Не ми текнало тука да прашам па да си ја пробам среќата.
Се работи за еден документарен филм.
Го имам гледано многу одамна, можда пред 20-25 години.
И тоа памтам на МТВ2 беше. (пази молим те, го памтам и каналот)
Е сега. Во документарецов се збори за неколку одделни случки
кои се фатени на камера, кои се мистериозни и необјаниви.
Не ги памтам сите ама овие ги памтам:
- Млад американски војник на плажа на еден остров на пацификот
се снима со камера. Одеднаш од водата во златна облека излегуваат
дечко и девојка, ама не испливуваат тука онака излегуваат како по скали.
Седат на плажата неколку минути и пото исто ко по скали се враќаат назад во океанот.
Војникот ја става камерата на песок, тргнува во водата и тој како да им ја фаќа патеката
и му се губи секаква трага.
- Двајца пријатели одат на кампирање на едни карпи. Седат така до оганот.
Едниот му вика на другиот дека се плаши затоа што има лошо чувство.
По неко време првиов се врти нешо да земе и вториов го снемува.
Овој испаничено се врти со камерата и го гледа другар му со уште двајца непознати,
како стои на една карпа 200 метра од него. Значи физички неизводливо е да дојде до таму за
толку кратко време. и така го снемува и се појавува неколку пати на различни места
многу далеку едно од друго и него го снемува.
- група млади луѓе одат на излет. почнуваат да се бркаат. тој со камерата брка.
по некое време додека го бркаше еден дечко, дечково што бегаше пред него
падна и го снема. буквално пред камера. сите ги фати паника и почнаа да го бараат,
но залудно.
- ова ми беше најинтерсно. група француски нуркачи во 4 гумени чамци на сред пацифик нешто правеа.
по неко време неколку од нив нурнаа во океанот. после 5 мин панично излегоа од водата и почнаа да им
викаат на овие што беа на површината да бегаат. одговорниот ги брои, ама еден им фали.
се појавува тој што им фалеше на 100 метри од чамците ама нешто го влечеше на површината. знам ќе речете кит или ајкула, ама го снема под површината и за 2 секунди се појави ан сосема друга страна и тоа на може 500 метри. се гледаше као точка. и овој така неколку пати и него го снема.
- после имаше нешто за некое село во централна америка што си имало проблем со вештерка.
па демек вештерката ја запалиле. па кучиња го нападнале селото, па луѓето додека бегаа,
пред куќата на запалената вештерка седеше една жена во фустан, цела замотана во црно.
И не ми текнува се, имаше уште многу работи. Сигурно траеше 2 саата документарецов.
Ден денес неможам да го најдам. Знам само дека беше некоја француска продукција,
зошто збореа на француски милам ама беше синхронизиран на англиски.
ми текна пред едно 10 години на него и од тогаш го барам ама безуспешно.