Дента кога прв пат стапнав во Скопје.
„татко ми рече да го причекам тука додека се врати.Чекам јас и гледам се наоколу.Се џарам се сакам да видам.Куќи,куќи,што да ви расправам,онакви
големи како што ми кажуваа в село. Вниманието ми го привлече еден подгрбавен човек,облечен со бела блуза и потпашан со бела скутина,што тераше количка и викаше:„ Ајде сладолед,.........купете сладолед,.......................Ладна ледена боза,....Ладна лимонада, се за нешто ладно вика,а надвор горештина,припек и спарина.А народ како мравки,како во кошаре од пчели врие.
Во сета врева како само неговиот глас да се слушаше. Почнаа луѓето да му приоѓаат,а тој нешто понатаму од мене застанат,точи ли точи,де од едната страна на количката де од другата,ладни пијалаци за луѓето.
Му приоѓаат деца како мене му бараат сладолед.Тој отвара еден капак и од некаков всаден во количката сад,заваќа со некаква лајца,жолтеникава и црвеникава млечна смеса и ја става во некакви вишеци со слична боја и им подава на децата.
Тие ,кое стопаре,кое динар чинеа дај му на сладоледџијата,земи ја тутурутката и лакомо почни смесата од садот да ја лижат,и да се насладуваат.Го гледам јас се ова и се исчудувам: мајката што сладитија моше да биде она што толку детиштана ненаситно го лапаат,ова треба да е поубаво од тие пусти чоколади што не стасав да ги видам и пробам.
...Додека така се исчудувам и гледам татко ми навраќа,колку да ми се јави, Оти пак ќе одел за кратко до некаде.
„ Тате ,му велам,дај ми сто паре, сакам да купам сладолед“.
Татко ми без збор ваѓа полдинар,ми го дава и заминува.
Кога немаше никој крај количката му се допирам на сладоледџијата,му го давам парето и побарувам да ми даде од тоа што децата лижеа.Чичкото зема една помала тутурка и ми ја наполни ко стог тутурката со жолтеникава смеса.Јас го земам сладоледот,застанувам пред количката за да може сладоледџијата убаво да го назира моето присаство,за да не помисли дека сум од оние изопачени деца што знаат добрината со пакост да ја вратат.И почнувам претпазливо од околу да гп лижам сладоледот.Го лижам и се сладам на сладотијата негова,ем благо ем ладно во садот. Терам внимателно со лижењето одозгора кон удоле,бавно.Стасувам до работ на тутурката и надоле ко саќе сакам да го исцедам медот.Меѓутоа не може се.Под прстите сеќавам почна да се расквасува и смекнува фишечето,дека со негова цврстина не е се во ред. Уште некое време терам така,но работата гледам нечини:тутурката почна сосема да се смекнува.Не занам што да правам,садчето му го расипав на човекот.Да му го вратам вака расипано не оди,да го држам натака-не оди,Почна да течи одоздола.Чичкото ја сети мојата невоља.
И за да ме потикне ми вели:
„Дете јади побрзо не ли гледаш ти капе“
Јас да јадам,дојадов,нема што да се јаде.Јанза ме јаде.Глеј.Голема беља
сторив-садчето на човекот му го расипав?Што да правам се изначудувам
како да излезам од бељата.Да го вратам вака расипано,не е чесно,не оди.Да го надоместам оштетувањето немам пари.Да бегам ќе ме фатат.
Пишман сум воопшто што го молев татко ми да ме однеси во Скопје и што побарав да купам сладолед.Ме јадосува мојата невнимателност,како
не загледав преѓеска што правеа детиштата со тутурките.Тие брзо лижеа
и секако здрави ги враќаа,а јас бавно-серко ќе се насладувам.Се ѕверам
да не иде татко ми од бељата да ме извади.Го нема.! Среќа,ете ти неколку деца трчаат кон количката бараат сладолед.Чичкото им ги зема паричките и се поднаведнува да им црпе од сладоледот од садот. Јас полека се подиставам од неговиот поглед и наназад- оп зад него.Си велам,сега или никогаш бегај,до каде што те нозе носат.Не гледам ни каде.Стасувам долу,до една голема река,понатаму не се може.Се кријам во врбјаците.Ако накренат по мене потера за опинците ќе ми се фатат,си мислам,и за беља за ајдутин ме бидува.До вечер тука се кријам.Јас не се жалам себе, туку таткоми го жалам,тој ни крив ни должен за мене да страда.Тој сигурно цел ден ме барал.
Веќе во мракот,слушам: Тоде...Тоде...
Гледам се спушта кон мене и го пребарува врбјакот.Јанза го јади да не сум сторил некоја беља.Ама јас сум скриен ни ѓавол да ме најде.
Ослушнувам како татко,севезден туфка,како се измачува.Жал ми е за татко ми се нема каде,се одлучувам да излезам од густежот да му се јавам.Со шепот му кажувам се:вака и вака стана.
Тој радосен што ме гледа трпеливо ме ислуша,ме погали по главата.
-„ Будалче,...будалче едно! ....ми вели,
што си се исплашил толку, што си ја врлил тутурката,тутурката се јаде!“.
Ме зема за рака да ме окуражи и ме поведе.