Дали се нормални овие од ФЗО?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Фондот е црна дупка. Колку што се сеќавам, секој што бил директор на ФЗО, после мандатот е или под истрага или во затвор.
 
За се има пари, само за она што е најважно нема.
-Има за споменици
-Има за грчки бог исперчен во жена парк (не ми е јасно со која цел е ставен)
-Има за нови пасати да си ги прчат внатре
-Земаат пари за гориво небаре на месечината одат
-Си зголемуваат плати кога ќе им прдне и во тоа се единствено едногласни и вмро и сдсм и дуи и дпа
-Има за врби сред Вардар
Како што рече leandra , ова не е комуњарски став и муабет, ова е приоритет, прашање на достоинство кое одамна ни го згазиле, а ние молчиме.
Незнам до кога ќе не дупчат. И уште кога ќе чујам некој да рече немало причина за да се протестира. Имаме доволно причини да посакаме да ги обесиме јавно и додека висат да ги каменуваме, сите што 20 години ни ја цицаат крвта.
 
Врти сучи на кај сакаш тие ќе си продолжат со спомениците. Од друга страна за смена на власта не станува збор бидејќи им е убаво вака како што си е, си перат пари, имаат за свој џеб и што е најдобро овци за стрижење т.е. ние народот, додека другите се прочитана книга и не можат да сменат ништо( ес де ес). Епа ние ќе се пуниме со кредити, ќе се нервираме за иднината а тие ќе уживаат додека им траеме.
Кога веќе почна Груевски нека тера. Пред година-две бев да се смени, но сега сакам да остане. Прво поради тоа што како ја тера државата ќе ја однесе во дупка. Е тогаш ќе им ја затне муцката на сите што гласаа за него, реакциите на оние што се палат на него ќе бидат прајслес. Како второ типот има некоја замисла во главата што сака да ја оствари па затоа не се дава, па баш сакам да видам што ќе испадне на крај иако го прогнозирам првото.
Со мојте 20 години имав можност да отидам да гласам само еднаш досега. И не отидов, не поради тоа што неможев, туку поради тоа што немав за кој да гласам. Се е отидено во пропаст. Ако имате начин барајте чаре в странство бидејќи Македонија е брод што тоне без спас. За 20 години не се помрднавме од место а не верувам дека нешто ќе се промени.
 
За се има пари, само за она што е најважно нема.
-Има за споменици
-Има за грчки бог исперчен во жена парк (не ми е јасно со која цел е ставен)
-Има за нови пасати да си ги прчат внатре
-Земаат пари за гориво небаре на месечината одат
-Си зголемуваат плати кога ќе им прдне и во тоа се единствено едногласни и вмро и сдсм и дуи и дпа
-Има за врби сред Вардар
Како што рече leandra , ова не е комуњарски став и муабет, ова е приоритет, прашање на достоинство кое одамна ни го згазиле, а ние молчиме.
Незнам до кога ќе не дупчат. И уште кога ќе чујам некој да рече немало причина за да се протестира. Имаме доволно причини да посакаме да ги обесиме јавно и додека висат да ги каменуваме, сите што 20 години ни ја цицаат крвта.

Прометеј е Титан,не бог.Ама за рестото си во право.
 
најлошото е што сите ги боли к** за моменталната состојба по народот(роднини,комшии,колеги итн),а им текнува кога ќе им дојде на глава да кукаат и креваат галама:facepalm:

народната вели подобро да се спречи отколку да се лечи,а кај нас лекувањето е со далеку помала ефикасност отколку умирањето :eek:
 
Прометеј е Титан,не бог.Ама за рестото си во право.
Добро, како и да е не е тоа муабетот. Што и да е, за што ќе ни е?
Ограда од 1 милион... Веќе почнав и да заборавам од што има премногу глупости.
 
http://tocka.com.mk/3/62371/pronajd...vtite-ne-gi-interesira-bidejki-nema-zarabotka

http://bukvar.mk/news/biznis-intere...kompanii-pred-zhivotot-na-lugjeto?newsid=_V6m

Се е бизнис .. шо мислете зашо тутунот и алкохолот се уште легални а секоја година зимат милиони животи директно или индиректно ..
Само да те дополнам за диклорацетатот -не може да се применува освен болнички во комбинирана терапија и под надзор на доктори. Се распрашавме за овој лек уште пред 2 месеци кога имавме потреба, најдовме дека само во Германија се применува. А до Германија бара ем многу пари ем пациентот треба да е прилично во добра физичка состојба. А за дојде овде во редовна примена...на наши Клиники треба да се преврти светот камоли да се стави на позитивна листа (едино Гливекот за леукемија лани го ставија на позитивна ама за него немам други информации).
Авастинот за кој беше потребно околу 1500-2000 евра месечно го нема на позитивна листа, а е препорачуван во странските клиники. Истото се однесува и на еден лек за жолтица Ц или Д, кој сме го носеле прилично скапо од Србија ...без право на поврат на пари и слично.

А ракот во Македонија стана како епидемија...се поголем број заболуваат од некој вид рак. За ова гледам вина не само во тромавото и скржаво здравство туку и во другите институции, контролни и инспекциски органи кои треба како превентива да го заштитат здравјето и околината (за потсетување само последниот месец бугарска пченица со олово, раноградинарски од Албанија без проверка на пестициди, загадена вода со нафта за наводнување на земјод. производи и за пиење, повторно труење на Велешани...).

27.04.2012, Пациенти умираат бидејќи немаат лекови
Тројца пациенти починале без лекови. Уште колку ќе умрат поради бирократските процедури, вака здружението на болни од хронична миолоична леукемија денеска ги обвини здравствените власти.
 
Само да те дополнам за диклорацетатот -не може да се применува освен болнички во комбинирана терапија и под надзор на доктори. Се распрашавме за овој лек уште пред 2 месеци кога имавме потреба, само во Германија најдовме дека се применува. А до Германија бара ем многу пари ем пациентот треба да е прилично во добра физичка состојба. А за дојде овде во редовна примена...на наши Клиники треба да се преврти светот камоли да се стави на позитивна листа (едино Гливекот за леукемија лани го ставија на позитивна ама за него немам други информации).
Авастинот за кој беше потребно околу 1500-2000 евра месечно, го нема на позитивна листа, а е препорачуван во странските клиники. Истото се однесува и на еден лек за жолтица Ц или Д, кој сме го носеле прилично скапо од Србија ...без право на поврат на пари и слично.

А ракот во Македонија стана како епидемија...се поголем број заболуваат од некој вид рак. За ова гледам вина не само во тромавото и скржаво здравство туку и во другите институции, контролни и инспекциски органи кои треба како превентива да го заштитат здравјето и околината (за потсетување само последниот месец бугарска пченица со олово, раноградинарски од Албанија без проверка на пестициди, загадена вода со нафта за наводнување на земјод. производи и за пиење, повторно труење на Велешани...).

27.04.2012, Пациенти умираат бидејќи немаат лекови
Тројца пациенти починале без лекови. Уште колку ќе умрат поради бирократските процедури, вака здружението на болни од хронична миолоична леукемија денеска ги обвини здравствените власти.

Баш во последно време бааѓи се заинтересирав за храната која се внесува и која ја прозиведуваме во Македонија. Пред некоја недела мислам имаше текст дека од ЕУ ги враќат назад продуктите ( од домашно производтсво, пред се мислам за земјоделски култури беше ) бидејќи не биле здрави. После неколку дена пак се појави текст кој велеше дека имаме најздрави земјоделски продукти во регионот .. :eek:

Имаше текстови за храна внесувана од Виетнам , Гана , Индија , Бразил , која ЕУ не ја сака , а кај нас завршува во маркетите .. пример тука низ Штип на големо се купува евтина конзервирана риба ( сецкана ) од Виентам за 20 денара од конзерва. Имаше нешто и за кроасани со канцерогени супстанци , исто ефтина пара.

Во Штип рипна бројката на заболени од рак , тоа е главна тема во последната недела : http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=53112830537&id=9&prilog=0&setIzdanie=22593

Ви велам храната која ја има во маркетите ми е лично сомнителна , ама е ефтина и во комбинација со финансиската состојба , народот често купува поефтино.
 
Болните од рак не се ослободени од партиципација за лекувањето. Буџетите со кои располагаат од година на година чудесно се крадат по разни основи, па така имате намалување на бројот на покриени операции на срце итн итн. Ама она што најмногу ме револтира е се поголемиот број на апели за помош на мали дечиња. Спијат ли овие од фондов? Дечињава мака мачат да останат живи преку донаторски акции. Нели е време да си ја чукнат главата дека на децава им треба помош за да си го спасат животот? За ништо они немаат пари, а за сè наплаќаат партиципации. СРАМОТА! Мали деца одат на душа на тој скапан фонд.

И кога сме кај хуманитарни акции и мобилни оператори. Нели е страшна глупост да наплаќаш ДДВ на донација? И плус што глумат лудило од ОНЕ, со нивната полиса нивен број да може да се користи за донација само ако лекувањето се одвива во странство? Демек овде кај нас операцииве живо џабе, па само за во странство ќе донираме:facepalm:
еееееееее па дааааа
кога ја отворив темата за http://forum.kajgana.com/threads/Новиот-клинички-ќе-никне-на-10-ката.60242/
многумина срипаа и рекоа - да, во ред е- но, не ни помислија на ова што ти го наведе
згради(објекти не се потребни- како си функционирал до сега може и отсега- АМА на народот му се потребни лекови, апаратура , ослободување од партиципации или нивно намалување, - ,,,,,,,едноставно му треба здраво здравство, не нов објект од 60 милиони евра(и тоа ГОЛ) без опрема
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom