Независна Шкотска до 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување

Независност?

  • Да

    Гласови: 66 71,0%
  • Не

    Гласови: 17 18,3%
  • Не знам

    Гласови: 10 10,8%

  • Вкупно гласачи
    93
S

Sagan

Гостин
scotland.gif

Единбург(Ројтерс) - Поддржувачите на идејата за независност на Шкотска вчера ја почнаа најголемата кампања во историјата на Шкотска, која би можела да резултира со ставање крај на 305-годишната врска со Англија и распаѓање на Велика Британија.

Со намера да го размати коктелот на историското ривалство, спротивставените политички вкусови и мислењето дека британскиот парламент во Лондон не ги негува националните интереси на Шкотска, кампањата "Да, Шкотска" вели дека сака победа на референдумот за независност во 2014 година и земјата да стане целосно независна до 2016 година.

"За прв пат ова прашање е навистина отворено бидејќи луѓето ќе излезат на гласање", изјави портпаролот на кампањата кој додаде дека ќе остане анонимен, согласно протоколот, објави "Ројтерс".
Ако оваа кампања биде успешна, би можело да претставува сериозен проблем за Велика Британија која ја сочинуваат Англија, Шкотска и Велс (Британија е воедно дел од Обединетото кралство во кое спаѓа и Северна Ирска).
Гардијан. Други...

Главен град: Единбург
Население: 5.222.000
89% Шкоти, 7% Англичани, Ирци и Велшани, 4% други
Територија: 78.387 км квадратни.
GDP per capita: 26.766

fotolia_29019612_s.jpg
545px-Royal_coat_of_arms_of_Scotland_3d.svg.png
 
Па како сакаат они така :D ама интересно што ќе прават ќе сакаат во ЕУ или не :)
 
Нивно е да си одлучат дали ќе сакаат независност а наше е да ги поддржиме. Знаеме и самите колку тешко се изборивме за независност, сме осетиле на своjа кожа :)
 
Што сакам да се паспадне Британја ,па после нека јадат фекалии за нашиве простори да видат како е ама пасете ако се одели Шкотска ,Ирска исто така одма ке се одело не за џабе ИРА имаат посебни тела,и војска Во Ирска
 
И да одвоjaт независност (нешто што не ми се верува, па и сега имат голема степен на независност) пак ке са во сферата на влиjaние на Великобританиja. Пак ке зачуват државен глава да е кралицата. Просто ке имат самостоjна надворешна политика, самостоjна енергиjна политика. Тоа са двете клучни прашаниja. И сега Шкотска има сомостоjно управуване во сфери како образование, законодавство, даноци и така натаму....пак ке останат во ЕУ, пак нема да има граница, пак ке си користат фунтата.
 
Нека се одделат конечно. И Ирска исто така. Многу ме интересира како тоа Европски ќе го презентираат и испоштуваат. Може и Најчевска да им ја пратиме да ја следи ситуацијата одбликсу.
 
Нека се одделат конечно. И Ирска исто така. Многу ме интересира како тоа Европски ќе го презентираат и испоштуваат. Може и Најчевска да им ја пратиме да ја следи ситуацијата одбликсу.
Нека им биде политички аналитичар Најчевска
 
Нека им биде политички аналитичар Најчевска
Она за човекови права да провери дали им се исполнети прават на оние што не се чувствуваат како Шкоти во Шкотска :)
 
На овие два острови има акумулирано толкав капитал па и на 10 држави да се поделат пак ќе живеат богато. По одделувањето на Шкотска најверојатно и С. Ирска ќе сака да се спои со Ирска а и Велс ќе бара некаква независност. Но и покрај тоа верувам дека ќе останат во силен и близок воено-економски сојуз. Во интерес на сите тие држави е тоа да биде така, плус имуни се на надворешни политики така да се ќе се реши на најмирен можен начин.
 
Велика Британија е членка на ЕУ и НАТО, нема шанси да се одвојат..(y)
 
Како ли кралицата ова ќе го поднесе??? пустата,само срцев удар да не добие :P

Исто како што го поднела оделувањето на Канада и Австралија :D

И да се оделат шкотите Кралицата најверојатно пак ќе им биде место претседател.
 
Нека се одделат Шкотите Англија ги држи под робство наречено "Велика Британија".
Многу чесен народ што си ја сака земјата и што има претрпено големи неправди исто како нас.

Чисто за пример еве видео од Енди Мареј Шкотски тенисер(верувам тие што следат тенис им е доста познат)сегде претставен како Британец.
Од 48 секунда видете му ја реакцијата после победата на натпревар за дејвис куп репрезентацијата на В.Б. што се одигра во Шкотска. :)
http://www.youtube.com/watch?v=yxnNX6T9AS8
 
Нека се одделат Шкотите Англија ги држи под робство наречено "Велика Британија".
Многу чесен народ што си ја сака земјата и што има претрпено големи неправди исто како нас.

Чисто за пример еве видео од Енди Мареј Шкотски тенисер(верувам тие што следат тенис им е доста познат)сегде претставен како Британец.
Од 48 секунда видете му ја реакцијата после победата на натпревар за дејвис куп репрезентацијата на В.Б. што се одигра во Шкотска. :)
http://www.youtube.com/watch?v=yxnNX6T9AS8

Знаеш дека Шкотите по своја воља влегле во унија со Англија така?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom