Абе види ... шо ќе видиш, таа е.
Хоџсоно како пак да ме освојува
Не озбилно, видов денес игра. Првото полувреме ѓи доминиравме на средина на терен. Бејл (суперстарот, веќе) ништо „посебно“ не покажа. Се виде, Хоџсон нагласил да се чува добро. Џонсон одигра супер, според мене, и Карагер пазеше на можен пробив, па сечеше топки десно. Лукас и Меирелеш си беа супер. Модрич не мрдна, а овај ... Паласиос си беше катастрофа сам по себе. ВдВ се сјеба, наша среќа, иначе ќе беше многу пострашно. Е само Кончески гревче, не можеше да се снајде со Ленон, ама рака на срце, во првото полувреме Ленон само си трчаше вообичаено.
Арно ама, тоа си беше прво полувреме. А да, го заборавив голот на Шкртел.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
ФЕНОМЕНАЛНИ 2 шанси едно-по-друго од Макси и Торес некако ми најавија дека ќе има казна во второ полувреме.
Второ полувреме, Торес уште на почеток уште една супер шанса и пак ја оплеска. Да не паѓа овој пак во формата? И после 10тина минути, Тотенхем не стави в џеееб. Тука веќе јасно ни беше на сите верувам дека ќе го јадеме. Меирелеш ни го спаси златнион Реина на 2-3 пати, ама затоа Шкртел си рече „ај да се искупам за голот што го дадов.“ На крај имаше некоја шанса, и оној стартот врз Кајт, кој за мене беше пенал (бидејќи беше идентичен старт како оној на Меирелеш над Бејл во пп), арно ама Еткинсон е храбар само со одлуки кон домаќините. Кој знае да бевме ние домаќини може ќе имаше муда да покаже пенал. А за пеналот на Тотенхем .. карма. Игра со рака имаше, ама пенал немаше. Топката НЕ беше внатре во шеснаесетникот.
И Конческиот не можеше да издржи уште некоја минута на штрек.. (гарант беше на штрек цела утакмица од оној спиди гонзалес), и ја усра.
Уште еднаш ќе кажам, јас тврдо си стојам до мислењето дека одигравме баш на ниво, имавме шанси, имавме игра, ама немавме среќа. Головите ај што ѓи примивме какви такви,ама ако ние ѓи искористевме шансите, и со примените голови, пак ќе си одевме со 3 бода дома. Официјално, Хоџсон оваа утакмица ја изменаџира задоволително. Бар според мене.