NBA Finals 2012

Кој ќе биде шампион во НБА за 2012


  • Вкупно гласачи
    229
  • Гласањето е завршено на .

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
L.A. немаше да имаа шанси да ги победат СА иако сум фан на СА едноставно сезонава беа снопови ЛА, која одбрана ке ја пружеа Бајнам/Гасол кога во регуларен дел најголемите порази на ЛА беа од СА мислам сезонава СА особено Данкан( со новиот начин на кондициони тренинзи) е препороден, Сплитер се уклопи мн добро во тимот, мислам тука дека треба попрво Диао да го гледаме пошо сезонава доста солидно си ја врши должноста !
 
А

Анноун

Гостин
38 гласа на анкетата лејкерс да бидат шампиони :facepalm::pos::facepalm::pos::facepalm:

прашањето на анкетата беше кој ќе стане шампион , а не за кој тим навиваш . ЛЕГЕНДИ: а ако стварно сте мислеле дека покрај вакви тимови сезонава кака спарси и оклахома, ќе освои лејкерс ...:pos:
 
Член од
22 мај 2011
Мислења
134
Поени од реакции
34
Не сфатив што се деси со Сплитер?
Абе на крајот од 3/4 кога СА имаа 20 разлика сите му правеа лични на Сплитер да мава слободни, а овој дрво ..и стопија едно 7-8 поени ОКС ..смешно беше ептен : )
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.551
Поени од реакции
114.841
38 гласа на анкетата лејкерс да бидат шампиони :facepalm::pos::facepalm::pos::facepalm:

прашањето на анкетата беше кој ќе стане шампион , а не за кој тим навиваш . ЛЕГЕНДИ: а ако стварно сте мислеле дека покрај вакви тимови сезонава кака спарси и оклахома, ќе освои лејкерс ...:pos:
Абе тука може у право си али во плеј оф ништо не се знае, пример за ова ти е лани Далас. Кажи ми дали имаше жив човек што пред да почне плеј офот мислеше дека Далас ќе биде шампион? Лејкерси оваа година беа трети на запад, зошто да не бидат шампиони? Јас затоа и изгласав така. Е арно ама кога се одиграа првите 3-4 утакмици со Денвер јас одма сфатив колку е саат и јасно ми беше дека тимов нема капацитет да ја помине Оклахома во следната фаза.
Пишав претходно на темава, еве ќе пишам и сеа, Мајк Браун е главниот кривец, заедно со се управата која слабо работеше сезонава, а и Штерн мајмунот кој го стопираше трејдот на Пол.

Е сеа за муабетот Лејкерс-Спарс. Факт е дека Спарси им лежат на Лејкерси, доказ за тоа беше газењето сред Тексас и тоа без Коби Брајант, Бајнам имаше 31 скок, па сеа видете дали не доминираат Гасол и Бајнам против Данкан и Сплитер. Лично јас не верувам дека Лејкерс ќе ги поминеше Спарс али сигурно немаше да биде ко со Оклахома, каде како машини делуваа Тандер.

И некој претходно спомна дека Брукс го играл Дурент 40 минути. Против Лејкерс го пофалив Брукс, бидејќи стварно добро ги распределуваше минутите, но мислам дека во два натпревара и Дурент и Вестбрук имаа над 40 минути, еве и сега се испостави дека кога е тесно нема гз да го одмори Дурент, а верувајте на тоа и се должи слабата игра на Кевин во последниве две утакмици. Џексон одлично го чува, се менуваат со Ленард, а овој се изморува и се мачи и нормално дека ќе промашува. Што значи со ова Брукс докажува дека паѓа под Попович во секоја можна смисла, изгледа ептен немоќно.

Кажав дека после испаѓањето на Лејкерс сакам Оклахома да биде шампион али со игриве стварно ме импресионираат Сан Антонио и дефинитивно сакам шампионот да произлезе од западната конференција. Буквално танцуваат по терен, Паркер (еден од моите најомилени играчи) игра како да има 20 години, ролинзи, слаломи... Секоја чест и за Попович и за Спарси, а воедно и честитки до фановите на Сан Антонио.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
10
Поени од реакции
3
Нема ништо случајно во NBA !

Со ваква "досадна" игра, која носи резултат, Спарс се незгодни буквално за секој тим и секој тим би сакал да ги избегне, особено по фактот што барем до финале конференциско стигнуваат
со перфектен резултат(на прсти се бројат тимовите во историјата на НБА со вакво достигнување !)

The San Antonio Spurs own the longest NBA Playoff winning streak for a single postseason with 12 straight wins in the 1999 Playoffs and a 15–2 finish overall.
The Los Angeles Lakers own the most dominant post-season appearance with a 15–1 record in the 2001 Playoffs; they also have the second-longest playoff-game win streak with 11 in that season.
Of all the teams with multiple NBA Finals appearances, the Chicago Bulls and San Antonio Spurs are the only teams with perfect records at 6–0 and 4–0, respectively. (Note: these are the series records, not the individual game records)
http://en.wikipedia.org/wiki/NBA_Playoffs

а за Лакерс, се убедливо со Јута меѓу послабите тимови оваа сезона, во пост-регуларен дел на запад(дури и Јута не би ги ставил во ист кош со нив, затоа што имаат многу подисциплинирана, несебична игра од Лакерс, иако млади, ама сепак уште во прва рунда добија преголем залак и нормално ќе се удават, а во регуларен дел тој што ги гледал Јута имаа навистина на моменти многу импресивни партии и со победи против речиси сите од фаворитиве за титула !)

кај Лакерс, вистината е дека го избегнаа Далас во прва рунда во последен момент (4-5 дена пред крајот на регуларен дел беше пресвртот со Денвер за 6 место). Со Далас прва рунда тешко дека ќе минеа. Дури и со Клиперс да играа прва рунда (што беше многу веројатно) можеше да добуткаат 7 партија. За Денвер нема што, ги донесоа на самата ивица, за жилет избегнаа пораз.

Така да, сите овие "факти" дека ЛА можеле многу повеќе ако беше друг распоредот во старт, се само желби и носталгија !

Назад за Спарс, некој ќе каже имаат предвидлива ="неатрактивна" игра, но тоа се должи пред се на дисциплината и шаблонот во играта, права тимска игра која носи резултат и ништо не
е препуштено на импровизација ! Барем, во најмала рака во нивната игра има могу повеќе права кошарка ( пример еден Мајами или ОКC каде играат само 2-3 играчи, во велеслалом стил )

Во ред, ги разбирам донекаде помладиве што :drk:на забивања, цепелини и дивеење по теренот крај со крај, 1 на 1 , ама тука не гледам никаква атрактивност (да бидам искрен, мнооогу одамна, кога бев гуштер НБА и јас се палев на цепелини, тетоважи, фризури и на кој му светеле повеќе патиките, ама бргу здосадува !)

Напротив, многу подосадна кошарка(ако може да се нарече кошарка) играат Мајами и OKC кога Мајами до сега во плејоф се мачат за 1 тројка, фати шутни стил, играат еден напад Вејд другиот Џејмс и обратно..............истото и кај ОКC и во регуларен дел и плејоф играт пред се со офанзивен аутпут од само 3 играчи, против појаки тимови особено , кога има многу зорт (aj ОКC, некако ќе се прогледа, млади се !)

Спарс конечно се освестија и го шитнаа Џеферсон, типов воопшто не се вклопуваше во нивната игра и многу ја рушеше хемијата. Diaw и Џексон што ги земаа во последен момент се како џекпот, особено Diaw со Duncan се многу погодена комбинација (и фино ги масираат ОКC во тој дел), а и мотивацијата кај Diaw е забележлива, па дури и кога и тој почнува да погодува за 3 (зошто да не си лапне прстенче со другар му Тони, со последниот воз). Па и Mills (иден стартер за Австралија) e неверојатен брз/ситен шутер/снајпер, иде неговото време !

Дали Спарс ќе ја израмнат најдолгата победничка плејоф серија во НБА ?!! (тешко дека ќе ја минат ОКЦ со 4:0, но се е можно, како играат) Секако, целта е да се земе титула, ама зошто и при тоа да не се направи нов рекорд НБА, пример 13 победи во ред (y) ??!!

Јас многу не ги сакам Спарс (од аспект што изминативе 15 години беа во нивни знак), ама кога е за рекорди рушење, гласам за СПАРС оваа година и мило ќе ми биде, искрено !

историјата, ко за беља, се повторува: 99, локаут, скратена сезона Спарс руши рекорди, зима титула ....................2012, локаут, Спарс многу блиску до феноменален repeat...............

реши го ребусот : Спарс + локаут = ? :confused: :свиркам:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ништо вечер од спортклуб а?
Мене не ми е јасно што пакет имаат откупено. Скоро ништо не дадоа од плеј офот. Барем сега се финалињата, требаше да ги даваат.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.765
Поени од реакции
11.755
^
Глупости... сеа гледам ќе давале Челзи - Баерн а на другата Барса - Билбао.
Баш на крај на месец кога нема лимит:place:
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.071
Поени од реакции
45.892
На СК наредна текма ќе е Оклахома, третиот дуел.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.916
Поени од реакции
23.337
Дајте линк да глеамо драфт лотаријава !
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.257
Мене не ми е јасно што пакет имаат откупено. Скоро ништо не дадоа од плеј офот. Барем сега се финалињата, требаше да ги даваат.
30 утакмици од плеј оф-от, вклучувајќи го и финалето на крај.. дал ќе биди 4 или 7 меча, цело ќе биди пренесувано.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom