Дали има некој од вас сега бргу што бил во војска или пак познава некој таков? Во Велес се служи знам но некои искуства би сакал да чуем како е што е
Јас бев лани во Велес, од моето скромно познавање, еве, ќе ти ископирам што напишав на друг форум
-----
Треба да си многу физички спремен. Ако планираш да одиш во војска, имај на ум дека тоа воопшто не е заебанција. Првите денови е многу тешко и нормално е дека ќе кенкаш за дома. Оди тренирај нешто, трчај, кондиција набивај. И психички спреми се ако планираш да издржиш. Досадно е кога ти кењаат старешините над глава, особено ако си темпераментен тип. Мораш тоа да го отстраниш, јбг авторитет се и мора да ги трпиш и да им одговараш на секое со Разбирам, постар воднику (внеси рандом чин).
Послушност, дисциплина како што кажав, мора. Мобилни телефони се забранети, ама лесно можеш да ги шверцуваш внатре, друго несмееш ништо, за мобилните прогледуваат низ прсти колку-толку. Заебанција нема, касетите (шкафчињата) мора да бидат секогаш под конец наредени, растурен кревет исто така - нема. Креветот МОРА да е скоцкан секогаш кога ќе се разбудиш несмееш да си дозволиш да ја напуштиш собата а креветот да биде џумбус, незнаеш кога ќе налетаат да проверат. Го местиш како што е правилно, не по твое да си диплиш, туку според правила и прописи. Чаршафот несмее да биде провиснат, туку убаво да биде оптегнат. Ако не биде, рачунај дека старешината ќе ти го растура додека не го наместиш како што треба, пропратно со навреди и исмејавање. Истото важи и за касетите (шкафчињата). Ќе ти растура се додека не наместиш како што треба и ќе ти сере над глава додека местиш (читај ќе те омаловажува).
Чистота мора да има. Метење и џогирање, нон стоп по неколку пати во денот во собата каде што се спие и во ходникот, вецињата исто така чисти, несмее ни капки во мијалникот да има, плочките исто така свежо џогирани. Се треба да свети. Прашина избришана, чизми наредени како што треба исто така под конец, ако не ќе ти ги шутира по цел ходник додека не ги наредиш, и во кревет треба да си најдоцна во 10 часот навечер. Наутро во 6 се станува.
За таму ти треба само паста и четка за заби, тоалетна хартија, бањарка, шампон, сапун, гел за туширање. Никакви други работи не се дозволени, ќе ти дадат влечки од оние Чик кафените, твои не смееш да имаш. Веш ќе си носиш од дома, нормално. Други алишта не. Само долен веш смееш. Ни чорапи несмееш, тие ќе ти дадат од таму војнички чорапи (од оние зелените до колена). Е сега за пижами незнам за машките мислам дека ги тераа да ги носат тие од касарната што им ги дадоа, додека на нас женските ни дозволуваа наши од дома да си носиме
Ако те интересира нешто друго, прашај ме
-----
Јас сум хард кор мразач на грав, ама таму пројадов. Од што морав. Друго - нема. Што ти е сервирано тоа ќе јадеш. Јадењето е катастрофа. И јас за рок од 10 дена си дојдов ослабена. Среќа живеам преку улица од касарната во Велес, па мајка ми доаѓаше и ми носеше редовно на посета по нешто да си каснам, па така и шверцувавме во собата по нешто.
-----