Шампион си бе Стефус! Ги читам твоите постови на тема економија: Инвестиции, Форекс, Берза.... и заедно со Томсасо па и уште по некој сега не ми текнуе... а да Цезар, ви се восхитувам на познавањето и навистина уживам во читањето на вашите постови..... Многу многу солидни познавања за движењето на пазарот на парите, инвестициите и макро економијата. Секоја чест. Сум слушал и други се разбира вон форумов совети од познавачи, експерти во таа област.....
Арно ама сите овие години го слушам и следам само мојот инстинкт и моето скромно познавање на материјата.... А тој ми велеше еве (9-10 години можеби и 11), не се сеќавам само Денарско орочување! И ништо повеќе.... Камаата се движеше некаде максимум до 11-11,5% на годишно ниво, а последниот договор со Еуростандард Банка, можеби тебе нема да ти се верува ама добив доста солидна камата од 9,4% на годишно ниво... Значи сите овие години со убави каматни стапки од 9 - 11,5% ... е сега ДААААА свесен сум дека и Еврото е подложно на инфлација - депресијација те дека куповната моќ на истото не е иста како што беше и пред 10 години нели на секого му е тоа јасно! Но званично ниедна година до лани тоа не губеше повеќе од 2-2,5% од својата вредност... што значи јас сум добивал чист НЕОДАНОЧЕН профит од скромни, дури и во денешни услови многу солидни 8% на годишно ниво! Стефус, тебе ти е позната економијата и знаеш дека со прогресија - камата на камата (со стапка од 8%) за 8-9 години јас реално сум ја дуплирал вредноста на влогот! А номинално нели ако земеме просек 10% камата, јас за 7 години сум го дуплирал капиталот...на пример 10,000 Евра (1,1 * 10,000 - седум пати на еднакво!) безмалку 20 К! Види друже, некој можеби и за 3-4 години, друг па за 5-6 можеби си го дуплирале капиталот (побргу отколку јас за 7) арно ама оној првиот којзнае во колку партиски шупаци морал да се напика, колку партиски тестиси да истинтра, овој вториот којзнае колку нервози и маки во бизнисот протргал: со неплаќања, со превари, со крадења од вработените, со уште поголемо крадење на УЈП и инспекции, кои му бараат *курова капа* за вработените, реаниматори, ПП апарати, задолжителни прегледи на простата и вагина на вработени секоја година... и тн. политиката на државава нели .... А јас пријателе прчејки го (пежоративно да се изразам) за 7 години дупло! Што да правиме некој мора и тоа!
Е сега ДАААА! За сиве овие години уплашен бев... не од друго, туку дека мудата ќе ми експлодираат од многу големи познавачи и гуруа, кои сето тоа време ми ги дуева, предвидувајки крах на македонската економија, огромна девалвација на Денарот, црни сценарија што да ти кажам и тоа сите 10 години колку што јас му верувам на Денарот и на орочените штедни влогови.... и години назад пред тоа! А еве скоро 20 години Денарот ни да мрдне!..... Е сега види свему доџе крај по ѓаволите! Еднаш мора да погодат!
Особено сега им се шансите за погодок поголеми како што се повеќе стега должничката ЕУ, па и светската криза... Тоа е исто како да кажеш: ‘‘Папата наскоро ќе умре‘‘... е па ќе умре јеби га, има 85-6 години! Ќе умреме сите изгледа, порано или подоцна!
Е сега велиш акции на Македонската берза, сега му било мајката!.... знаеш што? Ова ептен ми личи на извештаите на Христијан С од Алфа во извештаите во Бизнис вестите... А бе чоекон ни срам ни перде, 3 години вели; ‘‘Е СЕГА МУ Е МАЈКАТА ДА СЕ КУПАТ АКЦИИ, ПОД ОВА ИНДЕКСОТ НЕМОЖЕ ДА ОДИ!‘‘ Ама сите овие 2-3 години едно те исто вели а индексот ете паѓа ли паѓа ли паѓа... од таму пред 2-3 години 6-7,000 на под 2 иљадарки колку што е сега? ..... Алкалоид од пред 2-3 години нели не се враќам пред 8-9 кога беше 18-19,000... туку пред 2 години колку беше? 7-8,000!? Знаеш колку беше МП пред само година ипол? блиску до 40 К сега колку е 18?.... и тн и тн.... А Кристијан секој петок, јаде урда... и вели Е СЕГА МУ Е МАЈКАТА ЗА КУПУВАЊЕ! ха-хахахахахах! Види Стеф и овој ќе погоди еден ден се кладам!
Арно ама Кристијан знаеме е брокерче у КБ публикум, го знаеме неговиот мотив зошто така вика.... што е со вас овде на форумов Стеф? Се обидувате да ја размрдате берзата?
Ако, убав обид - само напред!
Јас, доколку од Октомври не ми дадат уба камата од над 8% веројатно Стеф ќе влегувам во бизнис... Сега барем е полесно да се земе застапништво од Словенцине и нив ги јаде кризата и кубурат со пласманот..... па се надевам веќе летово или од есен ќе влезам во преговори.
Ајде Стеф, ако си заинтересиран... заеби Еторо, рудници, злато, акции, БРИК- мик, Русија Кина, Форекс пазар АУТ Долари, Кинеска валута.... ајде да се потиме малку кога веќе овие наши извори на приходи стануваат ‘‘гола вода‘‘.... што велиш ти ништо не е трајно, доаѓаат така времиња во капитализмот кога човек неможе веќе со ‘‘прчење‘‘ да заработува, туку треба добро да се испоти! Кога веќе си успешен на ова поле со мешетарење на ефективна берза.... сигурно би бил и во реалниот бизнис! Гарант! Колку само посакувам да учествувам во еден тим со извонредни играчи како Стеф, или Томи.... Инаку фала ти на советите, верувам дека се искрени и дека барем некој ќе извлече од нив поука за тоа како и каде да инвестираат...
Но јас ете размислувам да се префрлам на реалниот сектор... има простор ми се чини.