Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Aко ти е толку грижа за UV филтерот, купи си нови фарови.

п.с. еднаш, на времето ги праеја фаројте од стакло. Ене ги на мерцедесот, 30+ години, ко нови се. Ама то беше еднаш...
Е дури ни на фичовчците не матираат.. мора да има некаква супстанца што ќе реагира со оксидот без абразивни средства да се исчисти.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Е дури ни на фичовчците не матираат.. мора да има некаква супстанца што ќе реагира со оксидот без абразивни средства да се исчисти.
Јас имав сличен проблем на веспата... (China shit) Километражите со тек на време пожолтеа, поприлично многу. Го решив со најфина паста за полирање кола, 20-30 денари е малечко шише ~100 грама.

Инаку, пластика е ова, не е метал па да реагира со оксидот... освен полирање, како опција имаш замена со нова или да продолжиш да ги користиш такви какви шо се. Супстанца шо ќе реагира со пластиката, ќе ја стопи цела комплетно...
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Јас имав сличен проблем на веспата... (China shit) Километражите со тек на време пожолтеа, поприлично многу. Го решив со најфина паста за полирање кола, 20-30 денари е малечко шише ~100 грама.

Инаку, пластика е ова, не е метал па да реагира со оксидот... освен полирање, како опција имаш замена со нова или да продолжиш да ги користиш такви какви шо се. Супстанца шо ќе реагира со пластиката, ќе ја стопи цела комплетно...
Мислев на на ова од ебај.
Еве го како делува без шмирглање.
ACRYLIC LENS DEOXIDIZER. Не мора да е метал за да се створи оксид.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Мислев на на ова од ебај.
И машко и... Ибеј... да не те свати некој погрешно :)

Еве го како делува без шмирглање.
ACRYLIC LENS DEOXIDIZER. Не мора да е метал за да се створи оксид.
Убо јас ти кажав, ти упорно ми тврдиш нешто 10-то. Ама еве ти, пошо неможиш да го видиш, ќе ти го копирам овде, па ваљда ќе ти е појасно


That was NOT a plastic lens cover! It was glass, which explains how "easily" it was cleaned. How can you tell it's a glass headlight? Look at the three alignment lugs on the front, which no plastic lens cover has.
Ова ти стои во делот Uploader Comments, под видеото.

Така да, земи таму на нормален начин исполирај то пластиката... и не се заебавај :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
И машко и... Ибеј... да не те свати некој погрешно :)
А битолчани одма Битолки разбираат :)
Убо јас ти кажав, ти упорно ми тврдиш нешто 10-то. Ама еве ти, пошо неможиш да го видиш, ќе ти го копирам овде, па ваљда ќе ти е појасно



Ова ти стои во делот Uploader Comments, под видеото.

Така да, земи таму на нормален начин исполирај то пластиката... и не се заебавај :)
Е нема каде да бега сега освен што врне надвор и е ладно. Ќе му дадам полир паста па што сака нека биде.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Еднаш... не така премногу оддамна фаровите ги правеа од стакло кое никогаш нема да оди во 3 лепе... арно ама, прегоруваше сочивото и си требаше нов фар. Фаровите обично се фаќаа од било што... освен оние специфичните по надворешна форма, каде беше малце позаебано, но во основа, под стаклото се криеше сочиво во правоаголна или кружна форма, кое со малку знаење и работа на мозокот може да се препакува од нешто...
Сега имаме пластични коли со пластични фарови и тука проблемот е троен:
1. Не е стакло однадвор, пластика е, и таа пластика матира.
2. Сочивото секако прегорува.
3. Секоја кола си има специфично сочиво.
Значи, пластика, како пластика, си матира и тука решението е следно:
1. Водна П1000, П2000, се до добивање мазна, ептен мазна површина.
2. Полирање: Прво Пурол (го обожавам и секаде го употребувам :)), а потоа некоја ептен фина полир паста за да светнат убаво.
3. Со самото матирање УВ филтерот е веќе ојден. Така да... еднаш полирани, потоа на секои 2-3 години или порано ќе треба третман на фаровите. Додека и сочивата не прегорат.
 
Член од
20 април 2009
Мислења
33
Поени од реакции
0
Од што настана ударот? Во цилиндарот кај шо беше скршената клипница шо имаше внатре?

т.е. шо смена на моторот?
Znaci udarot e posledica na skinata klipnaca pri sto go unisti i blokot. Vo cilindarot nemase nisto osven ostatoci od klipnacata i blokot 2012-01-20 15.06.08.jpg
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Значи основната разлика помеѓу CR и „обичните“ системи е начинот на носењето на гориво до дизните?Кај CR знам (барем така мислам) како оди дотокот на гориво до цилиндрите но не сум добро запознаен со начинот на доток на гориво кај обичните.Може едно површно објаснување?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Значи основната разлика помеѓу CR и „обичните“ системи е начинот на носењето на гориво до дизните?Кај CR знам (барем така мислам) како оди дотокот на гориво до цилиндрите но не сум добро запознаен со начинот на доток на гориво кај обичните.Може едно површно објаснување?
Не. Начинот на носење на гориво до дизните е ист, горивото се носи преку цевка. Толку.

Начинот на работа на пумпата за притисок и бризгалките е сменет.
Кај обичните, притисокот го создава пумпата во секоја цевка, само на моментот кога треба да се вбризга гориво (клипот е на точка палење), додека останатите цевки се слбодни (без притисок) и полни со гориво. И така, на било кој мотор со механичко вбризгување, ако ја држиш едната цевка се осеќа “чукање“ по цевката кога ќе се зголеми притисокот - т.е. цилиндарот дошол да пали. На пумпата и треба доста сила (развива ~700 - 800 бари во секоја цевка), па е врзана на ременот што ја врти радилицата.

Кај комон реил моторите, пумпата го држи притисокот константен во сите цевки, додека дизните се електронски контролирани и се отвараат по потреба (имаат електро-механички вентили). На пумпата не и треба толку голема сила бидејќи притисокот е константен во сите цевки, и е поврзана на електромотор.
--- надополнето: 28 мај 2012 во 22:31 ---
Znaci udarot e posledica na skinata klipnaca pri sto go unisti i blokot. Vo cilindarot nemase nisto osven ostatoci od klipnacata i blokot
Можно е моторот да имал друга мака... и да не го пикнал маслото во цилиндрите.

Ако тргниме од таа претпоставка, дека не го има согорено маслото... друго разумно решение е дека нешто во пумпата за гориво се сјеба, и ја откачи гаста до даске, а она шо се случило е последица на вртење на дизел мотор (со голема километража) на високи вртежи (над 5000).

Пумпата си ја пробал дали функционира, и во каква состојба е?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
10
Поени од реакции
0
Сакам да купам Опел корсa ваква каросерија, 1.0 или 1.2 со 3 или 5 врати не е битно тоа... дали некој може да ми каже што потрошувачка имаат и дали се исклајќа да се купи, до сега сум слушал дека се супер и многу малце трошеле. Opel-Corsa-B.jpg
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Сакам да купам Опел корсa ваква каросерија, 1.0 или 1.2 со 3 или 5 врати не е битно тоа... дали некој може да ми каже што потрошувачка имаат и дали се исклајќа да се купи, до сега сум слушал дека се супер и многу малце трошеле.Прегледај го приврзокот 44008
Jas imam corsa 1.0 12V od 2000god, za odrzuvanje se eftini osven senzorite tie se poskapi (jas gi imam smeneto pred 2-3000 km, potrosuvacka mojata vo grad 6.5, na otvoreno ispod 5 realno i mereno od mene, ima pominato 66.000 km

e sega kolku pari bi odvoil za korsa ?
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
10
Поени од реакции
0
Jas imam corsa 1.0 12V od 2000god, za odrzuvanje se eftini osven senzorite tie se poskapi (jas gi imam smeneto pred 2-3000 km, potrosuvacka mojata vo grad 6.5, na otvoreno ispod 5 realno i mereno od mene, ima pominato 66.000 km

e sega kolku pari bi odvoil za korsa ?
Па зависи... дали е каросериски добро сочувана, моторот дали е добар... морам да ја видам за да ти кажам... ти колку ја даваш?
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
31
ke moze nekoj d ami protolkuva zapisnik, znaci vcera me zastana policija bez vozacka t.e na ne polozeno inaku sum maloleten za mesec dena punam 18,dzandarot go naprai zapisnikot na moja licna karta znaci e na moe ime i kaznata kee na moe ime ,dzandarot mi kaza deka otkako ke ja dobijam kaznata vo rok od 8 dena ako ja platam e 150evra znaci i mi kaza deka kaznata ke mi stigne za mesec dena....dali dobro sum go razbral il ima neso so neznam ???
 
Член од
20 април 2009
Мислења
33
Поени од реакции
0
Не. Начинот на носење на гориво до дизните е ист, горивото се носи преку цевка. Толку.

Начинот на работа на пумпата за притисок и бризгалките е сменет.
Кај обичните, притисокот го создава пумпата во секоја цевка, само на моментот кога треба да се вбризга гориво (клипот е на точка палење), додека останатите цевки се слбодни (без притисок) и полни со гориво. И така, на било кој мотор со механичко вбризгување, ако ја држиш едната цевка се осеќа “чукање“ по цевката кога ќе се зголеми притисокот - т.е. цилиндарот дошол да пали. На пумпата и треба доста сила (развива ~700 - 800 бари во секоја цевка), па е врзана на ременот што ја врти радилицата.

Кај комон реил моторите, пумпата го држи притисокот константен во сите цевки, додека дизните се електронски контролирани и се отвараат по потреба (имаат електро-механички вентили). На пумпата не и треба толку голема сила бидејќи притисокот е константен во сите цевки, и е поврзана на електромотор.
--- надополнето: 28 мај 2012 во 22:31 ---
Можно е моторот да имал друга мака... и да не го пикнал маслото во цилиндрите.

Ако тргниме од таа претпоставка, дека не го има согорено маслото... друго разумно решение е дека нешто во пумпата за гориво се сјеба, и ја откачи гаста до даске, а она шо се случило е последица на вртење на дизел мотор (со голема километража) на високи вртежи (над 5000).

Пумпата си ја пробал дали функционира, и во каква состојба е?
Ne ja nemam probano. Po ova ,,napara,, nekako mi e strav da ja probam na kola a ne znam koja dijagnostika ce ja ima na izvaena da se testira zatoa sto sakam da ja proveram elektronikata na istata. Taa mi e najsomnitelna. Ako bese mehanikata vo prasajne smetam deka ce imase nekoj predhodni ,,simptomi,, (nenormalna rabota i sl.) :cautious:
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Па зависи... дали е каросериски добро сочувана, моторот дали е добар... морам да ја видам за да ти кажам... ти колку ја даваш?
Друже џам е и затоа не ми се дава, кога би ја давал 2500 би и барал, рачунај 250-300 евра се само сензорите што треба да ги смениш (а сигурно не се сменети на некој па да ја продава така)
може на некој му се многу ама затоа има и по 1800-2000 евра корси еден куп
 

Kajgana Shop

На врв Bottom