Требаше да се пронајдеш во мојот пост погоре
Да ти поедноставам:
Ти мислиш дека богатите се скржави бидејќи не даваат пари (тоа е дефиниција за скржавост зар не). Од тука следи дека сакаш да земаш повеќе пари од нив (да речеме ако работиш за некој таков). Од тоа пак следи дека ти си алчен (сакаш повеќе отколку што заслужуваш). Од тоа следи дека богатите и не се толку скржави како што генераизираш дека се. Ти даваат онолку колку што сметаат дека заслужуваш.
За вториот дел од постот во кој беше прикажан случајот како тие го зголемуваат своето богатство, не беше поентата за алчноста. Тоа е стандардна практика на сите богаташи во светот кои заработуваат на тој начин (па дури и на инвеститорите во Македонија, пример Кјуби, ако не си запознаен, а според начинот на твоето размислување, гледам дека не си). Меѓутоа да не забегувам од темата.
Поентата е, ако не разбираш нешто подобро кажи си, наместо да влегуваш во дискусија за која не си компетентен да зборуваш.