Редовна војска повторно?

M

Moon Child

Гостин
мене за регуларната ми имаа одложено 4 години зашо не одговарав со килажата према метражата :D ваљда и кај тебе важи истото,е сега треба да си појака физички инаку не знам што би барала таму.........
Јас веќе бев 10 дена во војска лани, мене кога ме мереа во воена болница имав 47 кг, арно ама за да не ме вратат за 3 кг и пошто сум женско ми попуштија и ми допишаа 3 кг. Во војска кога влегов, влегов со 45 кг, значи после воена болница ослабев уште 2 кг.
Сега, тоа што пишува 4 години неспособна можно ли е некако да се поништи ? Стварно сакам пак да се пријавам, ветувам дури и дека ќе качам кг само заради тоа.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288

не знам зошто комплицираш,ти дале 4 години да зајакниш,ако не успееш во тоа - нема армија !

на здравствениот картон исто пишува и “сила“ која одоко ја мереа до 5 - кога ми одложија напишаа 4,арно ама по четири години силата ми дојде 5 и мораше да ги пакувам куферите :D
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.865
Поени од реакции
23.256
Јас веќе бев 10 дена во војска лани, мене кога ме мереа во воена болница имав 47 кг, арно ама за да не ме вратат за 3 кг и пошто сум женско ми попуштија и ми допишаа 3 кг. Во војска кога влегов, влегов со 45 кг, значи после воена болница ослабев уште 2 кг.
Сега, тоа што пишува 4 години неспособна можно ли е некако да се поништи ? Стварно сакам пак да се пријавам, ветувам дури и дека ќе качам кг само заради тоа.
ке си одиш во народна одбрана или како се вика сега и ке си прашаш, од прва ке ти кажат можи или не.
сега колку толку знаеш како стои работата така да ако сметаш дека психофизички си способна да ислужиш, не гледам причина зошто да не. посебно ако сакаш сама да одиш.
тоа за 4 години дали смееш или не никој не го знае пошто на времето беше обавезно служењето воен рок и никој кој добил одложување на воен рок( се надевал или работел на тоа) ни на крај на памет не му паднало сам да се пријави, баш напротив дури си се надевал дека на следниот систематски ке го прогласат за неспособен доживотно.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Јас знам неколкумина мои врсници кои служеа воен рок само поради работното место ’професионален војник’, ретко денеска да сретнеш ’гуштер’ во војска!

Инаку заборавете на резервниот состав, после 2001 и стотината инвалиди кои останаа неспособни за прехранување а и денар не видоја од државата, тешко дека некој пак ќе оди на фронт.

Колку за илустрација видете во Хрватска како ги чуваат воените ветерани!

Сега си имаме професионална војска, колку е толку е ќе не брани!
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Воа им е за правење пари,некој членови им го разбраа бизнисот..
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
а знае некој како иде килажата со висината за прием во војска
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
а знае некој како иде килажата со висината за прием во војска
Ам ако си ко богомилка со 45 кила и 180 см сигутно ќе те одбијат

Не бараат манекенски пропорци ама мора да си во граница на пример 70 (+/-5) кг на 180 см
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Ам ако си ко богомилка со 45 кила и 180 см сигутно ќе те одбијат

Не бараат манекенски пропорци ама мора да си во граница на пример 70 (+/-5) кг на 180 см
189 со 85 кила сум
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.305
Тамам :)

Да те регрутираа кога беше задолжителна војската пешадија или гарда не ти бегаа xD
a пошто сум помлад и незнам тогаш регрутираа според висина и тежина и ако знаеш какви оделенија постоеа тогаш
 
Член од
13 октомври 2011
Мислења
29
Поени од реакции
13
Дали има некој од вас сега бргу што бил во војска или пак познава некој таков? Во Велес се служи знам но некои искуства би сакал да чуем како е што е
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
a пошто сум помлад и незнам тогаш регрутираа според висина и тежина и ако знаеш какви оделенија постоеа тогаш
Правилита им се исти при регрутација и тогаш и сега. Со твоја висина и тежина се сметаат за поиздржливи и најчесто "големите" момци одеа во пешадија,воена полиција или гарда , тие со просечна градба одеа врскари,логистика,кувари и такви ствари а сите што беа испод килажа,висина, далтон или психички не се ко шо требит ги правеа неспособни
Јас кога служев бевме мешани со платеници и нив ги имаше во сите категории па и сега би требало да се истите поделби во армијата .
Најчесто на тие што ги исполнуваа сите услови при регрутација им даваа опција да бираат што сакаат а за сега не знам како оди :)
 
