...Ђаво уђе у прилепска врага,
У погана краља Вукашина,
Уби свога цара светитеља,
И издаде земљу и народа...
Да си споменуо да је Краљ Вукашин столовао у граду Прилепу али не данашњем него у разореном граду близу манастира Зрзе северозападно од Прилепа ,узео бих те озбиљније.Да си споменуо борбу за власт након смрти Душана можда би имали бољу слику.
Првото е потврдено како неточно, Волкашин не го убил Урош и спаѓа во народно-политички умотворби, т.е. не е релевантен извор (Урош, ако не се лажам, се упокоил после смртта на Волкашин кај Марица)...
Второ, Волкашин владеел од Прилеп, и тоа не денешниот Прилеп, туку од замокот над градот (денешен Варош бил подградие на средновековниот Прилеп. Најмногу во прилог на ова оди тоа што црквата Свети Димитриј во Варош е задужбина на Димитриј Волкашин и син му Марко, т.е. била изградена за венчанието на Марко - познато е дека свети Димитриј бил светец заштитник на семејството, затоа сите цркви чии ктитори биле Волкашин или Марко се посветени на свети Димитриј - на пример, Марков манастир, крај Скопје).
Фреските на двете страни на влезот на црквата во манастирот Свети Архангел Михаил во Варош, каде се претставени Волкашин и Марко, уште повеќе го „локализира“ средновековен Прилеп.
После доаѓањето на Османлиите, тие не сакале да се мешаат со локалните христијани, па основале населба малку пониско од Варош, крај брегот на реката, на локацијата на денешно Долно маало, кај Скршена џамија....
Дека Варош бил урбана населба во тоа време, а и претходно, може да се види според црквите кои постоеле таму, според преданието, 77 цркви - секое семејство било ктитор на црква, според своите можности, посветена на светецот - заштитник. За жал, денес се останати само уште 4 - 5.
Јован Скилица го спомнува „Прилапон“, како место на смртта на цар Самоил, во 1014 година. Мештаните и денес знаат каде е изворот каде Самоил се упокоил.
Градот кој го спомнуваш кај Зрзе е веројатно град од доцно - античкиот период (структурата на самата населба Зрзе укажува на подградие), на чие место, во 14ти век веќе постоел развиен манастирски живот....
извинете што забегав од темата, но не можев да преминам преку ова.
Што се однесува до Димитриј Волкашин и Јован Углеша, штета што Османлиите ги фатиле на „препад“ кај Марица, т.е. ги нападнале ноќе војските кои марширале дури од Косово Поле на несоодветен терен за битка.