Накратко ..
1. Добар дел се против сегашниов претседател и неговата фамилија, произведуваат добар дел нафта и гас од чии пари сегашниов претседател Алиев многукратко си го зголемил своето богатство.
2. На предходната Евровизија намерно го криеле бројот на Ерменија со која си имаат “проблеми“ и граѓаните не биле во можност да гласаат за Ерменската песна, врвот на Азербејџан ги рачуна како непријатели. Дури некои што успеале да најдат број или гласале за Ерменија биле приведени од страна на полицијата и им биле одземени телефоните поради наводна истрага за криминална активност.
3. На опозицијата не им е дозволено да протестираат, често ги апсат.. и редовно ги снимаат и надгледуваат луѓе на Алиев (дури и на видеото се гледа дел од тие луѓе како снимаат) кога опозицијата протестира... лидерот и неговата фамилија и блиски соработници биле често апсени па дури и некои сеуште биле во притвор, често пат и пасошот му го одзимале. Дури и водителот откако ја правеше репортажава почнаа да го следат откако ги напушти протестите.
4. Претседателот има богати, моќни и убави керки
Тоа е тоа накратко, Азербејџан е класична полициска/диктаторска држава ..