Епа ако твоите биле стари скопјани, аутоматски знаеш дека Тито им земал многу земја во духот на братство и единство и ја поделил на тие од другите градови, што исто така денес се кажуваат стари скопјани.
Што значи денес имаме два вида на стари скопјани, стари скопјани и стари скопјани
И двата вида се стари, ама едните се постари
Мада што кој qr, било поминало, а и цела оваа расправија нема везе со ова, али за лајкот ми беше, признавам
Да точно е тоа дека постојат два типа на стари Скопјани, едните се постари/најстари(прави староседелци уште од Турско)но тие се во многу мал процент, такви познавам многу малку, но сепак ги почитувам како такви и го признавам фактот дека се постари Скопјани од на пр. баба ми и дедо ми кои се доселиле тука во 1962 год.(пред точно пола век), но сепак и тие кои што живеат во континуитет тука пола век и тие се на некој начин стари Скопјани, неможе да бидат (вечити дошљаци) кога веќе начукале тука стаж пола век, половина век не е баш краток временски период, па дури и тие што се 45, 40 год. на пр. и.т.н.
Е сега кога може некој навистина тазе-Скопјанец(тазе дојден), кој се доселил тука пред 1, 2, 3, 5, 7, 10... год. да рече со полна уста дека е Скопјанец, тогаш јас на пр. имам ите-како право да речам дека сум стар Скопјанец со оглед на стажот на мојата фамилија поминат тука(пола век) ......... а плус и јас тука сум роден, тука сум израснат, тука припаѓам, тука живеам цел живот(скоро 3 децении до сега), во комшилук на пр. има еден младич(Кратовчанец) тој се родил во друг град(Кратово) таму поминал цели 20 год. од животот, таму израснал, таму завршил школо и дошол пред 2-3 год. тука да живее, а веќе се нарекува Скопјанец, ако тој на пр. е Скопјанец со 2-3 год. стаж тука, тогаш јас сум за него антички Скопјанец, ако така ги гледаме работите !
А што се однесува до тоа што си го напишал дека Тито им делел земја беспари на доселениците во Скопје после 2 с.в. ма немој, можеби делел на некои, но не на сите, дедо ми си има уредна документација каде што точно е наведена купената квадратура од тој и тој сопственик(со име и презиме-инаку староседелец нормално), па дури и цената сеуште ја памти дедо ми колку ја купил тогаш нивата(од 500м2), така да не зборете напразно дека некој на некого давал земја за беспари, можеби имало и такви случаи, незнам, но не генерализирајте !
Инаку за крај, глупо е да се отвараат вакви теми, јас немам ништо лично против тазе дојденците(во последниве години), секој има право на живот и никој неможе некого да спречува во тоа каде решил да живее, ако имаш доволно пари можеш да живееш каде што ќе посакаш(така иде зборот), но сепак кога веќе непотребно се буричка по работите, барем убаво да ги објасниме ........ сепак не е исто 100 год. 50 год. и 2, 4, 7, 10... год. континуирано жителство на едно место ............ најстаро, старо и ново/тазе се три различни работи !