Прво и основно, да се разбериме: тие 20 и кусур возачи се најдобрите возачи на планетата. Неможиш да речиш дека некој е лош, ко во прашање се нијанси и детали. Ништо друго.
А со Ред Бул ќе беше исто (читај Фетел ќе беше “млад надежен талент" исто како како како... да речиме Кубица или Ник Хајфелд) да не беше промената на правила и десетката на кец...
Алонсо... ти незнам дали памтиш, ама јас добро памтам. Во 2001 дебитираше како возач на Минарди, и праеше доста голем напредок (споредено со тимскиот колега), инаку и двата беа претпоследен и последен. За него се заинтересира Заубер, пошо се шушкаше дека Кими ќе премини во Мекларен, ама наместо Алонсо, во Заубер го зедоја Маса... А неговиот тогашен менаџер Бриаторе издејствува да го земат во Рено како тест возач, па се докажа и избори место во тимот.
Хамилтон е башка прикаска, дете на Мекларен (читај експреримент) па го протуркаа. Ако помини, помини. И помина, доста успешно.
Шо напрај Фетел? Победи еднаш во Монца ко се исчукаја сите и излезе 10 пати сејфти кар? Така и Оливие Пани има победено на Монако во 1996 а стартоваше како 16-7 (незнам точно)... па и тој беше неоткриен талент, па ништо не напрај ни со Прост тимот, ни со Тојота...
Од истата причина Бруно Сена го гледаме на патеките кај шо се глупира и кај шо го валка името на вујко му... појасно?