Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
1.9тди во споредба со 1.9jtd, кој се разликите?
потрошувачка?
и ме интересира 1.9 ТД (турбо дизел) моторите дали се слични на тди и која потрошувачка ја имаат.
поздрав
 
1.9 jtd Alfa Romeo 156 - од 7 во град ми нема надминато, на отворено зависи колку ти е тешка ногата мада у просек 5-5,5
 
Ај вака (пошо се сметам за поискусен) да претпоставам шо се има дешавано...
Искривување на клипници се дешава од хидро удар (или некаква содржина со поголема специфична густина од воздух), која што се компресира далеку помалце, т.е. клипот добива двојно оптеретување: едно од радилицата што го турка нагоре, едно од смесата горе што не се компресира правилно.

99% сум сигурен дека наместо на дизел, колата ти има работено на масло. Или некаков микс масло + дизел (масло од усисна грана + дизел од бризгалка). Како дошло маслото до усис, е многу едноставно да се предвиди: или преку турбината, или преку филтерот за воздух. И многу јасно дека 1. неможиш да ја угасниш колата, 2. зголемува гас до даска, 3. повлекува масло во цилиндрите неконтролирано, 5. останува без подмачкување на виталните делови, 6. хидро удар = ојде моторо јабана.

Убај слики си постирал :)

п.с. среќник си, вакво нешто се случува 1 на 10.000...

Vo red e i se slozuvam okolu ova predpostavka samo sto kako sto vece rekov cadot sto go ispustase bese crn (rezultat na sogorea nafta) doteka cadot sto go pravi masloto e sosem podrug. Turbinata rabotese i seuste raboti super (znam bidejci ja koristam seuste istata) ne znam samo dali elektronikata na boshot t.e. regulatorot mozi da predizvika vakvo nesto i nacin da go proveram istoto.[/quote]
 
Vo red e i se slozuvam okolu ova predpostavka samo sto kako sto vece rekov cadot sto go ispustase bese crn (rezultat na sogorea nafta) doteka cadot sto go pravi masloto e sosem podrug.
Да, така е, чадот од масло е сив и лошо мириса. Ама никако неможам да го поврзам поинаку хидро ударот со сите 4 клипови. Ако е од вода (продуван диктон на глава и сл) најчесто една клипница се витка. А на сликата 3-те беа напраени ко Ѕ буквата, едната беше комплетно скината... од диктон то неможи да се случи.

Turbinata rabotese i seuste raboti super (znam bidejci ja koristam seuste istata) ne znam samo dali elektronikata na boshot t.e. regulatorot mozi da predizvika vakvo nesto i nacin da go proveram istoto.
Според ова шо го читам веќе си го поправил истиот мотор?
 
1.9тди во споредба со 1.9jtd, кој се разликите?
потрошувачка?
и ме интересира 1.9 ТД (турбо дизел) моторите дали се слични на тди и која потрошувачка ја имаат.
поздрав

Според мене,ТДИ-то е со бош пумпа,а кај JTD нема бош,туку комон реил систем.Ете ти една разлика.Сум слушнал дека ТДИ-то,се покажал како еден од најиздржливите мотори воопшто произведени.JTD моторот го има кај италијански возила,Алфа,Фиат,а ТДИ-то кај германските Волксвагенот и Аудито,исто како и кај Шкода и Сеат.Земај си ТДИ и нема да згрешиш,мада многу го фалат и JTD моторот.И двата мотора се 1.9.
 
Како можи да нема т.н. „бош“-пумпа или правилно високопритисна пумпа?! Што тогаш ќе создава притисок од преку 1000 бари во цевката (rail)?
И тоа со издржливоста ти се чаршиски муабети кои врска немаат. Ако дојди одлукава помеѓу common-rail и обичен турбо дизел мотор, треба глуп да си да одбериш обичен.
 
Според мене,ТДИ-то е со бош пумпа,а кај JTD нема бош,туку комон реил систем.
Ама то е според тебе.

А според VAG имаш и такви и онакви, зависи од годината во која се произведени. “Oбични“ се 1.9 TDi со 90 и 110 кс (се вградуваа од 1993 Гољф 3, 4, Ауди А3, А4, А6) моделски некаде до 2000-та. После ги заменија со комон реил, па има машини со 105/115/131 кс.

Kaj Фиат, си слушнал, ама ич не си чактисал, “обичните“ се викаа JTD, додека комон реил имаат MultiJet наставка....

И двата мотора се 1.9.
Wrong. Фиатовиот мотор е 2.0 (го вградуваа во опел како EcoTec DTI), ама онај JTD, мада го има и во варијанта 2.4 JTD. МултиЏетот е со намалена зафатнина од 1.3 л (ова важи за Фиат моделите, кај алфа останаа 1.3 и 1.9 за избор).
--- надополнето: 26 мај 2012 во 19:16 ---
Како можи да нема т.н. „бош“-пумпа или правилно високопритисна пумпа?! Што тогаш ќе создава притисок од преку 1000 бари во цевката (rail)?
Се можи, само треба да се сака :)

И тоа со издржливоста ти се чаршиски муабети кои врска немаат. Ако дојди одлукава помеѓу common-rail и обичен турбо дизел мотор, треба глуп да си да одбериш обичен.
Не му е јасно дека со зголемувањето на притисокот, е подобрено вбризгувањето на горивото. Со тоа, подобро согорува, или во превод помалце гориво за иста сила. = ПОГОЛЕМА МОЌНОСТ или НАМАЛЕНА ПОТРОШУВАЧКА.

Апсолутно нема никаква врска со издржливоста на моторот. И да, треба да си глуп за да го земиш обичниот.
 
Ама то е според тебе.

А според VAG имаш и такви и онакви, зависи од годината во која се произведени. “Oбични“ се 1.9 TDi со 90 и 110 кс (се вградуваа од 1993 Гољф 3, 4, Ауди А3, А4, А6) моделски некаде до 2000-та. После ги заменија со комон реил, па има машини со 105/115/131 кс.

Kaj Фиат, си слушнал, ама ич не си чактисал, “обичните“ се викаа JTD, додека комон реил имаат MultiJet наставка....

Wrong. Фиатовиот мотор е 2.0 (го вградуваа во опел како EcoTec DTI), ама онај JTD, мада го има и во варијанта 2.4 JTD. МултиЏетот е со намалена зафатнина од 1.3 л (ова важи за Фиат моделите, кај алфа останаа 1.3 и 1.9 за избор).

Нели и во Пасатите се ставаа тие 1.9 тди,и во Шкода Фабиа,после и во Сеат Ибица,1.9 SDI,тој би требало да е без турбо полнач,т.е обичен дизел,ама има и со турбо,итн.Ме интересира кога веќе почнавме,нели имаше 1.9 и во Фелиции што се вградуваше.Зборот ми е,дали тој 1.9 мотор од Шкода Фелиција е истиот како шо праиме муабет,значи за голфови ауди и сл.И уште едно.Тој 2.0 DTI 74 kw 100 кс мотор,во опел што се вградува,е развиен од Фиат или не?
 
Нели и во Пасатите се ставаа тие 1.9 тди,и во Шкода Фабиа,после и во Сеат Ибица,1.9 SDI,тој би требало да е без турбо полнач,т.е обичен дизел,ама има и со турбо,итн.Ме интересира кога веќе почнавме,нели имаше 1.9 и во Фелиции што се вградуваше.Зборот ми е,дали тој 1.9 мотор од Шкода Фелиција е истиот како шо праиме муабет,значи за голфови ауди и сл.
Ај вака...
1.9 влечи корени од познатата верзија на Голф 2 со ознака GTD. Базиран е на 1.6 D моторот што се вградуваше во Голф 1 и 2 (блокот е идентичен), но има разлики во клипниците, радилицата и големината на клиповите (300 цм кубни, поделено на 4 цилиндри е 75 кубни цм по клип, да неречам многу малце).

Сите, апсолутно сите деривати на 1.9 TDI се базирани на тој блок. Значи, основата е иста, радилицата е иста (клиповите можно е да се различни поради зголемената компресија), а видлива разлика (со око) единствено има во главата на моторот.

1.9 SDi е онај обичниот мотор без турбо полнач (развива ~70 кс). Го вградуваа во помалите модели на VAG: Ибица, Поло, Фелиција... Поретко Ауди А3, Голф 3 и 4 (мада го има).
1.9 Тди со 90/110/105/115/131 го има секаде. Го вградуваа во сите модели. И да, истиот е. Шкода Фелиција 1.9 со 90 кс, е ист со Голф 4 1.9 со 90 кс.

И уште едно.Тој 2.0 DTI 74 kw 100 кс мотор,во опел што се вградува,е развиен од Фиат или не?
Поради проблемите што ги имаше Опел со нивниот 1.7 D мотор (серијата на првата Астра 1991-1996) и замената со Исузу машини засилени со турбо (има разлика измеѓу Опелски и Исузу мотор), се одлучија во соработка со Фиат да го произведат моторот. Базиран е на Фиатовиот 1.9 ТD мотор шо се туркаше во типо, пунто и сл... Со доработката, доби екстра 10~15 кс + интеркулер, и подобрена издржливост. Опел го означија како 2.0, а фиат како 1.9 (ваљда макретинг финта).
 
Да, така е, чадот од масло е сив и лошо мириса. Ама никако неможам да го поврзам поинаку хидро ударот со сите 4 клипови. Ако е од вода (продуван диктон на глава и сл) најчесто една клипница се витка. А на сликата 3-те беа напраени ко Ѕ буквата, едната беше комплетно скината... од диктон то неможи да се случи.

Според ова шо го читам веќе си го поправил истиот мотор?
Da. Go smeniv komplet, samo turbinata ostana. Inaku glavata od motorot ne bese ,,nacnata,, t.e. bese kako nova.
 
Da. Go smeniv komplet, samo turbinata ostana. Inaku glavata od motorot ne bese ,,nacnata,, t.e. bese kako nova.
Од што настана ударот? Во цилиндарот кај шо беше скршената клипница шо имаше внатре?

т.е. шо смена на моторот?
 
Како можи да нема т.н. „бош“-пумпа или правилно високопритисна пумпа?! Што тогаш ќе создава притисок од преку 1000 бари во цевката (rail)?
И тоа со издржливоста ти се чаршиски муабети кои врска немаат. Ако дојди одлукава помеѓу common-rail и обичен турбо дизел мотор, треба глуп да си да одбериш обичен.
Две џуџиња има под хауба што дуваат у дизните
 
Две џуџиња има под хауба што дуваат у дизните
tumblr_m3w80blayc1r23c9zo2_400.png

Шерет си!
Се можи, само треба да се сака
Да, во право си. Ама таков мотор кога сме кај половна кола... :unsure:
 
Како светлата да добијат онаа непрозирна боја? Читав доста на нет, некои преферираат со полирање машинско, некои со паста за заби, шмиргли и т.н. а резултатот е ист после 5-6 месеци повторно ист ритуал. Но освен тоа и UV заштитата се уништива вака.
Некој пробал со алкохолен оцет да одстои околу 60 мин врз светлото и после да се измие со вода? Така и таа UV заштита не би требало да се уништи.
 
Aко ти е толку грижа за UV филтерот, купи си нови фарови.

п.с. еднаш, на времето ги праеја фаројте од стакло. Ене ги на мерцедесот, 30+ години, ко нови се. Ама то беше еднаш...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom