Како прво и прво мислам дека до територијални поделби и создавање на некакви замислени и митски ’’големи‘‘ држави на Балканот нема да дојде ............ бидејќи замислете ако се дели Македонија, тогаш западниот мнозинско Албански дел нормално дека ќе оди заедно со другите Албански држави, а по автоматизам на тоа (создавање на етнички чисти држави) ќе пукне пак и во Босна, бидејќи Реп.Српска ќе сака со Србија да си биде гледајќи од тој аспект на етнички чисти држави, а доколку отиде Реп.Српска по автоматизам ќе отиде и Херцег-Босна(таму Хрватите се мнозинство), Косово пак би се поделило и.т.н. така да таа варијанта за нови војни, нови територијални поделби и создавање на некакви замислени/митски ’’големи‘‘ држави мислам дека е невозможна !
Не верувам исто така дека целиот Балкан ќе влезе во НАТО и ЕУ, а Македонија ќе остане вечно црна дупка односно гето, мислам дека Македонија ќе влезе во НАТО и во ЕУ заедно со БиХ и со Косово, ова да признаеме изгледа се пореално дека така ќе биде ............ Хрватска веќе си заврши работа и таму и таму, Албанија веќе е во НАТО и по се изгледа дека ќе влезе пред нас и во ЕУ, исто и Црна Гора најверојатно ќе влезе пред нас и во НАТО и во ЕУ, Србија неверувам дека некогаш ќе влезе во НАТО, бидејќи и самата го одбива тоа(од добро познати причини), но сепак Србија ќе влезе во ЕУ пред нас, значи остануваат само Македонија, БиХ и Косово кои по се изгледа дека последни ќе влезат во НАТО и ЕУ(во тројка), по се изгледа дека вака ќе се одвиваат работите во иднина !