Отровни стрели на Груевски кон НАТО

Член од
21 мај 2012
Мислења
330
Поени од реакции
104
Море ганче, ние не сме вртикапи како вас (впрочем не за џабе викаат дека Бугар, е занимање а не нација и тоа се знае кое занимање), па да вртиме опашката лево десно на секоја една деценија. Ние си имаме принципи, кои ете не ги сакаат, повеќе сакаат полтрони попут Албанија и Бугарија што одбрале 6 разни страни во последните 100 години.
Ете ние бевме дисциплинирани партнери и покрај све. И пак ете Грујо не кажа дека се откажуваме, туку дека сме разочарани од односот. Ај глеј си ганчо работата, зошто светот ти е скала и чколија, до пред 10 години бевте и одвај се извадивте од бедотијата, па сега нешто од многу високо гледате.

Едноставно видовме дека не не сакаат, и МОРАМЕ да бараме друго решение.
Ма немои, брзо заборавивте *принципите* ви во односите ви со Таиван:pos:
помниме че доскоро бевте едни па сега сте други...не ми сборуваи за принципи.
Друго е важно,

Груевски даде волја на балканските си емоционални комплекси. Во невидена досега тврда реторика тој го обвини НАТО за "безпринципност поради бескрајното забавување СО нашиот прием". Не дека НАТО е многу принципиелна, напротив. Но едно е кога таквата констатација се прави во кафетеријата или форуми и сосема друго, кога толку остри обвинувања доаѓаат од премиерот на една држава, која неистово инсистира на почит кон себе, а во исто време не ги почитува другите.
Со тоа изјава Груевски веќе и официјално се откажува од прис'еднјаването на МК во НАТО и ЕУ.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.322

Тајван беше фингиран од ЦИА за да се прекине мисијата на УНПРЕДЕП и да може да се делува на Косово од Македонска страна. А за принципи веќе кога збориме... 1912-Русија, 1913 Австро Унгарија, 1914-1918-на иста страна со фесовете, 1941 Германија, 1945 СССР, 2004 САД. Ова се вика гзот ремпере.

Што мислиш зошто Грција доби 400 Абрамси, а не на пример Бугарија или Албанија? Заради принципиелноста е тоа :)
 
Абе ЦИА миа, сите знаеме дека за еден милион зелено си продадовте газот на Тајван.
А за НАТО незнам дали е познат фактот дека од 03 часа на 20.04 територијата на БГ е покриена од натовска ПРО. Тоа значи дека секоја ракета истрелана кон БГ ќе биде прихваната и уништена од НАТО ракетни комплекси распоредени во Ром'нија и Полска.
Но не е тоа темата тука.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90

На Ганчо гзот ренде му е ама важно бил покриен. :pos:
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.529
Поени од реакции
22.184
Македонците кои работат во Завод за статистика кажаа дека Албанците и поред попишувањето преку факс машина биле под 20%.
Лесно е да организираш попис кај нас, договори се со Албанците и пописот ќе ти биде чист како суза, со подршка разбира се на меѓународната западната де.
Груевски го прекина пописот заштитувајќи го пред се интересот на Македонците, поради повторениот фалисификат.
Македонците кои беа попишувачи во запана Македонија, ОДБИЈА да го потпишат записникот.
Тоа е преседан за “Македончето“ првпат да не потпише нешто што не му е по воља.

Да кажеш отворено дека си против НАТО ?
За видео игра збориме или за Реален Живот ?

Груевски ја ГРАДИ алтернативата за НАТО. Тоа се гледа од авион.
Кој може да се пофали со две високи средби со Кина за така кус период ?
Ние можда преку Кина ќе се доближиме до Шангајската група.
Но како оди тоа?
Прво доаѓаат големи кинески компании.
Се инсталираат структури на Шангајската група, која се повеќе ќе прерасне и во воен сојуз по последните најави.
Се преорентира економијата кон тие земји.
И се вели, Чао НАТО.

Јас и понтаму ќе бранам структури кои го бранат Македонскиот национален интерес.
Не ме интересира дали е од лево и десно.
Се молам на денот кога ќе добиеме патриотска лева опција, тотален опозит на оваа сега што е, па тогаш нема да мора да правиме компромиси како тој од типот со хашките случаи.
Тој чин и јас го осудувам.
Често пати не се согласувам со твој ставови, нормално не поради лични причини да не бидам погрешно сфатен, ама потполно го мислам истото како и ти. Груевски е на прав пат што бара инвестиции од држави како Турција или Кина. Пошто нели ако нивни компании, во Кина индиректно државата, вложат доста пари во Македонија, тие и имаат интерес да ги штитат нивните инвестиции. Кина и Турција ќе бидат првите кој ќе се противстават на дестабилизација на Македонија заштитуваќи ги нивните инвестиции и интереси. Тоа е јасно како ден и се надевам ќе успее оваа тактика.
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
Тоа е и проблемот, што мислиш зошто Албанските политичари од кај нас не би сакале да се спојат кон Косово или Албанија? Дека би биле безгласна буква таму.
Неможеме ние да ја земеме Егејска Македонија, скоро дупло е поголема од нас, можат само тие да не земат, ако се одвојат од Грција :)
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=91723

Ниту една политика, ниту било кој друг не може да ги прегази односите меѓу двата братски народи - рече градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, на средбата во Солун со градоначалникот на Битола, Владимир Талески, нагласувајќи дека и покрај политичките разлики меѓу Македонија и Грција односите на соработка треба да се развиваат.
Ова како гром од ведро небо. Братски народи? Ами Македонецот од Гевгелија погоре?

Што е работава? Да не испадне ова што викаш вистина и да не земаат?
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Тоа е и проблемот, што мислиш зошто Албанските политичари од кај нас не би сакале да се спојат кон Косово или Албанија? Дека би биле безгласна буква таму.
Неможеме ние да ја земеме Егејска Македонија, скоро дупло е поголема од нас, можат само тие да не земат, ако се одвојат од Грција :)
Голема или Етничка Албанија е нереална желба и мит и не е возможно да се направи од ХХХ причини !
Реп.Албанија постои како држава веќе точно 100 год., Косово пак иако е веќе неколку години независна држава нема теоретски шанси да се припои кон Албанија(во една држава), тоа никој не го дозволува(на западот мислам пред се), ниту пак Албанските Албанци сакаат да го делат својот леб со Косоварските Албанци, а пак уште помалце со МК Албанци !
Денеска се оди ширум светов повеќе кон расцепкување на државите, а не кон нивно обединување ......... бидејќи секој сака да си биде сам свој газда во својот двор, а не да го дели лебот со другите !
Западна Македонија ако се припои со ’’Голема Албанија‘‘(т.е. со Албанија и Косово) тогаш Тачи, Ахмети и остала компанија ќе бидат обични безгласни букви, а ниеден политичар не го сака тоа !
 
B

Black Guard

Гостин
Абе ЦИА миа, сите знаеме дека за еден милион зелено си продадовте газот на Тајван.
А за НАТО незнам дали е познат фактот дека од 03 часа на 20.04 територијата на БГ е покриена од натовска ПРО. Тоа значи дека секоја ракета истрелана кон БГ ќе биде прихваната и уништена од НАТО ракетни комплекси распоредени во Ром'нија и Полска.
Но не е тоа темата тука.

Бугарче моли бога да не дојде тој ден-не се осеќај толку сигурно кога си под тој чадор нарочито ако си под тој чадор бидејќи факт е дека нема 100% гарант дека ќе ве спаси-ДА СМ-3 е солидна ракета пресретнувач,ама за разлика од САД кои на нивна домашна територија покрај СМ-3,ќе инсталираат и Израелски стрели кои за разлика од пристапот на патриот и ТХААД(hit and kill)кој е нијанса покомплексен и гаранцијата е помала стрелата експлодира близу до ракетата на висина од+40км(до 100км) гарантирајќи притоа боевата глава што и да носи нема да наштети а ако овие утнат последна опција е патриот во случај да утне чадорчето.

Значи кај САД имаме првен чадорот т.е СМ-3 со егзоатмосферски пресретнувач-кој ако промаши следува ТХААД кој ако промаши следува Стрела која ако промаши останува патриот-сума сумарум ако промаши основата на Чадорот САД ќе ги искористат овие можности максимално кои ќе делуваат комбинирано лансирајќи ракети од повеќе типови па да добијат некаква сигурност дека од 10 барем 7 боеви глави ќе бидат уништени а за остатокот знаеме што следува.

Што ќе биде со вас бре бугарчиња ако утне основата од Романија???

Ами ако не е таа технологија,ако наместо една или три боеви глави имаме

Види бугарче јаснемам мака,ама вие ќе имате ако не е бугарија мета тогаш ќе биде Романија а вие сте најблизу.

П.С Иран ве има на домет се надевам најискрено дека ако ги нападнат само Турција,Сауди Арабија и Израел само они ќе го ОСЕТАТ гневот,ама ако Ахмадинеџад нареди да се стрела на се што е НАТО.....мислете му ја,после турција вие сте,не за другото соседи сте ни.

Ние не сме на домет на Ајатолахот така да од верски фанатици мака немаме.

И друга работа-чадорот нема намена ниту е дизајниран да брани од масовен балистички напад туку од ограничен напад и ова е во извештајот кој агенцијата заодбрана од балистика му го предаде на обама или со други зборови ќе не одбрани од 10-50 ракети ама не од 150 или 200 ама може да утне и на првата.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Голема или Етничка Албанија е нереална желба и мит и не е возможно да се направи од ХХХ причини !
Реп.Албанија постои како држава веќе точно 100 год., Косово пак иако е веќе неколку години независна држава нема теоретски шанси да се припои кон Албанија(во една држава), тоа никој не го дозволува(на западот мислам пред се), ниту пак Албанските Албанци сакаат да го делат својот леб со Косоварските Албанци, а пак уште помалце со МК Албанци !
Денеска се оди ширум светов повеќе кон расцепкување на државите, а не кон нивно обединување ......... бидејќи секој сака да си биде сам свој газда во својот двор, а не да го дели лебот со другите !
Западна Македонија ако се припои со ’’Голема Албанија‘‘(т.е. со Албанија и Косово) тогаш Тачи, Ахмети и остала компанија ќе бидат обични безгласни букви, а ниеден политичар не го сака тоа !
тоа е точно, на тоа во прилог му оди и спознанието на албанците христијани што ги чека нив после хипотетички припојувањето, видоа како се однесуваат косоварите со црквите во косово и делови во западна Македонија, сега знаат дека истото ги чека нив!
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.322
Абе ЦИА миа, сите знаеме дека за еден милион зелено си продадовте газот на Тајван.
А за НАТО незнам дали е познат фактот дека од 03 часа на 20.04 територијата на БГ е покриена од натовска ПРО. Тоа значи дека секоја ракета истрелана кон БГ ќе биде прихваната и уништена од НАТО ракетни комплекси распоредени во Ром'нија и Полска.
Но не е тоа темата тука.
Романија и Полска се на север. Што праиме ако нападот доаѓа од исток, да речеме од некој си број на Црно Море, или пак од Југоисток :)

Или пак на пример запад ако им текне на Русите да дојдат. Уствари ти ја кажа причината зошто да дојдат во Македонија. Тоа се вика дупка во чадорот.

И уште нешто. Што мислиш зошто се вика одбраната чадор? Да не и врне на Западна Европа и на САД, дека чадорот е тој што ќе го прими дождот. Таа позиција што ја дава НАТО ги прави овие земји од источна Европа мета на напади.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Размислувате партиски за ситуација која нема врска со партиска припадност. Без разлика кој да беше да ја дадеше изјавата, ќе имаше моја подршка и подршка на народот, дека првпат се дава една таква похрабра изјава, која е на место. Можеби е популистичка, но блефирањето би го коштало скапо. Тој што ќе се обиде да извлече дневно-политички партиски поени од оваа изјава едноставно сам ќе си пресуди. Пошто Грујо со оваа изјава ја ризикува цела своја кариера.
Но сепак се слагам треба да иде даље со овој став и јас верувам дека и најголемите скептици ќе застанат позади него ако е ова искрен и цврст став.
Фино мислење си имаш, без разлика што е различно од моето.
Само една работа не ми е јасна, како го заклучи болдираниот дел? (за мене прашувам, Bateman не го знам лично за да можам и за него да зборам). Сериозно ме интересира врз основа на што го базираш ова тврдење? Крајно несериозно за сериозна дискусија. Инаку, можеби пред неколку години и ќе се навредев, но сега го сфаќам како комплимент, и оваа твоја изјава само го потврдува мојот успех да избегам од рамките во кои сакаш ти да ме сместиш.
Ако си го извлекол овој заклучок по аналогија зошто мислам дека Грујо нема муда, тогаш дозволи јас една аналогија да повлечам. Кога се кажа за петкратното убиство дека осомничени извршители се радикални исламисти, искокаа сите албанци имајќи си ја мувата на капата. Па така и во твојов случај, се спомна Грујо во негативен контекст, и ти дојде да ми кажеш дека размислувам партиски ;).

Како и да е, мојот став во врска со оваа тема е јасен, понатамошна дискусија ќе ме одведе вон тема. Остани ми со здравје.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.322
Princezo, pogresno me svati, ne mislev da te etiketiram, nitu tebe nitu bateman. Sakav da kazam, da ne se gleda nastanot od partiski aspekt. Ne e vazno koj ja dal izjavata, taa e na mesto. Znaci analiza na licnosta, negovata politika I negovata iskrenost, ne e potrebna. Dovolen e faktot sto izjavata ima tezina, deka e kazana od premier, koj dobil izbori pred pomalce od edna godina.

Sekoj blef, ke odi na negova smetka, no I da e negov blef, toa debelo ke go kosta, a kockata e veke frlena I nema vrakanje.

Toj aspekt sakav da go naglasam.

P.S. se izvinuvam za latinicata, megjutoa ova morav da go napisam, od telefon, ne mozese da se ceka :)

Фино мислење си имаш, без разлика што е различно од моето.
Само една работа не ми е јасна, како го заклучи болдираниот дел? (за мене прашувам, Bateman не го знам лично за да можам и за него да зборам). Сериозно ме интересира врз основа на што го базираш ова тврдење? Крајно несериозно за сериозна дискусија. Инаку, можеби пред неколку години и ќе се навредев, но сега го сфаќам како комплимент, и оваа твоја изјава само го потврдува мојот успех да избегам од рамките во кои сакаш ти да ме сместиш.
Ако си го извлекол овој заклучок по аналогија зошто мислам дека Грујо нема муда, тогаш дозволи јас една аналогија да повлечам. Кога се кажа за петкратното убиство дека осомничени извршители се радикални исламисти, искокаа сите албанци имајќи си ја мувата на капата. Па така и во твојов случај, се спомна Грујо во негативен контекст, и ти дојде да ми кажеш дека размислувам партиски ;).

Како и да е, мојот став во врска со оваа тема е јасен, понатамошна дискусија ќе ме одведе вон тема. Остани ми со здравје.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Подобро ќе биде за Груевски да си ги среди работите во „сопствениот двор“ отколку да се надева на НАТО и на економската иднина која може да му ја обезбеди самата алијанса.Зошто влез во НАТО без согласност од Грција нема да има, тоа е суровата реалност.Бесполезно е, колку сака тужби нека поднесе во Хаг, алијансата ќе си остане на истиот одговор и нема да го смени.И затоа и треба (како што е и правилно мислам) ако гледаш дека алијансата не те прима и со тоа не ти обезбедува заштита од радикални терористички групи, тогаш е време да ги превземеш работите во свои раце, а ако не направи нешто во сопствениот двор, наскоро и ќе почне да гори; тензиите од година в година стануваат се поголеми и поголеми, а оваа година на пр. беше одбележана како година во која имаше најмногу обиди за дестабилизација на државата.И ќе ги има уште.
А за мене дури и другата варијанта е посигурна: дека ова е игра на Груевски и Расмусен и еден вид на перење на мозокот на простата маса во Македонија со цел да се организира референдум и да гласаат Македонците „за“ промена на името.На еден начин се обидуваат да не присилат да кажеме „да“ за промена на името.
А со оглед на тоа што се случувало во последните години ништо не ме чуди веќе.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723

Всушност и да бевме во НАТО нема они што да се мешаат во интерните работи ... а нашите внатрешни терор групи се тотално интерен проблем
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
183
Поени од реакции
90
А за мене дури и другата варијанта е посигурна: дека ова е игра на Груевски и Расмусен и еден вид на перење на мозокот на простата маса во Македонија со цел да се организира референдум и да гласаат Македонците „за“ промена на името.На еден начин се обидуваат да не присилат да кажеме „да“ за промена на името.
А со оглед на тоа што се случувало во последните години ништо не ме чуди веќе.
Прво, не може да се смени име. Нема алтернатива што ќе ја оправда нашата историска борба за свој идентитет и нација. Не сме северномакедонци, тоа никогаш никаде не постоело во никаков документ или повелба на нашите предци. Ние сме македонци, чисто и јасно.

Ова горново го знаат и практикуваат премногу од нашите академци и високи функционери за да се попушти. Која било партија да е на власт (дури и Љубчо иако е петтоколонаш) нема менување име, посебна држава сме веќе предолго за тоа да е реално.

Второ, и да го смениме името, Бугарија ќе стави вето за учебниците по историја (ако Грците и тоа првично не го побараат) или пак за воспоставување на официјални бугарски школи итн. заради нивните граѓани во Македонија. Ако и тоа им го дадеме, Албанија ќе стави вето заради нерешен статус на малцнствата и неспроведување на охридскиот договор. Аке не тие, Србија ќе ги бара имотите на МПЦ.

Зарем не гледаш кај е проблемот? Ако дозволат Република Македонија - каква што е денес - да просперира на еднакво ниво како и тие, ќе си ги изгубат сите оне работи што тие сметаат дека им се историски нивни. Ќе треба, во краток рок, да тие ги менуваат учебниците по историја, Бугари да земаат македонски пасоши, на егејците да им се вратат имотите и ред други работи. И све ова во рок од 5 години, период што е најдалекосежниот хоризон на еден типичен политичар. Ами институциите национални на соседите, што имаат хоризонти од по 50 години, зарем нема да сфатат дека со тек на време ќе си ја побараме Македонија proper?

Во моментов спасот ни е во ”Калининград на Балканите” или пак некој вид банкарски рај или слично нешто на Црнагора.

Верувам дека НАТО ова горе добро го знае и дури самите тие не туркаат надвор од нив (зошто е толку силна анти-НАТО пропагандата во Македонија и Србија?) зошто така самиот НАТО ќе е посилен на Балканот на кратки патеки. Мислам дека само се чека погоден момент и амин од Русите. Тогаш НАТО нема да интервенира ако им се придружиме, дури и тајно ќе не турка натаму.

Се дотогаш ќе не притискаат да се распаднеме зошто така ќе ја лапнат територијата скоро гратис.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom