Дали богатите се скржави?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување

Што мислите дали богатите се скржави?

  • Вкупно гласачи
    286
Ако не би биле скржави, не би биле ни богати!
Исто како да кажеш, голем дел од „сиромашните“ да не се расфрлаат со парите како да ги имаат еден куп не би биле сиромашни.

Не знам дали знаеш, ама голем дел од луѓето што заработуваат големи пари (:= 50.000) одвај чекаат да дојде 1ви во месецот за да земат плата (законски е до 15ти нели) и кукаат дека немаат пари. Зошто? Заради нерационално трошење.

Како ќе ги окарактеризираш тие?
 
Исто како да кажеш, голем дел од „сиромашните“ да не се расфрлаат со парите како да ги имаат еден куп не би биле сиромашни.

Не знам дали знаеш, ама голем дел од луѓето што заработуваат големи пари :)= 50.000) одвај чекаат да дојде 1ви во месецот за да земат плата (законски е до 15ти нели) и кукаат дека немаат пари. Зошто? Заради нерационално трошење.

Како ќе ги окарактеризираш тие?
Тие можат не рационално да трошат затоа што можат да си дозволат, додека другите требаат рационално да штедат. Ако некогаш би сакале нивните поколенија да бидат богати. Но факт е дека богатите треба да бидат скржави и да ги експлоатираат другите (т.е. на туѓ грб се скржави) инаку не би биле богати.
 
Сите се стремиме кон подоброто и повеќето. На сиромашните не им е доволно она што го имаат па бараат повеќе. Исто така и на богатите не им е доста тоа што го имаат, па сакаат повеќе и повеќе. За жал тие со своите пари веќе незнаат што да направат и пробуваат се и сешто. Штета што многу богати луѓе не успеваат во животот бидеејќи "парите им се од татковци и дедовци оставени"
 
Тие можат не рационално да трошат затоа што можат да си дозволат, додека другите требаат рационално да штедат. Ако некогаш би сакале нивните поколенија да бидат богати. Но факт е дека богатите треба да бидат скржави и да ги експлоатираат другите (т.е. на туѓ грб се скржави) инаку не би биле богати.
Дали тоа значи дека ако газдата е богат, дека треба на вработените да им дава премногу високи плати? Не баш, за секоја професија има стандарди колку треба да биде платата. Од друга страна факт е дека и голем број богати влегуваат (преземаат) фирми и организации само од корист (да го зголемат богатството), а потоа таа фирма/организација веќе престанува да постои или оди во стечај. Но тоа не е поради скржавост, тоа е поради желба за брз профит. Тоа го има секаде.

Во природата на човекот е да сака да има повеќе. Не за џабе стои „Човечко око - ненаситно“ ;)
 
Браво за заклучокот :sneaky: Сакаш да кажеш дека богатите се богати затоа што се алчни :pos: ок, како и да е.
 
Dali bogatite se skrzavi. Jas mislam deka pogolemiot del se zosto ne davaat donacii, pa i da dadat nekoja ke bide 5 cifrena brojka vo sporedba so nivnoto ogromno bogatstvo. Kako sto rekov ima nekoj ama so isklucoci.

ја давам колку можам и се трудам да не сум. :pos:
ама па не значи дека треба да ги фрлам по улица парите.
 
Браво за заклучокот :sneaky: Сакаш да кажеш дека богатите се богати затоа што се алчни :pos: ок, како и да е.
Требаше да се пронајдеш во мојот пост погоре ;) Да ти поедноставам:
Ти мислиш дека богатите се скржави бидејќи не даваат пари (тоа е дефиниција за скржавост зар не). Од тука следи дека сакаш да земаш повеќе пари од нив (да речеме ако работиш за некој таков). Од тоа пак следи дека ти си алчен (сакаш повеќе отколку што заслужуваш). Од тоа следи дека богатите и не се толку скржави како што генераизираш дека се. Ти даваат онолку колку што сметаат дека заслужуваш.

За вториот дел од постот во кој беше прикажан случајот како тие го зголемуваат своето богатство, не беше поентата за алчноста. Тоа е стандардна практика на сите богаташи во светот кои заработуваат на тој начин (па дури и на инвеститорите во Македонија, пример Кјуби, ако не си запознаен, а според начинот на твоето размислување, гледам дека не си). Меѓутоа да не забегувам од темата.

Поентата е, ако не разбираш нешто подобро кажи си, наместо да влегуваш во дискусија за која не си компетентен да зборуваш.
 
Важи експерту :D Поентата не е поента на една дискусија. Ова е форум, тука се дискутира. Порасни интелектуално и не носи заклучоци според тоите безразумни предрасуди за другите членови. Не си должен на никого да објаснуваш. Посебно не на мене.
 
Богатите луѓе се доста дарежливи за нивните најблиски роднини...
Како на пример Газдите на Фирмите си обезбедуваат по 400, 500, 600 евра месечна плата за братот или сестрата, прв брачед, внукот итн, којшто работат 2-3 часа по принцип „Нишај врата земај плата“ и плус имаат основно образование или евентуално две-три години средно???Не заслужуваат таквите ниту леб. А Камо ли 500 евра?

Но зошто така газдите лесно ги даваат парите на нивните роднини?
Некој ќе рече дека парите на газдата се негови и може колку што сака да им дава нив. Но тоа не е така. Тие не се негови пари, туку тие пари се од тоа што им го зема лебот на НЕРОДНИНИТЕ. (Од тоа што им дава мали пари нив и од тоа што не им плаќа пензиско и здравствено осигурување).

А нека одат таквите Газди во Норвешка да работат во некоја тешка индустрија за 5000 евра, да видиме дали така лесно парите ќе ги даваат на нивните роднини?
 
Важи експерту :D Поентата не е поента на една дискусија. Ова е форум, тука се дискутира. Порасни интелектуално и не носи заклучоци според тоите безразумни предрасуди за другите членови. Не си должен на никого да објаснуваш. Посебно не на мене.
Баш бидејќи е форум очекував дискусија. Ти како голем „интелектуалец“ не ја нудиш. Јас не покажав никакви предрасуди према тебе или према било кој, само едноставно укажав дека тврдиш нешто што очигледно не си спремен да го поткрепиш ни со примери ни со дискусија, па се осврнуваш на провокации. Можам да заклучам дека не ти одговара кога некој ти контрира и не знаеш да дадеш издржано мислење, ниту пак да дадеш правилна анализа на нешто. А и не гледам што тебе те прави толку специјален во однос на останатите. Ако ништо друго јас не се користам со навреди, експлицитни или инплицитни, „интелектуалецу“.
 
Како беше она, "Оди кај сиромавиот за да се најадеш".
Нормално дека се скржави, како инаку би биле богати? ;)
 
Од тоа што се скржави затоа се богати.не мора буквално да знаци ама така е.
 
Како беше она, "Оди кај сиромавиот за да се најадеш".
Нормално дека се скржави, како инаку би биле богати? ;)
Toчно така.
Да работиш во некоја куќа некоја мајсторија (ѕидање, малтерисување, столарија) кај сиромав човек ќе ти даде и јадење и пиење. А да работиш во куќа кај богат човек ниту едно кафе нема да ти свари...
 
Кои генерализации ги правите, ми се плаче.
Има и дарежливи богати луѓе, скоро сите се свртевте на оние кои не даваат. Лоши искуства имате изгледа. Познавам голем број на ваков тип на луѓе кои често даваат бонуси на вработените во нивната фирма да речеме. Било тоа да е за празник, голем период поминат во фирмата, лојалност или нешто сосема десетто. Или пак, прашајте било кој келнер (или некој од слична дејност) од кого добиваат најголем бакшиш.

Нема скржави богаташи. Има само богати идиоти кои најчесто се оние кои парите ги добиле од мама и тате, а никогаш не искусиле како е да се работи за минималец.
 
Се сложувам со Tranquility. Има богати луѓе кои се стварно многу дарежливи и не само кон своите роднини туку и кон сите луѓе. А има и такви богати идиоти кои стекнале големо богатство и се прават некои големи луѓе, а заборавиле од каде дошле и како живееле, тоа највеќе ме нервира кај нив!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom