Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
2. kviki, Млад Скопјанец, студент, не се замарам кога и како дошле претците али знам дека уште од Турско имало некој, вака чим си ги мериме :D
Па темава беше нешто за стари скопјани што значи аутоматски дека треба да се замараш доколку веке сакаш да пишуваш на темава ....
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Еве пример.. ја сум Велешанка стара.. и дали сега тоа значи дека треба да им викам на сите што дошле од страна во градов дека се сељаци и да ги стаам на еден степен пониско од мене и да ги бркам?! НЕ !... знаеш зошто?! затоа што градот не е мој..нити па бил на дедо ми или прадедо ми... а факт е дека од тие дојденци и од тоа проширување на градот ќе има и позитивни и негативни страни.
Мене едно не ми е јасно... зошто некои луѓе што живеат во Скопје се однесуваат како да се они нешто повеќе од тие што живеат во останатите градови во државава. Зошто набивање комплекси?! на крај краева треба да ги цените луѓето според нивниот карактер а не дали иделе од град или од село... дали биле доселеници или не.
Да извиниш вака... ама ја пре би живеела со некои од село отколку со некој искомплексиран скопјанец што никогаш не мрднал надвор од Скопје и што не гледа подалеку од својот нос.
Што е битно кој од каде води потекло, кој каде се родил, кој каде живее/л, кој каде учел, работел и.т.н. денеска ако имаш доволно пари можеш да живееш кај сакаш т.е. да изградиш куќа или да купиш стан и во Менхетен(така иде зборот) !
Премногу сме мал народ(милион и двеста/триста илјади) ние Македонците за да се делиме по секој можен основ и да паѓаме толку ниско ............ вмровци/сдсмовци, патриоти/предавници, верници/атеисти, граѓани/сељаци, стари скопјани/дојденци, школувани/нешколувани, богати/сиромашни, паметни/прости, убави/грди, србијанци/бугараши, вардарци/егејци и.т.н. и.т.н. мислам дека во нашево општество има премногу поделби за еден така доста минорен народ ........... еве конкретно за Скопјево, јас живеам во една Скопска приградска населба, но познавам луѓе и од Центар, Карпош, Аеродром, а познавам и луѓе од селата околу Скопје и што сега треба да ги делам на граѓани и селани, по кој основ: образование, професија, потекло, богатство, начин на носење/облекување, партиска припадност, изглед и.т.н. ........... само едно знам, а тоа е дека секаде има секакви !
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Za kakvo mnozinstvo zboruvas be covek,..tie 40 % se samo otpad za mene,i fala bogu deka nikogas ama bas nikogas i koga sum imal i koga sum nemal ne sum bil ljubomoren na nekogo pa od kaj saka neka e, i kolku saka neka ima,,i jas mozam da se uklopam samo so normalni luge...so drugi zborovi gospoda,,koi prosetale i videle nesto vo zivotot,i sto ke mozam da naucam nesto dobro od niv sto ke mi koristi vo zivotot.
A tie lebarkite sto setaat i glumat wanna be po ulica ne gi ni registriram.
I nemoj da mi kazuvas za Skopjankite te molam,bar nemoj u ist kosh da gi stavas so znaes za koi zboram....valjda ti se poznati desavkite po studentskite domovi shirum Skopje i koj e se vo glavnite ulogi..
But thats another story.
После напишаново размислување и изнесената малограганштина што друго можам да кажам освен me -logoff.
Велат, безцелно е да се "расправаш" со будала, лугето нема да ја забележат разликата.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Па одчигледно да си одат во село да рипне малце извозот на "френки и чушки", бе бог да чува треба да ви се нацрта. Јас ова не го измислив ова е од муабети што ги прават вистинските - старите скопјани.
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 15:40 ---

Кај мене пра пра дедоми е од Скопје исто и пра пра баба ми, значи јас сум 5 генерација, а за порано немам информација каде би можел да проверам зашто толку памти баба ми и моите.
Друже не ти е и на тебе лесно :pos:
Мислиш дека ми прави нешто разлика што ти, Анчо и таканаречените стари скопјани мислите дека треба ние што сме од другите градови во Скопје да се вратиме ?

Еве не сакаме да си одиме и што ќе направите ?
A pa sto pa tebe ima da te nervira toa kaj Skopjanite,,moze nemale potreba da odat na drugo mesto...ubavo im e tuka i kraj.
Ti bi dosol tuka da nemase zor?!,ili si dosol samo kako turista tuka.
A koga se fakas za Skopjanite oni imaat kade da setaat ne se sekiraj...Budimpesta,Praga,Solun itn.
:pos: :pos:
--- надополнето: 2 јуни 2012 во 18:39 ---
И наеднаш, еден куп стари Скопјани на темава :pos:
Еј народ со плава крв пишува имај почит не се смеј :pos:
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
="Nymphadora, post: 5060932, member: 26416"
Мене едно не ми е јасно... зошто некои луѓе што живеат во Скопје се однесуваат како да се они нешто повеќе од тие што живеат во останатите градови во државава. .
Поради тоа што сакаат да мислат дека се подобри од другите ама немаат некоја реална вредност со која би ја задоволиле таа своја желба па измислиле виртуелна категорија преку која се обидуваат да ги нахранат своите комплекси - место на раѓање :pos::pos:

Па во Њујорк да се родил/а кур се тресе, а не па во Скопје,патетика тешка.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Дента кога прв пат стапнав во Скопје.
„татко ми рече да го причекам тука додека се врати.Чекам јас и гледам се наоколу.Се џарам се сакам да видам.Куќи,куќи,што да ви расправам,онакви
големи како што ми кажуваа в село. Вниманието ми го привлече еден подгрбавен човек,облечен со бела блуза и потпашан со бела скутина,што тераше количка и викаше:„ Ајде сладолед,.........купете сладолед,.......................Ладна ледена боза,....Ладна лимонада, се за нешто ладно вика,а надвор горештина,припек и спарина.А народ како мравки,како во кошаре од пчели врие.
Во сета врева како само неговиот глас да се слушаше. Почнаа луѓето да му приоѓаат,а тој нешто понатаму од мене застанат,точи ли точи,де од едната страна на количката де од другата,ладни пијалаци за луѓето.
Му приоѓаат деца како мене му бараат сладолед.Тој отвара еден капак и од некаков всаден во количката сад,заваќа со некаква лајца,жолтеникава и црвеникава млечна смеса и ја става во некакви вишеци со слична боја и им подава на децата.
Тие ,кое стопаре,кое динар чинеа дај му на сладоледџијата,земи ја тутурутката и лакомо почни смесата од садот да ја лижат,и да се насладуваат.Го гледам јас се ова и се исчудувам: мајката што сладитија моше да биде она што толку детиштана ненаситно го лапаат,ова треба да е поубаво од тие пусти чоколади што не стасав да ги видам и пробам.
...Додека така се исчудувам и гледам татко ми навраќа,колку да ми се јави, Оти пак ќе одел за кратко до некаде.
„ Тате ,му велам,дај ми сто паре, сакам да купам сладолед“.
Татко ми без збор ваѓа полдинар,ми го дава и заминува.
Кога немаше никој крај количката му се допирам на сладоледџијата,му го давам парето и побарувам да ми даде од тоа што децата лижеа.Чичкото зема една помала тутурка и ми ја наполни ко стог тутурката со жолтеникава смеса.Јас го земам сладоледот,застанувам пред количката за да може сладоледџијата убаво да го назира моето присаство,за да не помисли дека сум од оние изопачени деца што знаат добрината со пакост да ја вратат.И почнувам претпазливо од околу да гп лижам сладоледот.Го лижам и се сладам на сладотијата негова,ем благо ем ладно во садот. Терам внимателно со лижењето одозгора кон удоле,бавно.Стасувам до работ на тутурката и надоле ко саќе сакам да го исцедам медот.Меѓутоа не може се.Под прстите сеќавам почна да се расквасува и смекнува фишечето,дека со негова цврстина не е се во ред. Уште некое време терам така,но работата гледам нечини:тутурката почна сосема да се смекнува.Не занам што да правам,садчето му го расипав на човекот.Да му го вратам вака расипано не оди,да го држам натака-не оди,Почна да течи одоздола.Чичкото ја сети мојата невоља.
И за да ме потикне ми вели:
„Дете јади побрзо не ли гледаш ти капе“
Јас да јадам,дојадов,нема што да се јаде.Јанза ме јаде.Глеј.Голема беља
сторив-садчето на човекот му го расипав?Што да правам се изначудувам
како да излезам од бељата.Да го вратам вака расипано,не е чесно,не оди.Да го надоместам оштетувањето немам пари.Да бегам ќе ме фатат.
Пишман сум воопшто што го молев татко ми да ме однеси во Скопје и што побарав да купам сладолед.Ме јадосува мојата невнимателност,како
не загледав преѓеска што правеа детиштата со тутурките.Тие брзо лижеа
и секако здрави ги враќаа,а јас бавно-серко ќе се насладувам.Се ѕверам
да не иде татко ми од бељата да ме извади.Го нема.! Среќа,ете ти неколку деца трчаат кон количката бараат сладолед.Чичкото им ги зема паричките и се поднаведнува да им црпе од сладоледот од садот. Јас полека се подиставам од неговиот поглед и наназад- оп зад него.Си велам,сега или никогаш бегај,до каде што те нозе носат.Не гледам ни каде.Стасувам долу,до една голема река,понатаму не се може.Се кријам во врбјаците.Ако накренат по мене потера за опинците ќе ми се фатат,си мислам,и за беља за ајдутин ме бидува.До вечер тука се кријам.Јас не се жалам себе, туку таткоми го жалам,тој ни крив ни должен за мене да страда.Тој сигурно цел ден ме барал.
Веќе во мракот,слушам: Тоде...Тоде...
Гледам се спушта кон мене и го пребарува врбјакот.Јанза го јади да не сум сторил некоја беља.Ама јас сум скриен ни ѓавол да ме најде.
Ослушнувам како татко,севезден туфка,како се измачува.Жал ми е за татко ми се нема каде,се одлучувам да излезам од густежот да му се јавам.Со шепот му кажувам се:вака и вака стана.
Тој радосен што ме гледа трпеливо ме ислуша,ме погали по главата.
-„ Будалче,...будалче едно! ....ми вели,
што си се исплашил толку, што си ја врлил тутурката,тутурката се јаде!“.
Ме зема за рака да ме окуражи и ме поведе.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
По ова, колку сакаш можеш да се правиш скопјанец по форумиве и надвор од нив, али тебе крвта ти е "провинцијалска" :pos:
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Има кај мене у маало стари скопјани, сеа во лето филмот им е шах да маваат. Има еден многу стар, тој мислам и најстар скопјанец е кај мене у маало, му се тресат рацете, дур да мрдне фигура овие другиве стари скопјани пијат по 2 скопски.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Е како сакаш некој да ве сака кога вие не го сакате :cautious:


