МАКЕДОНСКИТЕ ЕКИПИ НА "ФИЛИП ВТОРИ" ЌЕ ГИ ИГРААТ ЕВРО НАТПРЕВАРИТЕ
"Добивме информација од акционерското друштво дека 'Филип Втори' ќе биде комплетно подготвен за натпревари на почетокот од јули, што значи Вардар ќе може квалификациите во ЛШ да ги игра на својот стадион", вели Зоран Шишковски
Иако до крај ќе остане неизвесноста колку ќе биде на време подготвен теренот на нашиот најголем стадион "Филип Втори Македонски", сепак, последните информации говорат дека македонските екипи ќе може своите натпревари на европската сцена ова лето да ги играат на истиот.
--- надополнето: 30 мај 2012 во 00:12 ---
САЛИ, ЕЛМАЗОВСКИ, НИКИТОВИЌ И ЦУЦУЛИ "СЛОБОДНИ"
"Ние сакаме да ги задржиме сите четворица, но исто така ќе зависи и од нив колку ќе сакаат да останат", велат од Шкендија
Шкендија во наредниот период ќе има многу работа околу играчкиот кадар. Поточно на задржување на четворица стандардни фудбалери на кои им истекоа договорите по завршувањето на сезоната. Станува збор за Ерсен Сали, Ардијан Цуцули, Владимир Никитовиќ и Илир Елмазовски, кои откако заврши шампионатот, немаат повеќе професионални обврски кон Шкендија.
--- надополнето: 30 мај 2012 во 00:15 ---
СО СМЕНАТА НА ХАРАЛАМПИЕ ДА СЕ ОБЕДИНИ ФФМ
"Ниту еден од делегатите со кои комуницираме не рекол дека не е време за смена на Хаџи-Ристески. Прилепчанецот кукавички се обидува да се спаси", најавија фудбалските работници кои тргнаа во"војна" со актуелниот режим во "куќата на фудбалот"
Преостануваат уште 24 дена до најавената смена на Харлампие Хаџи-Ристески.Момент на кој фудбалската јавност чека со години и години и чин кој е неопходен доколку оваа држава посакува да го спаси фудбалот од актуелната анархија. Се е регуларно. Иницијативата за Вонредно собрание нема нитуеден "грам" на неправилности.