници.

Ти клањај се пред слики на луѓе, а јас ќе продолжам да клекнам и да го ставам моето лице на земја за Бога.

Поздрав
 
Without the Dark, there can be no Light,
We have purpose
Without the Lie, there can be no Truth,
We have purpose
Without the War, there can be no Victory,
We have purpose
Without the Death, there can be no sacrifice,
We have purpose
Without the Hope there can be no Future,
We have purpose
Without the Loyalty there can be no one chapter,
We have purpose
Without the Emperor, there is nothing,..
And we would have no purpose
 
Не ги создадов џиновите (демоните) и луѓето за ништо друго освен за да Ме обожаваат (Коран, Заријат, 56)

Така да ти не го разбираш тоа!

поздрав
Зошто се фати веднаш за човекот?
Нели и животните се креација на бог? Зошто животните не го обожаваат бог?

Настрана таа огромна нелогичност, поентата ми беше дека бог не само што има човечки особини, туку ни човекот ако создаде некоја креација, нема да и нареди таа него да го обожава.
Пробај само замисли си... ретардирано е а?
 
туку ни човекот ако создаде некоја креација, нема да и нареди таа него да го обожава.

Не би бил сигурен за ова .. Човекот се стреми кон тоа да биде „Бог“
желбата за моќ, власт и обожување од „масите“ да не речам прости маси одсекогаш било „актуелно“

како и да е офтопик сме .
 
Јас не можам да сфатам како пред 2012 или 20000000012 години - имало одговор за СЕ, се знаело кој е бог.. пророк.. претседател.. премиер.. помошник багериста, итн итн.. :rolleyes:
И туку наеднаш БУМ од ведро небо - 50%(грубо) од човештвото се изјаснува како антитеистички расположено....
ЗОШТО? :pipi:
Ѓаолот мати вода највероватно.. ;) :tapp:
 
Не би бил сигурен за ова .. Човекот се стреми кон тоа да биде „Бог“
желбата за моќ, власт и обожување од „масите“ да не речам прости маси одсекогаш било „актуелно“

како и да е офтопик сме .
Па да... делумно во право си... има многу примери за владетели кои се однесуваат како богови, а населението ги обожава...
Јас тргнувам од моја позиција... ако создадам нешто доволно паметно, зошто би го натерал да ме обожува?
Sounds stupid...
 
Демек ок е желбата на Бог да го обожуваме,а Луцифер кога сака да биде обожуван тогаш тој е возгордеан и нарцисоиден.Ова ако не е двоен аршин,тогаш не знам што е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom