Прво, не може да се смени име. Нема алтернатива што ќе ја оправда нашата историска борба за свој идентитет и нација. Не сме северномакедонци, тоа никогаш никаде не постоело во никаков документ или повелба на нашите предци. Ние сме македонци, чисто и јасно.
Ова горново го знаат и практикуваат премногу од нашите академци и високи функционери за да се попушти. Која било партија да е на власт (дури и Љубчо иако е петтоколонаш) нема менување име, посебна држава сме веќе предолго за тоа да е реално.
Второ, и да го смениме името, Бугарија ќе стави вето за учебниците по историја (ако Грците и тоа првично не го побараат) или пак за воспоставување на официјални бугарски школи итн. заради нивните граѓани во Македонија. Ако и тоа им го дадеме, Албанија ќе стави вето заради нерешен статус на малцнствата и неспроведување на охридскиот договор. Аке не тие, Србија ќе ги бара имотите на МПЦ.
Зарем не гледаш кај е проблемот? Ако дозволат Република Македонија - каква што е денес - да просперира на еднакво ниво како и тие, ќе си ги изгубат сите оне работи што тие сметаат дека им се историски нивни. Ќе треба, во краток рок, да тие ги менуваат учебниците по историја, Бугари да земаат македонски пасоши, на егејците да им се вратат имотите и ред други работи. И све ова во рок од 5 години, период што е најдалекосежниот хоризон на еден типичен политичар. Ами институциите национални на соседите, што имаат хоризонти од по 50 години, зарем нема да сфатат дека со тек на време ќе си ја побараме Македонија proper?
Во моментов спасот ни е во ”Калининград на Балканите” или пак некој вид банкарски рај или слично нешто на Црнагора.
Верувам дека НАТО ова горе добро го знае и дури самите тие не туркаат надвор од нив (зошто е толку силна анти-НАТО пропагандата во Македонија и Србија?) зошто така самиот НАТО ќе е посилен на Балканот на кратки патеки. Мислам дека само се чека погоден момент и амин од Русите. Тогаш НАТО нема да интервенира ако им се придружиме, дури и тајно ќе не турка натаму.
Се дотогаш ќе не притискаат да се распаднеме зошто така ќе ја лапнат територијата скоро гратис.