Види, од лаптопите не би им земал, Мек за работа (дизајнерска, бизнис итн) да, ајфон до 4ка и нормално iPad што веќе имам.
Кога збориме за потреби, еве да го анализираме новиве Android-и. Quad-core, чуму?
Па на iPad-ов што го имам можам да пуштам 30 апликации во позадина и секоја си работи топ со dual-core процесор.
На презентацијата покажуваат дека видео од 2 инчи од јутјуб може да работи додека сурфате. Сериозно, 2 инчи во дијаметар, демек тоа ќе гледате?
Ќе правите фотошоп дизајни на квад кор на 5 инчен екран?
Или само за игрите е квад-кор?
Тоа ти е како јас да ти продавам сега најјак десктоп компјутер, за ти да идеш на јутјуб и да сурфаш на него.
Apple одамна го виде ова, затоа 4с (колку и да е глуп), барем не се промовираше на квад, six-pack и слични хардверски глупости - туку на Siri. Јесда Сири е глупо, ама сигурно е попрактично него тој квадот што е во One X.
Вие викате според потребите, јас викам - да. Затоа сега се воведе таблетот од 10 инчи, кој е за сите мултимедијални и други позахтевни потреби. На него квад-кор? Можеби, иако е рано.
На телефон со ICS за после да ми се фалите како идел брзо?
Не бе друже, ние со ајфони сме забегани после.
Значи реков, реално за мене е мејнстрим телефон (не мора ајфон де) со еден гига процесор и солидна камера. Сири, квад-кор, ова/она...тоа е се само залуден обид на компаниите да ве тераат да трошите пари за нови телефони.