Еднаш... не така премногу оддамна фаровите ги правеа од стакло кое никогаш нема да оди во 3 лепе... арно ама, прегоруваше сочивото и си требаше нов фар. Фаровите обично се фаќаа од било што... освен оние специфичните по надворешна форма, каде беше малце позаебано, но во основа, под стаклото се криеше сочиво во правоаголна или кружна форма, кое со малку знаење и работа на мозокот може да се препакува од нешто...
Сега имаме пластични коли со пластични фарови и тука проблемот е троен:
1. Не е стакло однадвор, пластика е, и таа пластика матира.
2. Сочивото секако прегорува.
3. Секоја кола си има специфично сочиво.
Значи, пластика, како пластика, си матира и тука решението е следно:
1. Водна П1000, П2000, се до добивање мазна, ептен мазна површина.
2. Полирање: Прво Пурол (го обожавам и секаде го употребувам
), а потоа некоја ептен фина полир паста за да светнат убаво.
3. Со самото матирање УВ филтерот е веќе ојден. Така да... еднаш полирани, потоа на секои 2-3 години или порано ќе треба третман на фаровите. Додека и сочивата не прегорат.