Според законите на природата штом мнозинството има проблем со тебе тогаш проблемот е во тебе.
Проблемот е вашата искомплексираност со болдираната реченица... Друг проблем фала богу нема. Имам неколку другарки и другари од другите градови што никогаш не биле на овој начин искомплексирани па затоа и не не нарекуваат Скопјаништа.
А вие искомплексираните дека не ве сакаме - вреѓајте и плукајте на Скопје колку сакате и пак нема да привлечете внимание.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Проблемот е вашата искомплексираност со болдираната реченица... Друг проблем фала богу нема. Имам неколку другарки и другари од другите градови што никогаш не биле на овој начин искомплексирани па затоа и не не нарекуваат Скопјаништа.
А вие искомплексираните дека не ве сакаме - вреѓајте и плукајте на Скопје колку сакате и пак нема да привлечете внимание.
А проблемот со искомплексираните Скопјани како Генерал Центар, Рале или тоа што се стари скопјани за нив е оправдано такво просто размислување ?
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
А проблемот со искомплексираните Скопјани како Генерал Центар, Рале или тоа што се стари скопјани за нив е оправдано такво просто размислување ?
Никој не треба да се замара со искомплексирани личности, и врз основа на тоа да генерализира и да навредува. Ако некој од друг град не е како што треба не значи дека менталитетот на цел град е таков.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Проблемот е вашата искомплексираност...
Е не знам чија е искомплексираноста... :свиркам:
Јас нити се сметам за граганин од втор ред затоа што не сум од Скопје, ниту па скопјани ги сметам за нешто над сите останати. Така да искомплексираноста барај ја кај некои скопјани (не сите, нормално).
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Никој не треба да се замара со искомплексирани личности, и врз основа на тоа да генерализира и да навредува. Ако некој од друг град не е како што треба не значи дека менталитетот на цел град е таков.
Па ти според едно мислење направи генерализација.
Проблемот е вашата искомплексираност со болдираната реченица... Друг проблем фала богу нема.
Нели е малку лицемерно да пишуваш дека не треба да се генерализира , а од друга страна правиш генерализации ?
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
А проблемот со искомплексираните Скопјани како Генерал Центар, Рале или тоа што се стари скопјани за нив е оправдано такво просто размислување ?
Тие се скопјани, за нив тоа по дифолт е оправдано.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Па ти според едно мислење направи генерализација.

Нели е малку лицемерно да пишуваш дека не треба да се генерализира , а од друга страна правиш генерализации ?
Реков вашата искомплексираност со болдирана реченица. Не реков само вашата искомплексираност. Така да тоа се однесува на оние кои ја користат таа реченица, во случајот му се обраќав на оној кој ја користи.
Не ме нарекувај лицемерна, не ме познаваш.
И не, не ни е дозволено на нас Скопјани се, исто како на ВАС што не ви е дозволено се.
Во мојот град никој не сум навредила, а јас во друг град сум била навредена поради моето Скопско зборење... Па фала Богу не се искомплексирав ради тоа, па не ве вреѓам по форуми и слично.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom