Messanger
Аскер
- Член од
- 15 октомври 2011
- Мислења
- 380
- Поени од реакции
- 344
Дали некогаш сте се запрашале од каде потекнувате, како сте дошле вие тука, кој биле вашите прадедовци. Обично тоа го бараат оние стремени кон историја.
Доста е тешко да ги најдете вашите корени бидејќи тоа зависи од вашите прадедовци или дедовци кои може да ви го кажат тоа и ако навистина знаат.
Се обидов, до некаде ми успеа. Никому не му е гајле за тоа како јас сум дошол на овој свет, но ќе го споделам, изгледа премногу сериозно го сфатив тоа
Имено не знам колку се веродостојни годините бидејќи не ги ни проверив не го знам точниот животен век на моите предци. Успеав да допрам до години околу 1700-те...
1. Стеблото па потоа животни случувања.
Пестимија: Била од соседното село, таа не останала вдовица, се премажила за Андо дојденец од некое село Рибник ( не сум истражувал каде е тоа село ) и оставиле потомок Ефрем и Арсо.
Андо: Бил земјоделец се преженува за Пестимија немале имот па затоа Андо ја довел тетка му да живее со нив ( ваљда биле млади ) таа поседувала 60 овци, 2 ѕевгара, 30 ектара обработлива почва и 40 ектара пасиште ( во селото каде е родена ) имено Пестимија не заминала да живее кај Андо туку Андо дошол во куќата на Прчко.
Ефрем: За потеклото на Ефремовиот брат Арсо не ми беше потребно, Ефрем се жени ( не е познато името на жената ) таа умира рано и не остава потомок. Ефрем се преженува и добива 3 сина Тоде, Димко и Ѓорѓи. - Ефрем бил Кмет во селото познат трговец, го снабдувал селото со некои предукти ( нез. како одело тоа ) а тргувал во Солун и Софија.
Ѓорѓи: Ѓорѓи бил син на Ефрем, доживеал длабока старост од 90-тина години, бил кривулест и крупен човек. Како Андо, Ефрем и Ѓорѓи останал да живее во истото село. Жената на Ѓорѓи е непозната по име и умрела млада, остава потомок Савка. Ѓорѓи се преженува со Палагија која доведува дете по име Томе. Ѓорѓи доживува 3 среќи Јана, Божана и Александар.
Александар е фактички мојот прадедо. Се жени за Ратка и има 7 мртви/изгубени родени деца се раѓа Стојан ( името Стојан е дадено што требало да значи Стоп / Стој за смртта на децата ) и малку подоцна е родена Загорка. Александар е евидентиран како Сане. Живеел за време на војните, единствено што знае се Бугарите, никогаш не се вклучува во партизанските одреди поради омразата кон Тито ( причината е конфискување на имотите со цел формирање на задруги / Колективизација ), инаку тежок ВМРОвец...
Доживува старост од 92 години, Умира во 2004 во Штип ( одамна преселен во село во близина на Штип )
Стојан: Мој дедо, сеуште жив, од него ми остана многу т.е сето мое знаење за колена на назад а за таа благодарност во 2007 направив кратки клипови кои ги зачував на CD каде тој ги раскажува животните стории од детството, германски војски и палењето на околните села ( и причина за палењето ) поколението од Прчко до денес.
Пандора: Мојата баба. Единствено на што многу ме чуди е нејзиното име. Името Пандора не знам колку е често но јас го поврзувам со митовите на античките народи и Пандорината кутија ( ваљда не знаеле за мечките панди во Кина ) сепак таков детал во така изолирани места далеку од градовите ( и градовите едвај постоеле ) не знам од каде ама со сигурност можам да кажам дека не е пропаганда.
Доста е тешко да ги најдете вашите корени бидејќи тоа зависи од вашите прадедовци или дедовци кои може да ви го кажат тоа и ако навистина знаат.
Се обидов, до некаде ми успеа. Никому не му е гајле за тоа како јас сум дошол на овој свет, но ќе го споделам, изгледа премногу сериозно го сфатив тоа
Имено не знам колку се веродостојни годините бидејќи не ги ни проверив не го знам точниот животен век на моите предци. Успеав да допрам до години околу 1700-те...
1. Стеблото па потоа животни случувања.
Прчко – Пестимија
↓
Нема потомок ( Прчко е убиен )
↓
Андо - Пестимија
Ефрем Арсо
↓
( 1775 ) Ефрем – непозната жена Арсо – непозната жена
(умира рано )
Јован Коцо
Ефрем – Миса
( 1857) Ѓорѓи Димко и Тоде
↓
Ѓорѓи – непозната жена ( умира млада )
Савка ( ќерка )
↓
Ѓорѓи – Палагија ( доведува дете Томе )
Јана, Божана и Александар ( 1914-2004 )
↓
Александар – Ратка ( 1912 - 1987 )
Стојан Загорка
↓
Стојан – Пандора
Тони, Зоран, Соња
↓
Тони – Елизабета
Ѓорѓи Адријана
↓
Јас
Историја: Прчко - Името е примитивно и те како, не знам ништо пред него, за него се знае дека бил доста силен, снажен човек кој живеел во село северно од Штип. За него не знам многу освен дека го нарекле "Прч" затоа што стоел на раце ( валда чудо им било тоа не знам ) според него и маалото во кое дедо ми ( Стојан ) пораснал било наречено Прчково маало бидејќи селото било доста големо и било поделено на маала. Прчко е убиен од Лазаринци во тепачка за некој имот ( лозје )Пестимија: Била од соседното село, таа не останала вдовица, се премажила за Андо дојденец од некое село Рибник ( не сум истражувал каде е тоа село ) и оставиле потомок Ефрем и Арсо.