M

Moon Child

Гостин
Дали има некој од вас сега бргу што бил во војска или пак познава некој таков? Во Велес се служи знам но некои искуства би сакал да чуем како е што е
Јас бев лани во Велес, од моето скромно познавање, еве, ќе ти ископирам што напишав на друг форум :)
-----
Треба да си многу физички спремен. Ако планираш да одиш во војска, имај на ум дека тоа воопшто не е заебанција. Првите денови е многу тешко и нормално е дека ќе кенкаш за дома. Оди тренирај нешто, трчај, кондиција набивај. И психички спреми се ако планираш да издржиш. Досадно е кога ти кењаат старешините над глава, особено ако си темпераментен тип. Мораш тоа да го отстраниш, јбг авторитет се и мора да ги трпиш и да им одговараш на секое со Разбирам, постар воднику (внеси рандом чин).
Послушност, дисциплина како што кажав, мора. Мобилни телефони се забранети, ама лесно можеш да ги шверцуваш внатре, друго несмееш ништо, за мобилните прогледуваат низ прсти колку-толку. Заебанција нема, касетите (шкафчињата) мора да бидат секогаш под конец наредени, растурен кревет исто така - нема. Креветот МОРА да е скоцкан секогаш кога ќе се разбудиш несмееш да си дозволиш да ја напуштиш собата а креветот да биде џумбус, незнаеш кога ќе налетаат да проверат. Го местиш како што е правилно, не по твое да си диплиш, туку според правила и прописи. Чаршафот несмее да биде провиснат, туку убаво да биде оптегнат. Ако не биде, рачунај дека старешината ќе ти го растура додека не го наместиш како што треба, пропратно со навреди и исмејавање. Истото важи и за касетите (шкафчињата). Ќе ти растура се додека не наместиш како што треба и ќе ти сере над глава додека местиш (читај ќе те омаловажува).
Чистота мора да има. Метење и џогирање, нон стоп по неколку пати во денот во собата каде што се спие и во ходникот, вецињата исто така чисти, несмее ни капки во мијалникот да има, плочките исто така свежо џогирани. Се треба да свети. Прашина избришана, чизми наредени како што треба исто така под конец, ако не ќе ти ги шутира по цел ходник додека не ги наредиш, и во кревет треба да си најдоцна во 10 часот навечер. Наутро во 6 се станува.
За таму ти треба само паста и четка за заби, тоалетна хартија, бањарка, шампон, сапун, гел за туширање. Никакви други работи не се дозволени, ќе ти дадат влечки од оние Чик кафените, твои не смееш да имаш. Веш ќе си носиш од дома, нормално. Други алишта не. Само долен веш смееш. Ни чорапи несмееш, тие ќе ти дадат од таму војнички чорапи (од оние зелените до колена). Е сега за пижами незнам за машките мислам дека ги тераа да ги носат тие од касарната што им ги дадоа, додека на нас женските ни дозволуваа наши од дома да си носиме :)
Ако те интересира нешто друго, прашај ме :)

-----
Јас сум хард кор мразач на грав, ама таму пројадов. Од што морав. Друго - нема. Што ти е сервирано тоа ќе јадеш. Јадењето е катастрофа. И јас за рок од 10 дена си дојдов ослабена. Среќа живеам преку улица од касарната во Велес, па мајка ми доаѓаше и ми носеше редовно на посета по нешто да си каснам, па така и шверцувавме во собата по нешто.
-----
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
@Везилка замисли шо се дешаваше тегла ајвар некој ако истаеше xD .... и кај нас се шверцоваја јадења,цигари и по некое парче долна облека или нормални чорапи :D
 
M

Moon Child

Гостин
@Везилка замисли шо се дешаваше тегла ајвар некој ако истаеше xD .... и кај нас се шверцоваја јадења,цигари и по некое парче долна облека или нормални чорапи :D
Ние шверцувавме од оние винчини тортиците, замисли кој луксуз беше во војска да каснеш нешто благо, потоа се туравме од пиење кока кола, смоки, чипсови. Ама имаше една финта, дека бевме само 6 женски, а во собата имаше повеќе од 10 кревети, и многу касети стоеја празни. Кога доаѓаа да ни проверуваат дали е се под конец, уствари "празните" касети не ги отвараа, а ние таму го криевме богатството :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom