S
Sagan
Гостин

Единбург(Ројтерс) - Поддржувачите на идејата за независност на Шкотска вчера ја почнаа најголемата кампања во историјата на Шкотска, која би можела да резултира со ставање крај на 305-годишната врска со Англија и распаѓање на Велика Британија.
Со намера да го размати коктелот на историското ривалство, спротивставените политички вкусови и мислењето дека британскиот парламент во Лондон не ги негува националните интереси на Шкотска, кампањата "Да, Шкотска" вели дека сака победа на референдумот за независност во 2014 година и земјата да стане целосно независна до 2016 година.
"За прв пат ова прашање е навистина отворено бидејќи луѓето ќе излезат на гласање", изјави портпаролот на кампањата кој додаде дека ќе остане анонимен, согласно протоколот, објави "Ројтерс".
Ако оваа кампања биде успешна, би можело да претставува сериозен проблем за Велика Британија која ја сочинуваат Англија, Шкотска и Велс (Британија е воедно дел од Обединетото кралство во кое спаѓа и Северна Ирска).
Гардијан. Други...
Главен град: Единбург
Население: 5.222.000
89% Шкоти, 7% Англичани, Ирци и Велшани, 4% други
Територија: 78.387 км квадратни.
GDP per capita: 26.766

